ТЕМА: Класична или модерна свадба

Мислење 18 Јун 2011, 00:35

Значи дали сакате класична свадба си сите оние адети шо ги носи таа свадба или модерна во некој кафич со блиски пријатели
Аватар на корисникот
Ulata

Сино цветче
 
9138
Мислења: 369
Зачленет: 19 Апр 2011, 16:55
Локација: Во светот на бајките
Вистината е вистина дури кога никој не верува во неа
Лагата е лага дури и кога секој верува во неа

Мислење 18 Јун 2011, 05:52

Класична...во ресторан, гости, народна музика, играње, адети и тн и тн :) ...од мала сум сакала таква!!!
Аватар на корисникот
Anely

Зелено цветче
 
181137
Мислења: 788
Зачленет: 01 Апр 2011, 14:47
Локација: Велес
Life is a bitch and death is her sister!

Мислење 18 Јун 2011, 15:34

Дефинитивно класична.. :)
Аватар на корисникот
Name

Жолто цветче
 
427781
Мислења: 1024
Зачленет: 05 Јун 2010, 19:55
Локација: *In the middle of nowhere*

Мислење 18 Јун 2011, 15:41

Класична се знае, за искачање со блиски пријатели во дискотеки, кафичи можеме кога сакаме, свадбата е еднаш и тој ден сметам дека треба да помине со сите обичаи, зошто да не малку необично да биде, а не како обично излагање. Знам свадба имаше во Колосеум и ич не ми се свиѓа тој начин на славење. Сите по сепариња, дискотека некои на нозе и крш само за помлади а каде се роднините и постарите?! Никој со никого не може да се види треба да помине во темница стотици луѓе за да помине до некој близок, лом на се личи само на свадба не личи. Или ко ќе слушнам рок или метал свадба. Па добро, разбирам музичко определување во еден правец, ама до толку да се облечат младоженците рок или метал и да направат свадба исклучително со таква музика? Па може роднините не сакаат да седат на таква свадба, особено постари и многу е незгодно, а треба да се чувствуваат убаво, да се веселат затоа дошле. Додека на класичната свадба народно и забавно и за постарите и за помладите. Така да, иако ми е далеку, кога ќе се мажам ќе биде класична, со вметнат елемент од модерната свадба, а тоа е забавната музика да разбие монотонија, и потоа пак народно и чочеци. :up:
Аватар на корисникот
Plavusa.17

Жолто цветче
 
31151547
Мислења: 2964
Зачленет: 20 Мар 2011, 11:57
Слика Слика Слика Слика Слика

Мислење 18 Јун 2011, 15:51

Класичната е 10 пати помодерна од модерната :rofl:
Гласам за класична!!!
Аватар на корисникот
Bibko

Бело цветче
 
18489
Мислења: 77
Зачленет: 14 Јун 2010, 01:56

Мислење 18 Јун 2011, 16:29

Класична свадба со сите адети, обичаи, народна музика, многу гости и се така по ред. Далеку ми е мажачката што би се рекло, ама сепак не сум за таа „модерна“ свадба. Ќе седнеш во дискотека или кафич 200, 300 луѓе од сите возрасти и која музика ќе се пушта: народна, забавна, рок, метал или каква? Баба ми од 70 и кусур години која денски не седнала на кафе во кафич тој ден зашто сака да биде со внуката или внукот мора да слуша некои за неа неартикулирани звуци?! Е не. Се знае свадба каква е: ресторан со простор за играње, место за секој нормално да седне, светло да може секој со секого да се види, музика за сечиј вкус и сите наши адети исполнети. Се сложувам бендот кој ќе се најми да засвири и забавна музика за помладата генерација гости, да се „поденса“, вовче ова она, но народната да не биде изоставена. Тоа е мое мислење и не мора секој да го прифати, сепак јас се одлучувам за класична свадба!
Аватар на корисникот
WhiteAngel

Жолто цветче
 
1548745
Мислења: 2104
Зачленет: 31 Јан 2011, 20:52
Локација: Таму некаде...во светот на принцезите од бајките
Слика

Keep calm, Shop and wear Heels!!

Мислење 18 Јун 2011, 16:39

Модерна!
На крај краева мој ден ке биде, а дека нешто посебно среќна ке бидам ора да вртам со прабабаму на идниот ми маж не верувам, или да се плашам цело време кој ке се испијани и ке се ака од земја после, или степа со некој.
Не ми се бендисува некако концептот, можеби некои адети би прифатила, но би сакала малку гости да имам, преубави секакви јаденња пиења и десерти, убава музика можеби џез, онака културно и елегантно, и јас убаво да си поминам. Не знам тоа колку е изводливо кај нас, но јас доколку би бирала така би било. Да бидеме реални, традиционалнмите свадби повеќе се прават за кеф на другите, на домашните, и за да можат да ги поканат сите од работа, и сите роднини до 10то колено да се покажат демек леле еве свадба направивме, и да земам и да се веселам со некои луѓе кои ни ме знат, ни јас ги знам. После имаш година до две гледање на свадбата континуирано со кој и да дојде, и тоа е. Не гледам поента едноставно. Знам дека кога ке дојде време никој нема да ми ја поддржи идејата, али ке си држам до моето.
Аватар на корисникот
Fearless

Зелено цветче
 
11611308
Мислења: 938
Зачленет: 30 Сеп 2010, 01:59
Локација: Planet Earth. Most of the time..
Gινє α gιяℓ тнє яιgнт ѕнσєѕ, αη∂ ѕнє ¢αη cσηqυєя тнє ωσяℓ∂...
Слика

Мислење 18 Јун 2011, 17:35

Во ресторан со музика,но сепак модерно. Не значи модерна свадба ако направиш во кафич само...

Нешто поедноставно,но сепак елегантно и забавна музика. :)
Аватар на корисникот
MissCupcake

Сино цветче
 
229117
Мислења: 369
Зачленет: 24 Мај 2011, 23:59
Локација: In Illinois next to my loving saluki... ♥
Kiss while your lips are still red, while he's still silent, rest while bosom is still untouched, unveiled...

Мислење 19 Јун 2011, 15:26

Повеќе би сакала класична, во ресторан со народна музика и многу чочеци, многу играње :lol: , секако да има и забавна музика, за секого по нешто. Сепак не ми се допаѓа идејата за свадба во кафич или дискотека, некако не можам да го разберам тој начин на славење, не ми се допаѓа. И секако би сакала да имам и повеќе гости.
Аватар на корисникот
crazyinlove19

Жолто цветче
 
15021388
Мислења: 3095
Зачленет: 20 Мар 2011, 21:31
Локација: Far away.

Мислење 24 Јун 2011, 11:46

Мојата ке биде за брзо :inlove: Класична свадба со 500 гости,со венчавка во црква и со сите адети македонски :*
Аватар на корисникот
Vesna25

Фем почетничка
 
514
Мислења: 38
Зачленет: 22 Мар 2011, 20:40
Слика

Врати се на Свадба

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 5 гости

Site Meter