ТЕМА: Изнајмен или купен фустан

Мислење 07 Окт 2010, 14:44

Девојки што мислите дали е подобро да си купите фустан за венчавката или да го изнајмите? Јас кога ќе се мажам , ако не најдам фустан по мој вкус за толку пари колку што имам, би изнајмила. Поарно да изгледам супер една вечер , отколку после само прашина да ми фаќа во ормар :)
Аватар на корисникот
ciribiribela

Жолто цветче
 
456274
Мислења: 1130
Зачленет: 12 Авг 2010, 17:11
Слика
Животот е борба, ако не се бориш ќе изгубиш!!!
Слика
Кога господ затвора една врата, друга отвара!

Мислење 07 Окт 2010, 15:11

Повеќето млади невести инспирирани од филмовите ( во главно шпански серии ) и семејната традиција ( онаа пренесување од колено на колено , со гордост и носталгија |( ) ги купуваат со надеж дека еден ден нивната неродена ќерка ќе го носи на сопствената венчавка. Нема ви кажувам тоа ќе биде демоде , тоа е нејзин ден посветен на неа , а не на исполнување туѓи каприци или почитување на непишани правила со цел да се задоволи суетата на мајката . Повремено работам во бутикот за венчаници на мајка ми. Верувајте ми како да нема ден да дојде некоја да не преколнува и досадно убедува да купиме фустан што го носела на свадбата пред 20 години, да сме го преработеле ако не ни се допаѓал ..исто како и на нејзините две ќерки. Нема ништо добро да извлечеш од веќе сиво перде кое собирало прашина со години. Не ги фрлајте парите попусто ,венчаницата изнајмете ја. Добро распрашајте се , има доста поволни пакети за организирање на венчавки кои вклучуваат и попуст за изнајмување на венчаница и сите останати детали поврзани со целиот настан воопшто.Кога ние го отворивме дуќанот венчаниците ги издававме по 5000 денари , а 8000-9000 чинеше пакетот кој влучуваше фризура , шминка , депилација , средување на веѓи , надусници ,релаксирачка масажа , детоксикација, бидермаер ( простете ако го згрешив пак никако да го научам :lol: ;) ) ракавици и слично. Промоцијата траеше кратко и сеуште важи само што цените се нешто повисоки и се за поедноставните венчаници . Инаку стандардна цена на изнајмената венчаница е 9000 -12 000 и нагоре ( п.с предходно се потпишува договор дека ќе платите ако ја оштетите , бидете внимателни да не истурите вино врз неа скапо ќе ве чини ;) )
А за да ја купите/сошиете 400 евра нагоре , можеби и подолу , се зависи од тоа што сакате :)
Аватар на корисникот
XstrongerX

Зелено цветче
 
375223
Мислења: 809
Зачленет: 07 Јул 2010, 22:52
Локација: фар акрос д диштанс
Слика

Мислење 07 Окт 2010, 15:21

Јас ке изнајмев зашто не ми се фрлаа пари за тоа арно ама не си најдов по мерка. Ај што сум висока 180цм исто ми беше проблем, ама проблем беше и што си бев трудничка :D . Не инспирирана од шпанските серии родив син, така да на снашката сигурно нема да и го подметнам да го носи ;) .
Мислам дека финанските средства играат многу улога тука за тоа каков избор ке направиш, дали ке си купиш т.е купат или изнајмиш ааааа и колку вереничкиот прстен и еуфоријата ке те тресне по глава па целата ке се изгубиш во време и простор.
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1209529
Мислења: 2347
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 07 Окт 2010, 15:27

За мојата свадба,воопшто не ми беше важно дали ќе биде купен или изнајмен,само го сакав истиот модел. На почетокот ја плаќаш целата цена,а кога ќе го вратиш ти враќаат 25% од целата сумата само на фустанот. Велам само на фустанот, оти ракавиците, бидермаерот, подвезицата, украс за главата и наметката за рамења коштаа 25% од фустанот. И кога на крај увидовме од 36 000 ден,само 6000 ден. ќе добиевме назад. :^)
Одлуката ја оставив на свекорот и свекрвата (сепак тие го платија), ама не го вратија. Ми стои фустанот дома,така во една прозирна навлака.
Аватар на корисникот
katka-slatka

Сино цветче
 
2813
Мислења: 296
Зачленет: 15 Мај 2010, 01:42
Ако можеш да гледаш на минатото без жал,а на иднината без страв,тогаш се наоѓаш на вистинскиот пат.

Мислење 07 Окт 2010, 15:32

XstrongerX напиша:Повеќето млади невести инспирирани од филмовите ( во главно шпански серии ) и семејната традиција ( онаа пренесување од колено на колено , со гордост и носталгија |( ) ги купуваат со надеж дека еден ден нивната неродена ќерка ќе го носи на сопствената венчавка. Нема ви кажувам тоа ќе биде демоде , тоа е нејзин ден посветен на неа , а не на исполнување туѓи каприци или почитување на непишани правила со цел да се задоволи суетата на мајката . Повремено работам во бутикот за венчаници на мајка ми. Верувајте ми како да нема ден да дојде некоја да не преколнува и досадно убедува да купиме фустан што го носела на свадбата пред 20 години, да сме го преработеле ако не ни се допаѓал ..исто како и на нејзините две ќерки. Нема ништо добро да извлечеш од веќе сиво перде кое собирало прашина со години. Не ги фрлајте парите попусто ,венчаницата изнајмете ја. Добро распрашајте се , има доста поволни пакети за организирање на венчавки кои вклучуваат и попуст за изнајмување на венчаница и сите останати детали поврзани со целиот настан воопшто.Кога ние го отворивме дуќанот венчаниците ги издававме по 5000 денари , а 8000-9000 чинеше пакетот кој влучуваше фризура , шминка , депилација , средување на веѓи , надусници ,релаксирачка масажа , детоксикација, бидермаер ( простете ако го згрешив пак никако да го научам :lol: ;) ) ракавици и слично. Промоцијата траеше кратко и сеуште важи само што цените се нешто повисоки и се за поедноставните венчаници . Инаку стандардна цена на изнајмената венчаница е 9000 -12 000 и нагоре ( п.с предходно се потпишува договор дека ќе платите ако ја оштетите , бидете внимателни да не истурите вино врз неа скапо ќе ве чини ;) )
А за да ја купите/сошиете 400 евра нагоре , можеби и подолу , се зависи од тоа што сакате :)

Примамлив пакет , се е тоа супер , ама ме замисли малку, што ако се оштети :?: Кој ке го плаќа :lol:
Аватар на корисникот
ciribiribela

Жолто цветче
 
456274
Мислења: 1130
Зачленет: 12 Авг 2010, 17:11
Слика
Животот е борба, ако не се бориш ќе изгубиш!!!
Слика
Кога господ затвора една врата, друга отвара!

Мислење 07 Окт 2010, 15:37

Јас за мојата свадба најпрво сакав да изнајмам но откако не ми се допаднаа моделите си порачав како јас што сакав.
Аватар на корисникот
Sanji4ka21

Сино цветче
 
76125
Мислења: 429
Зачленет: 26 Сеп 2010, 18:53

Мислење 07 Окт 2010, 15:50

Ако финансиите не ни се проблем, би сакала да си го купам, и да го чувам :) Сепак само еднаш во животот сме невести и убаво е да го имаш дома :)
Аватар на корисникот
Unfaithful18

Жолто цветче
 
413115
Мислења: 1936
Зачленет: 11 Јан 2010, 15:57
Паметната жена постапува со мажот како ковачот со железото: прво добро го загрева, а потоа по свој вкус го обликува

Мислење 07 Окт 2010, 15:55

Нормално дека секогаш проблем се финансиите , за да се одлучи некоја девојка да изнајми фустан , па ако разликата е мала како што пишаа погоре, тогаш да си купиме :emo: Така барем нема да се секираме дали некој ке не полие со пијалок или не знам што :!:
Аватар на корисникот
ciribiribela

Жолто цветче
 
456274
Мислења: 1130
Зачленет: 12 Авг 2010, 17:11
Слика
Животот е борба, ако не се бориш ќе изгубиш!!!
Слика
Кога господ затвора една врата, друга отвара!

Мислење 07 Окт 2010, 17:13

Јас сум повеќе за тоа да се купи фустанот. Е сега ако веќе финансиите се проблем и постои голема разлика во ред е и да се изнајми,ама да се сошие по своја мерка и желба,па после да остане за изнајмување
Аватар на корисникот
elygj

Сино цветче
 
5023
Мислења: 447
Зачленет: 24 Фев 2010, 23:29
Nisto ne e tolku ednostavno da ne mozeme da go iskomplicirame!!!

Мислење 07 Окт 2010, 19:07

Според мене, најдобра варијанта е да го изнајмиш фустанот, ама да го шијат за тебе и да бидеш првата што ќе го носи - сепак, тоа е можно само во бутици кои штотуку почнале да работат и немаат доволно фустани за изнајмување на лагер. А инаку, некако шубе би ми било да облечам нешто што не знам колку девојки пред мене го носеле. Да, ги носат на хемиско чистење и тоа е во ред. Ама јас не можам да облечам веќе носен фустан.
Јас си го купив, и го платив 300 евра. Многу, ама пак, не можев да најдам фустан каков што сакав, оти се живо е како од некој кичерај излезено - пренакитени, претешки, прегломазни фустани - еден немаше асален, или може мојот вкус е проблем. Ама мајко мила, па не мора секој фустан сите шљокици и бисери и мониста и чипки на светов да ги има. Сите од ужасен поужасен. А за број, немаше проблем. Си најдов слика на интернет каков фустан сакам, си го сошив по мера, и единствен украс ми беа сатенски ружички во темновиолетова боја. И да, ќе ми стои во плакар, ама нема друго чаре. Сигурно нема ќерка ми (ако имам ќерка, здравје Боже), да ја терам да го носи.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
22233515
Мислења: 3548
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Врати се на Свадба

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 5 гости

Site Meter