Македонска кошаркарска репрезентација

Дискусија во 'Спорт' започната од rossonerka, 1 септември 2011.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Погоре се пишани, распоредите на натреварите.
    А еве што најдов на интернет, од можни 12 држави кои исто како нас се квалификуваа за квалификациите, во Лондон ќе одат само 3.
    (Европа): Русија, Македонија, Литванија, Грција
    (Америка): Доминиканска Република, Порто Рико, Венецуела
    (Африка): Ангола, Нигерија
    (Океанија): Нов Зеланд
    (Азија): Кореја и Јордан

    Ова се групите:
    Група А: Грција, Порто Рико, Јордан
    Група Б: Литванија, Венецуела, Нигерија
    Група Ц: Русија, Доминиканска Република, Кореја
    Група Д: МАКЕДОНИЈА, НОВ ЗЕЛАНД, АНГОЛА

    Во случај нашата репрезентација да се пласира на некое од првите две места во групата Д, во четвртфиналето се вкрстува со некоја од првите две репрезентации од групата Ц.
    Уф како сакам Русија, да ја срамниме. ]:)
     
  2. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    уфф даа ]:)
    да им вратиме за нечесната победа првиот пат
    и за поразот вториот пат... :!: а и при двата натпревари имаа помош од судиите... :@
    и сакам пак со грчиштата да играме уше еднаш да го метиме паркетот со нив :rofl:
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... DPJps2jK2Q

    Си влезе во финале, ама забораи од кај дојде пријателов.
    Дал под притисок или не, платата голема, и оп тогаш стана Фиромјанин.
    На чест нека ти е! ;)

    Да не заборавам на контрадикторноста негова кога со него започна масовното пеење и стихот `... наше ќе биде и Солунско поле`! :!:
     
  4. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    На Buttterfly и starbucks им се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    ^ А не можеше просто да каже само Перо Антиќ number 6, не?
    Ајде молим те, сега Фиба е крива што кажа дека е од ФИРОМ. Знае дека тоа е ранливо прашање, со години не не признаваат, се чукаше во гради за да плесне сега.

    Пак ќе кажам, притисок или не, не смееше да каже така.
    Национален херој, и орден за национални заслуги.

    Молчи си Стојне, поарно ти беше. :swear:
     
  6. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Женски
    Изненадена сум од Перо - човекот кој викаше дека знамето ќе го истетовира на срцето, а подлегна по притисок и им го излижа г*от на грците, се потчина и кажа дека е од ФИРОМ. :fubar:
    Ако беше толку голем патриот по секоја цена немаше да се согласи да го каже тоа макар и да не играше, барем јас така би направила :?: , ама тоа сум јас, а тој поинаку постапи :|
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Доста плукање луѓе. Баш ме интересира како вие би одреагирале во таква ситуација. Да, знам, ќе се откажете од спортот, од иднината и ќе си седите дома, зошто нели сите се декларирате ко патриоти.

    Срамота е да плукаш по човек кој достојно ја претставувал твојата држава и ја промовирал Македонија подобро од било кој амбасадор или политичар. Штета што во нашава држава убавите работи брзо се забораваат и не се ценат. Жално навистина.

    Текст кој вреди да се прочита. Секоја чест за авторот.
    http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=97

    Лесно е да се плука

    Луѓето имаа краткотрајна меморија. Само со тоа можам да си го објаснам начинот на кој многумина се нафрлија на Перо Антиќ по неговото претставување како играч на Олимпијакос пред стартот на полуфиналниот дуел со Барселона.

    Како поинаку да се објаснат сите етикетирања и напади врз капитенот на нашата кошаркарска репрезентација, кој при таа најави рече дека е од ФИРОМ.
    Несреќна референца која на сите нам ни пречи и која не сакаме да ја чуеме, посебно не изговорена од некој наш амбасадор, во овој случај спортски каков што е Антиќ.
    Но. во исто време и референца под која не води Светската куќа на кошарката - ФИБА, и која стои и зад имињата на Владо Илиевски, Војдан Стојановски и Предраг Самарџиски, на профилите на нивните екипи. Поради тоа и на дресовите на нашата репрезентација лани на ЕП во Литванија наместо името на државата, како кај другите селекции, стоеше име на еден наш спонзор. Нешто против кое МКФ не може ништо да стори, а секој обид за патриотизам сигурно скапо би не чинел.
    Тоа е начинот на кој ФИБА не ословува, и секој обид од страна на Антиќ да го изговори нашето уставно име веројатно немаше да заврши среќно за него. Посебно ако се знае дека тој е дел од еден од најголемите грчки клубови и живее во престолнината на земјата поради и која мораме се уште да ја трпиме таа референца.
    Лесно е да се седи од дома и да се критикува Перо, посебно кога не сте во негова кожа и не морате да мислите на своето семејство и својата иднина во Атина. Лесно е ако не се знае што се може да предизвика едно негово спомнување на нашето уставно име на грчка национална ТВ, пред илјадници навивачи кои се дел од ултрас групите кои го поддржуваат Олимпијакос и кои се задоени со национализам, па дури и фашизам во некои случаеви.
    Лесно е и да се спомене Дарко Панчев, и тоа како тој пред дуелот со Панатинаикос пред две децении како играч на Црвена Звезда во картонот на пасошката контрола напишал дека е од Република Македонија.
    Случка кога несреќната и нималку убава референца ФИРОМ се уште не нѝ беше ни закачена и која нема ама баш ништо заедничко со оваа на Антиќ. Тогаш работодавец на нашата фудбалска легенда беше екипа од Белград, а не од Атина, и примањата и кариерата на Панчев не беа поврзани со волјата на Грците и нивната бизарна преосетливост поврзана со нашето уставно име.
    Лесно е и да се занемари фактот дека за нашите најголеми национални празници илјадници наши сограѓани добиваат лист при преминувањето на грчката граница, само затоа што Грците не го признаваат пасошот на кој пишува „Република Македонија“ и продолжуваат да ја посетуваат масовно државата поради која и ја носиме таа несреќна референца.
    Лесно е, а не би требало да биде така, да се заборави и Евробаскетот во Литванија минатата година и што сè тој нѝ донесе на сите нас. Кошаркарите, меѓу кои и Антиќ, нѝ приредија незапаметено славје и наплив на позитивна енергија со освојувањето на четвртото место, ставајќи ја „малата“ Македонија пред некои од најголемите ѕверки на европската кошарка.

    Тогаш Антиќ беше херој, јунак, му се „градеше“ и споменик - Перо на коњ. Се возвишуваше и тој, и неговите соиграчи, кои за оствареното во Литванија добија и медали од страна на Претседателот на Република Македонија.
    Толку ли бргу го заборавивме сето тоа и станавме лицемери, подготвени да плукнат на оној кој до вчера го славеа?
    Нема друг збор кој би го објаснил тоа освен лицемерие. Критикување и етикетирање, нешто што стана омилен „спорт“ кај нас последниве години, без притоа да се размисли малку, не е ништо друго освен лицемерие.
    Не знам како не се плука и врз сите оние официјални лица од највисок ранг кај кои при своите посети на Европската унија и некои други меѓународни институции пред нивните имиња стои таа несреќна за нас референца. Но, кога тоа ќе го изговори Антиќ тоа станува „предавнички“ гест од највисок ранг.
    По поделбата на предавници и патриоти во речиси секоја сфера на нашето општество, зарем дојдовме до тоа дереџе да почнеме да ги делиме и спортистите на патриоти и предавници?
    Дури и несфатливо е како не се нагласува тоа (секоја чест на исклучоците) дека Перо Антиќ е ПРВ Македонец кој некогаш бил дел од финалето во Евролигата. Достигнување кое ниту еден наш кошаркар до сега го нема остварено. Можеби не е главен играч на Олимпијакос, но секако е важен дел од ротацијата на легендарниот Дуда Ивковиќ, нешто што го докажа и против Барселона.
    Останува да го изгледаме и утрешното финале со ЦСКА Москва, во кое тимот од Пиреа ќе се обиде да направи уште едно изненадување и да стане европски шампион. Тоа ќе значи и дека Перо Антиќ ќе стане првиот Македонец кој се искачил на европскиот клупски кошаркарски трон, достигнување за кое многумина можат само да сонуваат.
    Во тој случај само се надевам дека меморијата на луѓето навистина е краткотрајна и дека бргу ќе се заборави овој „предавнички“ муабет и дека сите ќе го славиме Антиќ, овој пат како европски шампион.
    Па потоа сеќавањата пак нека бидат краткотрајни, па во јули годинава од Скопје да ги испратиме Антиќ и остатокот од кошаркарската репрезентација на Олимписките игри во Лондон, на ист начин на кој ги дочекавме кога се вратија од Литванија.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Интернетов ќе го акнам, ништо од линковиве не ми отвара, незнам во каква ситуација бил Перо,не сум тука да му судам, но не би смеел така да се изрази па незнам што да е.
    А не верувам дека бил уценуван дека ќе биде протеран ако рече MACEDONIA.
    E ако било така, момент на уцена....да не се лажеме ама он семејството од кошарката го храни.
    Он е професионален спортист(се мисли на некој кој заработува од спортот) :!:
     
  9. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Значи неможам да си верувам на очиве :o ... можел да го изостави тоа, кој ѓавол бе го натера тоа да го рече? као демек не можеше друго? бројот на дресот? нешто? сигурна сум дека бил под притисок или стварно незнам што да мислам, алоо до каде вака? се разочарав ептен :@
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас сум онаа која е најголем противник за критикување на нашите репрезентативци затоа што тие се нашата гордост, нешто што е најдобро во оваа наша земја.

    Но навистина не го сфаќам и морам да го искритикувам потегот на Антиќ. Добро зарем толку морално било тоа да го спомне? Зарем од тоа му зависела кариера или некој успех? Или пак во затвор да не го стават ако ај ако не друго, барем да не ја спомнал воопшто таа референца? Навистина не разбирам. Многу негативни поени доби кај мене со овој потег. Тој е капитен на нашата репрезентација, човек кој би требало да биде голем патриот без оглед на се. Едноставно да кажеш такво нешто во момент кога сите сме засегнати и обесправени по тоа прашање. Мислам, дека можел да не го каже тоа, во најмал случај. Али шта чеш, парите го вртат светот. Јас уште кога дознав дека ќе игра за Олимпијакус ми дојде некако глупо, колку и пари да му нуделе сепак лично јас не би играла за клуб на земја која толку не понижува и не не признава како народ ама ајде, да речеме тоа донекаде е оправдано. АМа сега ова :^), не знам.

    За мене тој и понатаму ќе си остане одличен кошаркар, му благодарам за се што направи и доправа ќе прави за нашата репрезентација. Ама ова не му чинеше, не му требаше.
     
  11. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    204
    Кога ќе му ја раните фамилијата тогаш да го плукате! Игра за врвен грчки тим каде нема трте мрте.Го плаќаат и има да игра како што му свират! Не туку се мавајте во груди по интернетов да кажувате што е патриотизам пошто си го покажавме патриотизмов годинава уназад со инцидентиве и протестиве,па сеа стигнавме до Перо. :worried:hock:
     
    На JuLleE, BoaVista, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Maкедонче што е?
    Она што вчера го критикуваше Перо и јадеше г**** за него, а денес го величи зашто е првиот македонец кој освоил Евролига!!!

    Не го оправдувам за тоа што го рече Перо, но не го сфаќам ни како здраво за готово. НИЕ настапувавме и на европски првенства со токму тоа име, со тоа име и освоивме 4то место во Европа. Патриотизмот е голема работа, ама не се фаќајте за деталчиња. Истите плукаат, истите идат во Грција на одмор, истите тие ако добијат еден ден платена работа со илјадници евра ќе речат дека се од Фиром. Јебига и јас би рекла и не би сметала дека тоа што сакам да си заработам ми го намалува мојот патриотизам. Денеска мора да жртвуваш некои работи за подобро утре.
    Перо можеби утре ќе не однесе на Олимпијада, може задутре светско првенство да освоиме.
    Пред една недела го величевме, вчера го плукавме, утре мож статуа на плоштад ќе му градиме.
    Не плукајте нешто што утре ќе го лижете!
     
    На JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Eве ви го нашиот предавник како што викате и капитенот на Олимпијакос Василис Спанулис, претпоставувам и тој е предавник нели |(

    Си слават и ич не им е гајле кој од кај е.
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На FortuneTeller.xD, Buttterfly и BoaVista им се допаѓа ова.
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Во никој случај не сум рекла, нити ќе речам за Перо дека е предавник. Кажав дека тоа што го кажа не му чинеше, можеше и да избегне да ја каже таа референца... ама за мене беше и ќе си остане одличен кошаркар и наша гордост, поради тоа што тоа што го направи за нашата репрезентација не може да се заборави.
    Секоја чест за ова со знамето :clap:.
     
  15. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Aнтиќ уште кога замина да игра за Oлимпијакос кажа дека не го интересира политика туку дека му е битна кариерата ( апсолутно легитимно ) кажа дека 300.000 евра се одлична понуда за него а и дека Oлимпијакос е тим за кој отсекогаш сакал да игра. уште тогаш некако се осеќаше дека нема да се двоуми ако треба да каже нешто спорно за државата за чија репрезентација игра.
    искрено не верувам дека го натерал некој да се претстави со референцата. на снимката се гледаше дека не му е сеедно што го кажува тоа. A за овие поделби предавници патриоти треба еднаш засекогаш да престанат меѓу нас Mакедонците, доста е , срамота е, всушност никогаш не требало да ни се случуваат а ние и во овој век покажуваме неспособност да ги надминеме. Tаа пуста референца ја носиме како камен сите кога излегуваме надвор од државата, секогаш кога некој сака да ни зададе низок удар, за Aнтиќ тоа е дополнителна тешкотија затоа што мораше таа кнедла да ја голтне јавно и да се соочи со сите пцости што му ги упатија неговите луѓе. Dа не спомнувам дека еден од нашите кошаркари ( со целосно македонско потекло ) јавно кажа дека не му се исплатело да игра за репрезентација, си ја загрозувал репутацијата а Aнтиќ играше и ќе игра со цело срце и комплетен капацитет
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не наметнувајте зборови, никој овде не кажа дека е предавник и патриот чоекот, т.е јас не кажав. И бев прва што го постираше тука видеото, и што се навредив од тоа.
    И пак мислам дека му е погрешен потегот, веќе кажав дека можел да го избегне тоа, и не верувам дека некој му стаил нож под грло за да го каже, не бил приморан во никој случај.

    Ова со знамево, веќе е нешто друго, и браво за тоа. Но, не верувам дека тоа нема да влијае кога човекот ќе го видат во Македонија.
    Сепак, искрено ми е жал што тоа го кажа. Но, точно е дека реалноста е друга, и дека играме под тоа име колку год ние да се лутиме, други се криви за тоа. Но, тој треба да знае дека е од Македонија!
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Дали на крајот рече: `... а сви што су причали погрешно нек умру?` :o
     
  19. The.Ring

    The.Ring Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    25
    Кога ќе бидат квалификациите за Олимпијада ?
     
  20. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    http://hitportal.com.mk/Sport-detail/an ... tacijata/#

    Па сигурно не очекувал дека треба сите да ја поздрават неговата изјава. После такво горко прашање нормално дека ќе има негативни коментари, ама имаше и луѓе кои го оправдуваа меѓу кои бев и јас. Ако капитенот што треба да биде столб и потпора на репрезентацијата прави драми околу медиумски наслови, тогаш што останува за другите, а да не ја коментирам изјавата кај што "капитенски" им порача на сите што плукале да умрат. Срамота!