Немаше ваква тема па добив зелено светло да отворам За составот што да кажам?Нема да ги набројувам.Кој од кој поголемо дрво е.Знам дека може да се појави некој и да праша како можам да не ги подржувам?За тоа друг пат. Селекторите многу пати се сменија но резултатите не.Губиме од послаби репрезентации,и што би рекле Македонија игра само едно полувреме а другото ги нема никаде.Секој натпревар е прича за себе,а кога доага некоја јака репрезентација како Шпанија сите одат да ги гледат звездите а не Македонија со исклучок на ретки навивачи што до некаде и ги разбирам.А ако направиме добар резултат ке се зборува со денови и денови. Состојбата и од Марс може да се забележежи каква е.Посојано тонење на ранг листата. Друго,што мислите за состојбата во репрезентацијата,за играчите,за резултатите?Поради што е вака?Какви промени треба да има,дали треба да се сменат некои играчи во составот и да се повикат нови млади таленти кои сакаат да играт во прва постава? Кога јас би била селектор не само што би повикала некои од младинците кои сакат да играат навистина па дури и платите би им ги намалила на сите "звезди" во првиот тим па тогаш да се научат на памет. Имам прочитано последниве неколку денови статии од одговорните дека недисциплината е тоа тоа што дава лоши резултати. Па што мислите вие?
Слаба е. Ми се чини дека порано беа далеку подобри од сега. Со Естонија губивме неќна, мислам дека сме претпоследни во нашата група. Нема некои квалитетни играчи, всушност има, ама играта им е катастрофална, дали е до тренерот, раководството, незнам, ама моментално за никаде се.Можеби ако се смени тренерот, ќе има поквалитетна игра или ако се доведат нови, млади и надежни играчи, а до тогаш ќе си губат.
За слаба слаба е,времиња беа тоа кога со Англија ремизиравме,кога играше Шакири и неговиот гол против Англија секогаш ке го паметам http://www.youtube.com/watch?v=vsmYQPBMP8s Се менуваа селектори...Катанец,Јонуз а сега и Тошак а ние не можеме еднаш барем за бараж да се избориме за ЕП не знам што е проблемот.Дали местат натпревари,дали не им се игра...ама битно брука сме.
Премногу калкулантски, бледо, без страст, без пожртвуваност, така играат нашите фудбалски репрезентативци на поголем дел од натпреварите. Разбирливо е дека клупските настапи им се приоритет, но таква немотвираност кога станува збор за репрезентацијата, некогаш делува навистина срамно. Би цитирала нешто што го прочитав сега скоро на некој од форумите -Сега треба на фудбалскиве репрезентатици да им се забрани да играат 2-3 години, и по казна секој ден по 6 часа да ги гледаат натпреварите на кошаркарските репрезентативци од Литванија, па да научат како се носи националниот дрес. И се додека не се направат темелни промени во раководството на Фудбалската федерација, вака ќе стојат работите.
Зошто на овие ништожници, морони, дегени, дебили, кретени, ретарди, беди, патетики, мизерии, очаи, катастрофи, катаклизми... *набројува се’ понегативни епитети цел час* ... на чело со ретардо вели4е им укажавте толкава чест што дури и им отворивте посебна тема, простор, катче на уважен форум како овој? Пеликуна, ти нормална ли си!? *Со исклучок на Попов и Тричковски, секоја им чест.
Сите погрдни зборови на светот си ги употребил а гледам дека си фрлил око на бате Величе...Кутриот тој,мора да се сретне со тебе очи во очи па ке дојде до вистински двобој. Ја отворив за да не ја закашкуваме темата на Фудбалски натпревари. Најти Најти смири живци зошто треба да ги чуваш за во 19:30
На неколку места со болдираното те поправав, проштевај. За тоа со вели4е, нема да е двобој, зашто за тоа се потребни двајца; а овде, ЈАС ќе го набијам во топ, и ќе го испукам на пуст остров, да се качува по дрва, и да бере кокоси и банани, малку ФИЗИЧКА РАБОТА во животот да осети, зашто очигледно во фудбалот не го прави тоа! За живците, кутрите тие, а не вели4е, одамна ги изгубив гледајќи ги нашите „херои“... :/ ПС. Никогаш, значи НИКОГАШ не се пишува вели4е со голема почетна буква, грев е тоа!
Таман работа не сум јас песимист Очекував победа дури ѓи спремив дресот и капчето за да славам на плоштад Ај доста се фалев искрено немав живци да ја гледам утакмицата...јас сакам да гледам фудбал а не да гледам како некој се маи на терен како мува без глава.Чат пат само вртев за да видам резултат и едно време гледам 1-1 ќе паднев во кома Туку среќна сум бре барем успејавме да не се избрукаме мада ние сме навикната да се брукаме кога е во прашање фудбал.А мака ми е кога гледам толку убав стадион а едвај 5-6 души на него и некои галеничиња што ги мрзи да трчаат и не знаат основни финти а не пак друго...Си ја испразнив душата
Јас искрена да сум се надевав дека ке изгубевме поштено а овие 1-1.Ова е за пофалба бе. Да се собереме сите форумџии одсега натаму да играме без величе(читај со мала буква) па можеби ке успееме да се пласираме на некое првенство Туку се влажнев цело време на Влатче Гроздановски и ме имнтересира нешто: ЗОШТО ТАКОВ ЛЕПОТАН ДО СЕГА НЕ ИГРАШЕ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАВА?
Многу неинтересна утакмица, после 10 минути играње исклучив, не можам бе јас нервите да си ги губам со нив. А, врв на се’ ми беше Благица Павловска Па, таа незнае да зборува, а не пак химната да ја интерпретира. own:
КОПАЧИ,СЛАБАЦИ,ЛУЗЕРИи што и да кажам нема доволен збор за да ги опише овие суштества кои играат за Македонската фудбалска репрезентација
Честитки на Луксембург. Честитки на пекарот за постигнатиот одличен гол. Честитки и на автомеханичарот што постигна одличен втор гол. Одлично изиграа и забарот, многу добра одбрана на земјоделецот, супер изигра во напад и возачот на градски автобус, а куварот имаше одличен шут. Чевларот и точкарот имаа фина игра, е малку полошо одигра водителот на локалното радио па поради тоа дадовме еден гол. Среќа наша фризерот што не влезе во игра, цел ден беше на работа сите луксембургчанки се фризираа конечно нивните момци играат фудбал, па не влезе во игра а е најака карика. Да влезеше он и најдобриот од луксембург т.е келнерот, кој не играше зашто слаб е мечов, нема потреба да си ја троши силата, ќе беше 10-1. Среќа наша. И конечно си тргаа нашиве од Луксембург, утре ајде сите да ги пречекаме под триумфалната капија, кај споменикот на победата (која 100 натпревари по ред не ја виделе )
Значи, ова не се дрва. Дрвата се барем малце попаметни. Честитки на Луксмбург, им го дадовме натпреварот како пар искористени чевли.
Македонска фудбалска репрезентација: 10% талент, 20% забушавање, 70% гола вода Единствената светла точка во македонскиот фудбал се рефлекторите Шалата настрана, додека не се смени раководството на ФФМ се вакви порази ќе редиме еден по друг, жално е ова што се случува, срамота е држава без фудбал..
како што слушнав коефициентот да победи Луксембург бил 25 епа сеа вие видете, ништо чудно и нашите фудбалерчиња да си ставиле по 1000 еуричи да тепа домакинот, и дома си се враќаат со околу 40000 евра. Што ве чуди, и ја би играла така, гарсоњера со тие пари ќе си купам