^

Ништо не рековме, во Канела имаат каталог специјален за вакви торти, односно на комп те седнуваат и си бираш. Рековме дека ни треба торта за моминска вечер, нормално дека не рековме - еј давај торта со ку*
Имаше секакви, стварно имаат голем избор.
Интересен беше моментот вечерта кога бевме да ја подигнеме нарачката, истовремено имаше фамилија со мали деца кои ја чекаа нивната роденденска торта. Продавачкава искача со нашата во рака, демек да ни ја покаже, незнаејќи дека децава нестрпливо чекаат - и децава кога видоа каква форма има тортата кога фатија да пискаат, ама татооооо
Инаку мислам и Сноу ќе се согласи, превкусна беше

И толку многу остана што ако добро се сеќавам левото јајце им го подаривме на келнерите, а десното и главчето (ете ти деталЧич)

им го испративме по тајна мисија на момците кои беа на момачко. Нормално дека не не видоа зошто вешто се криевме на паркинг и замоливме едни средношколци да им ја однесат на маса
Балинт за маички е лесна работа. Јас најдов другар што го барата фотошопот и му реков во убав фонт да ми напише BRIDE, купив маичка и ја дадов на принтање. Во Рамстор мислам на приземје принтаат по сопствен избор. Распрашај се.
Ако си доволно креативна, можеш да измислиш што ти душа сака. Јас играв на карта на едноставност, ама по нетов ако прогуглаш имаш секакви сајтови за момински вечери и за маици, па може ќе те инспирира нешто

Ау да, аксесорајз, ако мислиш на цевки со мали куриња и слични глупости, можеш да најдеш по секс шоповите.