Леле колку е убав и овај!!! Точно ваков сакам,можи и вака со прерамчиња,а чипката напред можи,ама и не мора.
Никогаш не сум се замислувала како невеста со голем балски фустан, нит сум заинтересирана за фризури, торти, многу гости... Е сега при вакви настани секогаш доаѓам во конфликт со мајка ми и татко ми (една на мајка ), и секој мој роденден, матура, прослава е како мини свадба. Можам единствено да се замислам како beach bride. Јас, the significant other , неколку блиски пријатели и свадба на плажа! Тука доаѓа до мал проблем поради недостатокот на плажа во Македонија, па претпоставувам дека церемонијата би се одвивала надвор од државичкава. Лелеав едноставен фустан, нешто вакво: или нешто пократко: Имам природно виткана (читај: хаотична) коса, па најверојатно би ја оставила како таква, само би ставила некој цвет, а и нешто вака ми се допаѓа: Букетче од сончогледи ...и куп убави фотографии Маж ми може да носи што сака, само лептир машната е задолжителна
Divinebutterfly , сега во декември братучетка на дечко ми се мажеше и носеше сличен на овој од сликата што си го поставила
Супер! Многу ми се слатки ваквите фустани А и понапред во темава јас имав постирано еден,а и се останато што си замислувам,тој ми беше исто пре пре пре преубав!
^ Жити ја, каква е таа статична свадба? Него, јас никако не се замислувам. Не, озбилно. Немам некоја замисла за тоа каква невеста сакам да бидам, ако воопшто се деси тоа некогаш. Од тоа што имам гледано околу мене, стапување во брак ми е нешто на крај на листата од нештата што планирам да ги правам во животов. Ако воопшто се одлучам за ваков чекор, а тоа би требало да биде некоја екстремно сериозна ситуација за да го сторам ова, најверојатно би се одлучила за некој многу едноставен фустан. Не сакам балски. Сакам долг, припен уз тело или краток и лесен. И би се одлучила за свадба на плажа. Некое лесно, кратко, свилено фустанче на мене, боса и со бел цвет во коса. Фрлам букет, правам салто наназад и се џиткам во вода. едит: Пих, Оксиморон тукушто го постирав коментаров и скролам да прочитам што сте пишале, забележав дека имаме слична замисла за beach wedding, со лесен фустан и цвет во коса.
Навистина е преубаав Баш ист таков сакам потполно ист обожавам вакви фустани. Мада далекуу сум од свадба мноогу далеку хахах.
не се замислувам страв ми е да помислам како ќе изгледам. И пред се и не се замарам многу битно ми е убаво да си поминам и тоа што го сакам да го добијам
Уште од мала се замислував како пепелашка и таа желба уште ми е иста, нека е застарена ама јас така замислувам невеста. Несакам корсети проѕирни. Обавезно вел на главата, црвен бидермаер, бели или црвени чевли и бел фустан никако друга боја Сакам нешто како фустанот на Ким само не толку долг вел. Или вака нешто
Ништо посебно и никакви посебни планови и сонови. Сите како мали се замислувале како невести јас како адвокат кој ги беси на плоштад криминалиците Секако ни сега не се замислисувам нешто посебно, но би сакала искрено ваков фустан, или овој или некој друг, бидејќи никогаш не усм гледала нити сум се восхитувала на невестински фустани, како на принцеза или незнам која улога од бајките. Кој гледал Project Runway одма ќе се сети на победничкиот фустан на Кара Сон, прекрасен фустан нежен и отмен не помезен и гламурозен. Само не со толку длабоко диколте, и да не се влече по земја одпозади. Спојлер
Многу пати имам размислувано и имам две замисли што мислите кој е подобра? првата- еве ваков фустан раскошен со некои удобни не многу високи чевли да бидат слична боја на фустанот(шампањ боја) и букет за вел па и незнам баш а втората замисла ми е како овој фустанот на пинк со тоа што наместо црна трака на половината и машна да биде тиркизна(петролеј боја незнам дали ме сваќате) со тиркизни штикли исто не многу високи,букетот да ми биде од бели рози а однадвор да не е обвиткан во бело туку во тиркизно а тортата ваква
Сакам, сонувам и мечтаам за гламурозна свадба. Свадба од моите соништа. Наскоро знам дека истите ке станат реалност, одамна го запознав дечко ми со моите мечти, желби. (го истренирав веке) Ние двајца си имаме дадено збор меѓусебе, наскоро планираме да ја официјализираме веридбата. да дојде дома, да ме побара, па здравје свадба. Дома веке им наговарам малку, да не речат утре - не ми кажа. Знам да им потпевнам кога ке си дојдат од работа. Свадба ке се прави, невеста ке бидам, џанам, невеста ке бидам, оро ке се игра, оро ке се игра, невеста ке бидам, џанам, невеста ке бидам, свадба ке се прави.
"Принцот" (морав да го ставам заради тоа што ги поседува сите предиспозиции: Блед тен, Црна коса, Сино-зелени очи) Место на настанот Matira Beach, Bora Bora, Tahiti или Anse Source d’Argent, La Digue Што значи BEACH PARTY Поканите Музика Сигурно Некој Dj (не е сеуште точно одреден) Грубо прикажано како би бил облечен my future husband My style (недостасуваат некои ситници...) Прстените Бидермаерот Тортата На забавата ќе присуствуваат само млади поблиски роднини и пријатели, додека свечената церемонија ќе биде одржана ден - два претходно помеѓу најтесниот круг на семејствата (мајка, татко, брат/сестра) п.с. ај ќе ви пишам дали ми се остварило замисленово
НИКАКВА!!!! Искрено толку сум разочарна во врска со се со свадбата,уште два месеци до свадбата а јас си лежам на едно уво..... И што е најтажно не размислувам за ништо.....ама баш за ништо.....А нели демек е ова мој ден,јас принцеза,до мене мојот принц,валцер ово оно......ништо од тоа не ми минува низ глава,а целиот живот желба ми беше да се омажам и да имам свадба од бајките....а во мене нема ни "E" од еуфорија.... Всушност крајно сум разочарана.....мислејќи да бидам посебна,собирам куп мислења од другите и кога ќе кажам некоја своја идеа во врска со венчаницата или бидермаерот.....рекацииите се: -Лелеее оти така????Па шо знам мене по убаво ми е вака???Па не е тоа мој вкус.....и на никој ништо не можам да погодам,ако на некој едното му се допаѓа на другиот сосем спротивно.....погодување нема и се откажав од се.....
Има доста време до тој ден, и често менувам мислења. Но сепак тој ден е посебен и би требало да е единствен (освен некои што се премажуваат по Х пати). Најмногу ми е страв за венчаницата дали ќе најдам каква што ќе сакам, бидејќи не сакам да шијам... а многу ретко ми се допаѓаат венчаници. Би сакала некојa како овaa И ги сакам најважните луѓе да се до мене, секакви познаници не сакам на свадбата.
Што ти е гајле што сакаат они, кога ти ќе го носиш фустанот? Јас сум далеку од свадба, па во еден муабет со мајка ми и баба ми се закаравме зашто сум сакала голем балски фустан (дури и точниот модел го имам веќе избрано ). Според нив две поубаво било тесен фустан да се видело каква фигура имам. Јас им реков кој ве врти вие си бевте невести, и за мене ич да не се замарате
На последната свадба што бев младоженецот е егеец а невестата беше како грчка божица. Венчаницата и беше во тој стил - преубаво, многу ми се допадна. Косата убаво соберена, со нежна шминка а таа целата блескаше. Нежно и убаво Еве нешто вакво слично со тоа што нејзиниот ремен беше малку поголем со безброј камчиња...а косата така соберена
Незнам зошто, но никогаш не сум се замислувала како невеста и сега кога се ближи денот на мојата венчавка, не се оптеретувам многу многу, сакам едноставни работи, не патам од комплекси и не се замарам, така да венчаницата ќе ми биде убава ама едноставна без циркони и такви глупости, едноставно со стил, а за другите работи нема да мислам многу како што се китенките и бомбончињата затоа што нема да правам традиционална свадба, туку после регистрација ќе организираме прослава со најблиските и се надевам дека ќе си поминеме убаво и без нервози.