Често се случува да најдеш еден куп тематски облечени девојки по некои европски метрополи на девојачка, добра идеја, зошто да не?! Ама се зависи од тоа колкав ви е буџетот
Ако се стискате со држ не дај, девојачката не мора да излезе како што очекуваш.
Но може еве до Палма да идете, има евтини летови со Рајанер од некои европски градови. Евентуално до Италија. Коктелчичи на плажа, згодни дечки, иха!
Јас организирав една девојачка, и морам да кажам сосема нескромно - дека ме бива

Добивме со другата деверуша пофалби за најдобрата девојачка ever

Мајке ми многу беше добро. Ама отпосле се замислив, дека и покрај тоа што се ни беше беспрекорно организирано, со тема, идеја, оригинални покани, превоз, кинки поклончичи итн. - вечерта беше незаборавна поради луѓето и најмногу невестата.
Со такво одлепено женче не можеше да помине вообичаено вечерта. Плус иако немавме стриптиз, наидовме спонтано на такви фаци - јас мислам да ги нарачавме немаше толку добро да не забавуваат.
Битно цел град не научи - поздрав до сите фаци кои се во мојот фотоапарат, немам поим кои сте!
Ако ти требаат теми за девојачка, лесно е - чика Гугл ќе ти помогне, само укуцај Hen night. Воглавно прашај ја другарка ти што би сакала, отприлика каква тема и останатото нека е тајна. Ние само тоа знаевме, дека сака коктели и сака нешто во тој стил а другото го остави на нас. Костимите и се останато и подготвивме ние, без таа да знае и во последен момент ги доби.
Не заборавај дека невестата не би требало ништо да плати и се треба да остане изненадување до последниот момент!
Фс, ако сакаш некоја идеја, пиши ЛП, ги имам еден куп...впрочем наскоро ме чека уште една вечер во моја режија
