Еве, јас, како некој што скоро правел свадба, можам нешто да ти кажам, како одат цените отприлика. Трошоците се делат, значи веселбата ја плаќаат двете страни зависно од бројот на гостите.
Во матично е најефтино

кога ќе се пријавиш за регистрација, носиш уплатница од 50 ден. со таксени марки (две по 50) и толку е. Мислам дека тоа беше сумата што таму ја плативме. Со изводот од книгата на венчаните се венчавате в црква, таму ви даваат венчален лист, ама искрено, не паметам колку беше тарифата. Може во различни цркви има различни тарифи. По правило, не би требало да се плаќа црковната церемонија, ама поповите си ги знаеме какви се...
Е сега, ако правиш веселба во хотел или ресторан. Многу зависи во кој град ќе правиш, знам дека Скопје и Охрид имаат поскапи цени, со тоа што во Скопје може да се начека и поефтино. Салата не се наплатува посебно, освен можеби ако се прави во некој полуксузен хотел, не сум сигурна. Цената на порциите оди од 8 евра порција (ова во рестораните) па нагоре - може и до 30 евра да стигне (знам дека порција во хотел Инекс во Охрид е 30 евра), зависно од тоа што е вклучено во порцијата и кои пијалоци се вклучени тука. Обично се плаќа однапред половина сума, па се доплаќа после свадбата кога ќе се знае колку точно гости имало. Свадбената торта некаде ја имаш гратис од хотелот/ресторанот, некаде не. Исто, може од ресторанот да ти препорачаат фото студио, со тоа што ако потпишеш со нив, можеш да имаш бесплатни покани и бонови за ручек/вечера. Исто, некои фото студија даваат гратис photo booklets - како фото албуми само што најубавите слики ви се испечатени на нешто како потврд картон или што знам јас што е тоа. Сликите се по 30 ден. парче, толку вие ќе ги земате, вашите најблиски (родители, браќа, сестри; кум, девер, старосват ги земаат по 50 ден. парче, а останатите гости по 150 ден. две слики во хартиена рамка).
Музиката - зависи кој сакаш да ти свири. Има и поефтини и поскапи бендови. Ако одиш на класична варијанта (бенд што свири и народно и забавно), цените одат од 200-250 евра, па нагоре. Ако е музиката со нарачки

е поефтино, а ако е бендот со свој репертоар е поскапо. Ако сакаш бенд за народно и бенд за забавно, сигурно ќе биде поскапо. Ако имаш некој пријател со добар бенд, може и да имаш попуст
Венчаницата може да те чини различно, зависи кај ја правиш, каков модел ќе правиш, дали ќе ја шиеш или ќе ја изнајмуваш. Ако ја изнајмуваш е поефтино, до кај 100 евра може да те фати најмногу, а ако ја шиеш има цени од 200 евра (за нешто како најобичен фустан) па нагоре што според мене е навистина претерано. Бидермаер околу 1500-2000 ден., бомбоните одат од 15-80 ден. на парче, китенките за зет, кум, старосват одат од 150-200 ден. парче, китенките за сватови се 20-50 ден. парче.
Поканите за свадба одат исто од 15-50 ден. парче, ама постои опција за бесплатни покани (се заштедува вака колку-толку, само немаш голем избор на покани) што можеш да ја имаш од фото студиото или ресторанот (тоа од договорот зависи). Снимањето има различни цени, дали ВХС (замисли, уште имало такво снимање

), дали дигитално - може да биде од 50 евра па нагоре, зависи каков сакаш да биде крајниот резултат (само снимка, или монтиран филм).
За подароците, зависи како сте се договориле да се дарувате. Јас само на кумовите им купив подароци, и моите купуваа за мажот ми (добро, јас тука се прашував

). За други дарови се договоривме да не се купуваат безпотребно, па така и направивме. Тука се' е прашање на договор. Секако дека ќе има луѓе на кои тоа нема да им одговара, ама нека не те боли уво за тоа. Кај нас после свадбата имаше некои глупости и незадоволници, демек не сме направиле ко што требало, и тоа од луѓе кои не ни се воопшто блиски, ама ние така си се договоривме и ни одговараше и на едните и на другите. А за оние на кои не им чинеше, ич не ми е гајле.
Сума сумарум - немам поим колку чинеше свадбата, ама не беше ефтина, ни малку. Па со тие пари ептен ексклузивен одмор ќе си истераш, на некоја егзотична локација. Јас и мажот ми не сакавме кој знае каква свадба, нас и во матично ќе ни беше доволно. Ама - родителите ни запнаа, и тука испаѓа точно дека свадбата ја правиме за родителите. Но задоволна сум, убаво беше, се забавувавме супер!
За цените, очекувај дека сега, нареднава година може да биде уште поскапо. Ние свадбата ја закажавме во март за септември годинава, и уште тогаш газдата на ресторанот ни кажа дека ќе има поскапувања.
Па со среќа и без нервози!
