Имате ли вие некој омилен спортист/спортистка?Што мислите за нив и зошто тие ви се најомилени? Мене ми се омилени Рафаел Надал,Икер Касиљас и нашиот Пандев. Рафа затоа што е моментално број 1 тенисер во светот,Икер затоа што е најдобар голман на мојата омилена репрезентација-шпанската и на омилениот ми фудбалски клуб Р.Мадрид, а Пандев затоа што е нашиот моментално најдобар фудбалер. Спојлер Спојлер Видов дека во оваа подкатегорија нема ваква тема,ако има во некој друга категорија-клуч.
Џон Тери мојот омилеееееН не знам човеков во срце ми е , како и тимот абе си го сакам еден и единствен , има и други што ги сакам ама овој ми е ОМИЛЕН заљубена во ликот и делото
Само еден спортист го следам секогаш, на сите првенства, натпревари, го имам на фејсбук, порано имав цел дневник за него, ама остана некаде во куќата на мајка ми... The one and only Michael Phelps Станував во ниедно време за Олимпијадата, немам пропуштено ни еден негов натпревар, вриштев како луда по дома кога ќе освоеше медал Од 24ти јули почнува светското во пливање во Кина, со душа го чекам
Секако дека е РАФААААААА!! Обожавам и како игра а и како изгледа А,има тек тук и некој згоден фудбалер,ама тој ми омилен затоа што е убав а не дека ги гледам.Како Лукас Подолски и Торес(пак шпанец )..
ФУДБАЛЕРИ РОНАЛДООООООО КАСИЉАС ВИДИЧ ОЗИЛ ПАНДЕВ РУНИ ЧАВИ ТЕНИСЕРИ НОЛЕ РАКОМЕТАРИ КАРАБАТИЧ КИРЕ ЛАЗАРОВ
Спојлер Срцка е. Го заборавив и Кире Лазаров,Боа ме потсети . Дефинитивно нашиот најдобар ракометар.Ако не се лажам на последното Европско првенство во ракомет беше избран за најдобар.
Kobe Bryant Толку, други не сакам. Коби ми е олицетворение на се' што еден спортист треба да поседува.
Омилен, најомилен ми е се разбира Бекамчо. Ах бре (смајлиштомутечатлиги)... Најмногу си го сакам него. Mалдини го сакам премногу, заради целиот придонес што го даде во Милан, и заради тоа што беше фудбалер со големо Ф. Кака го бришам од листава. За мене престана да биде омилен кога замина во Реал. Maрко Бориело А од кошаркари ми се овие 3ца. Пирс, Гарнет и Ален. Пирс најмногу си го љубам од тројцава.
Зарем се прасува се знаее Рафаел Надал многѕ си го сакам Потоа од фудбалот сите одд манцестер унитед Од косарка се знае коби итн итн
Надал - Со години затрескана у него, ептен ми е згоден, плус ненормално добро се снаоѓа со рекетот Џокович - Не ми е убав, али морам да си го сакам дека наш Светско а наше
Убивам за човеков. Го сакам уште од седмо-осмо одделение, веќе дури и татко ми се навикна на моите емоционални изливи кога игра и кога сум буквално нацтрана пред телевизорот и го окупирам далечинското! Кутриот, дури почна да го именува со ''зетот''. Прекрасен ми е и како појава и како спортист, богами и како личност - баш ми е онака искулиран, смирен тип, море срце е! И не минува ден, а да не изгледам некое видео од него, или пак не дај боже да не разгледам некоја фотка - немогуча мисија! Фотки фрчат насекаде - не фејсбук, не твитер, дури и позадина на десктоп и мобилен. Болест, не знам - зараза... што и да е , убаво ми е, го сакам, ма го обожавам - би го оженила уште утре (ако ме прашуваат мене). Ќе ми паднеш некој ден в раце, ти Џоковичу Смоковичу !!!!!
Уф од каде да почнам. Ај вака идеалот мој за спортист е овој човек КАКА! Се нервирам кога ќе ми речат ти се свиѓа Кака и затоа го сакаш и него и Милан зашто играше таму! Го сакам да, би го посвоила за брат да можам, би го гушнала најсилно на свет да го ја почуствувам неговата позитивна енергија, го обожава семејството, имал една девојка во животот жена му, има 2 дечиња, игра со срце на терен, верува во Господ, а и како да не верува имал пад од базен како дете, сите мислеле инвалид ќе остане, а тој денес има едни од највредните нозе во светот! Идеал! Плачев кога си отиде од мојот тим, го чекам денот кога ќе ронал солзи радосници ако ни се врати А идолот од мојот тим Милан е Малдини. Човекот кој израснал во Милан, неговиот татко бил фудбалер на Милан, неговиот син игра во младинскиот тим. Капитен, најдобар дефанзивец, некој по кој би се огледувале младите. Многу ми недостига откако пред 2 години се пензионира Го обожавам и Ноле. Дечково го пратам уште пред неколку години, кога кршеше по 5 рекети на меч, сеа помалце се Балканско типче, пцуе, се нервира, знае да прослави, знае да се шали, да имитира, да пее, сите спортисти го сакаат зашто е позитивен. Денес заплакав кога видов колку срби го пречекаа, заслужува, најдобар е! Растен е во држава која постојано беше во војна, играл на тврд бетонски терен затоа и има повреди, неможел да тренира поради бомбардирања, со труд е стигнат дотука! Од нашиве Кире Лазаров. Совршен спортисти. Ценам приземност кај спортистите, оние што летаат во облаци ниско ќе паднат! А тој е баш таков, скромен, тивок, али борберн, храбар, најдобар македонски спортист. Мхм ги обожавам најбрзите нозе на светов. Човеков ме освои, не знам за неговото минато ништо, али ме освои. Дур да трепнам тој истрчал 100 метри. Како бе? Како? А од жените Исинбаева ме воодушевува! Жената е едноставно без конкуренција. На времето го обожавав Шумахер, како да не сакам таков човек кој вози лудо, али почнав да се нервирам кога му местеа победи, не сакам не фер игри. А и ме изнервира кога се врати на патика после пензионирање само за пари претпоставувам. Од кошаркари ги сакав Ален Ајверсон, Винс Картер, секоја чест на Коби Брајант и Шекил, али Лебронт Џејмс моментално ми е незаменлив ај доста е, јас можам до утре да си набројувам!
Кака ми е нејомилен го сакам премногу знам за неговиот живот многу , од мала го обожавам и не пропуштам натпревар кога тој игра, идеален ми е, најсреќна сум оти сме во ист ден родени 22. 04 , но уште посреќна сум оти закрепна од повредите .. ах блазесии на таа Карол за таков маж сите сонуваме, дури и песна и напиша мх мх , душа човек е Кака .. Голем фан сум на Милан и си ги сакам сите од таму .. Малдини беше ѕвериште ми недостига, Пипо Инзаги го сакам игра одлично дури и на 38 годишна воздраст се не игра како на 20 год што играл но е предобар !! Пато е иднината на Милан , младо искусно ѕверче, Ибра каде без него , само да не го изнервира некој Ибра оти одма ќе биде нокаутиран Тиаго Силва играчиште , Абиати ех тој борбен Абиати ........... има уште многу да се зборува за оваа екипа но во друга прилика, сега малце да се префрлам на Реал Мадрид од таму омилен ми е Икер најдобар голман .. и останатите играчи кака КАКА, Кристијано, Чави, ......... Си сакам и тенис и навивам за Ноле и Рафа.. неможам да ги делам двајцата ми се омилени ..