Што мислите за тоа да сте кум на свадба на некој другар? Колку е значаен кумот и колку треба да се почитува? Кај нас кумот е многу почитуван,иако не е крвна роднина туку сродството се заснова врз духовна основа и почитување има големо значење. Еве мене конкретно ме интересира што мислите дали треба да се задржат старите кумови или да се најдат нови.Често пати со дечко ми разговараме на оваа тема.Тој има стари кумови,со кои слабо комуницира и се гледаат еднаш до двапати во годината.Тој и јас сакаме кога ке правиме свадба да си имаме нов кум,наш другар со кој многу добро си живееме.Но постарите секогаш велат дека адет било и по правило требало да се прашат старите кумови,па тие ако не прифателе тогаш да се барало нов кум.Што вие мислите дали е во ред да си побараш нов кум а на стариот да кажеш дека несакаш тој да ти биде кум на свадбата.Дали тоа е грев и непочит? П.С.ако темата не е во ред или не е правилно напишана нека биде заклучена или поправена.
Како што сум слушала од постарите, посебно од баба ми, голем грев било да се прекине кумството. Посебно кога не е баш од оправдани причини т.е како во твојот случај. Ти ни немаш некоја посебна причина, а сакаш да го мениш кумот. Не е во ред тоа, замисли колку би ги повредиле тие луѓе ако им кажете дека сте си нашле нови кумови.
Се согласувам со анфеитфул. Брат ми кога правеше свадба, старите кумови што ни беа, ни откажаа, поради немање доволно пари, ама сепак го дадоа потребниот благослов и кажаа да си бараме други кумови, а иначе греота е за глупости да се откажува кумство што има врска тоа што еднаш или двапати годишно се гледате со кумовите
јас искрено не си ги знам кумовите ете баш поради тоа старо некое си кумство. искрено не почитувам и кога ќе правам свадба ќе викаме другар некој, а не стар кум. инаку исто сеа ќе бидам кума на другарка и многу сум среќна трчаме по сите можни работи што треба да ги купам свадбата се наближува... е сеа кога сум на темата може да ми објасни некој и кој се сите задолженија на кумот хехехе
Карак, не му се секирај, си ги знаат кумот и кумата задолженијата, а ако не, ќе си прашате в црква. Ние сакавме кум да ни биде многу близок другар на дечко ми, ама старите кумови прифатија да не венчаат кога ги прашавме. Искрено, криво ми е за тоа, ама без благослов од стар кум не се венчавам, па што сака нека биде. И за тоа бев многу јасна. Не сум суеверна, ама имам слушано само лоши работи за тие што не го ни прашале стариот кум дали ќе ги венча или ќе им даде благослов да си одберат нов. И колку и да не верувам, кога ќе видиш дека буквално скоро сите завршиле со развод, или нешто друго се случило, не дај Боже, си велам што си е сигурно, ние да си прашаме. Знам дека кумство се прекинува, се бара нов кум ако семејството нема пород, т.е децата им умирале - така старите ми кажале. Не знам колку е тоа вистина, и некогаш, колку и да не сум традиционална, ниту суеверна, некои работи едноставно не можам да ги занемарам, мозокот не ми дава. Инаку, знам дека кумот, освен сведок што е во матично, во црква има задолженија со круните и бурмите, ги држи свеќите. Некаде го купува и бидермаерот. А кумата носи платно со кое младите се врзуваат, носи бонбони, парички и ориз измешани во кошничка и ги фрла врз младенците кога ќе кружат во црквата. Ама мислам дека не е секаде исто, така најдобро е да се праша во црква.
да останато е од старо време и традиција е прво да се праша стариот кум дали сака да го продолжи кумството, ако откаже се бара нов сега по ново гледам ставаат за кум другар на зетот, а за старосватица другарка на невестата баш сега се спрема свадба во фамилија па мене ме ставија за старосватица, зошто никој не се нафаќа, сите ги избегнуваат трошиците кои ги има ако бидеш законик на свадбата според мене тоа е пред се чест, ама сега секој за себе си знае каква му е финансиската состојба. За кумот или кумата знам дека треба да платат 1000 ден. во црква за венчавката (таква била тарифата) по 1000 ден. плаќале свекорот, кумот и старосватот после треба платно да се земе за во црква да се врзат рацете на младенците и две свеќи од големите, ама да се светени - тоа значи од црква купени и после може по желба да ги украсат во цвеќара. Во матично треба само да се потпише како сведок и во ресторанот на прослава треба да биде весел и да игра и да пее и да пие ќе седи на главната маса кај невестата и зетот и ќе му пеат еј море куме златен, во небрано ти си фатен.... само уште едно заборавив треба така поголем поклон да им даде на младенците т.е. поскап и после кога ќе имаат дечиња да ги крштева
Имам слушнато дека ако се биде кума или старосватица една година од кумството не требало да се омажиш.Го знаете ли тој адет,зошто е така? Ми имаат кажано дека тоа така останало од старите....и има долга традиција.Што би било доколку тоа не се испочитува и се венчаш пред да помине рокот.Дали сте суеверни во врска со тоа и мислите дека несреќа ќе ве прате.Јас лично имам неутрален став,незнам дали да верувам или не.
Тоа е само суеверие...нема врска. Прашај поп и ќе ти го потврди истото. Можеш 100 пати да бидеш кум во една година и истата година дад правиш своја свадба.
Па ако дојде до венчавка, би сакала прво да си ги прашам моите оригинални кумови, т.е. нивните деца дали би ми кумувале. Или обратно, дечкото да си ги праша неговите. Мене тој дел ми е многу важен, можеби затоа што моите кумови се прекрасни луѓе. Се гледаме прилично често, многу ми се по ќејф, не би ги заобиколила никако. Ако ме одбијат, нормално ќе си барам нови, иако знам дека НИКОГАШ не би ме одбиле. Јас лично сум кума на 4 машки деца. Ако ме побараат да им кумувам на сите, тешко мене Ама машките се поспецифични, верувам ќе си бараат другари за кумови. Секако, нема да се лутам. Се' нека е за убаво само.
Кумство, најубав дел од свадбата Ние имаме 2 фамилии кај што сме кумови. едните од старо, од прадедо ми уште, а другите лански, нови Брат ми ги венча. Најпрво се прашуваат старите кумови, кумството е светиња, не е во ред да не добиеш од нив благослов Баталете другарство и мода. Кумот ти држи венец и на крштевка и на свадба. Инаку задачи има многу, сега немам време инаку би ви кажала колку само има кај нас тука . Трошок, има, најголем, ама честа со ништо не се плаќа. Инкау, за тој адет, не е точно, кумот може да венчава, крштева, колку сака, и да се жени, ама деверот обично го прашуваат дали е венчан таа година, или планира да се венча. За него демек не чинело. БАрем кај нас. Знам другарка ми кога се венчаваа, прво во црква го праша попот деверот, дали имаш во план ти да се жениш. И така беше, планираше, ама одложи за година дена. И да, најбитно за кумот е, во црква кога ги сменува круните (не се сеќавам како ги викаат) да не ги чукни, воопшто да не се допрат. Мој чичко, пред триесет години, кога го парвеле тоа кумот ја испуштил едната, се стркалала низ црква, цела свадба ја поминале така. Кога конечно заборавија на таа случка, им почина синот. Е сега суеверие или не, за кого како.
Оооо...јас уште да знам каде ми се кумовите...после војната во Југославија им се изгубил секаков траг.Важно е дека знаеме дека се живи,а кај се,не знаеме,ниту пак тие знаат за нас.Како и да е,кога ги прашале моите за име...мајка ми почнала да плаче,у депресија ја фрлиле,име снова...среќа се нагодиле за друго,далеку подобро.Сепак...тие не ме крштевале во црква,им се изгубила секаква трага до крштевката...баба ми ми е кума во црква. А и гледам,тука сите девојки се изјасниле дека ќе си ги прашуваат кумовите...а нели кумот е од кај машкото,од тие новите,па до тие старите,од колено на колен?!Како инаку,а ако прифатат двете страни? Во секој случај...не сум тип кој пати по традиција,па ете така било,така ќе продолжи.Денес имаме можност за избор,да си го обликуваме животот како што сакаме и како што ни е удобно,така да...и да ги познавав,не знам дали ќе ги прашував за пак да ми бидат кумови,а и од практични причини некако ми е чуден овој адет кој вака или така...има доста бабини деветини во него. А од негова страна (ако биде овој),како сака...ама мислам дека и тие се со такви сфаќања,како на кој му одговара,а плус дечково веќе си имаат договор со другарите кои си се како браќа.Па сепак и тие од памти век,од колено на колено кумови некако почнале.А и плус,што ако мене не ми оди муабетот со нив или пак немаме кој знае каков однос и почит,па да ги прашувам за повторно кумство?!Ете можеби нивните деца треба да ми бидат мене,ама ни се двојат патиштата...па и не е сеедно кој ќе ти биде кум. Не знам,почитувам други типови на традиција,ова ми е...ептен...што знам...бабски. Плус,една анегдота...кумовите на вујко ми...ете такви од колено на колено,го ограбија и штрафта,пари на заем демек,очи не им видел со години.На почетокот ги бараше,ги бркаше,овие се кријат ли се кријат и на крај му рекоа,ние тебе не ти дужиме пари,дај доказ! Толку од вербата во кумот! Се е релативно,од време до почит...
Кај нас невестата нема потреба да ги прашува кумовите од нејзината страна. Кумот мора да е од страната на мажот. Значи мажот ги прашува старите кумови дали прифаќаат, ако не, си бара нов. Ама како што ја гледам работата, веќе никој не го цени старото кумство. И тоа како прво кумовите се почесто одбиваат да венчаваат ко демек поради големите трошоци. Ама ајде, адет било да се праша, ќе си прашаме и ние. Инаку сметам многу подобро е да си земеш за кум некој пријател со кој добро си живеете, за да се одржува кумството како што треба. Не е работата само да те венча, а после со години ни глас да не си чуете ниту да се видите.
Да ви кажам нешто, старите велат дека со кумот не треба да си ептен близок, да не се гледаш пречесто, за во никој случај никој на никому да не му замери за било што. И мислам дека биле во право, кој колку сакал нека тие пријател, во животот можеш за ситница да се скараш или навредиш. Судете како сакате, ама не биле будали, ни за кум, ни од кум не е убаво да чуеш неубав муабет.
Мислам дека треба да се испочитува стариот кум и да се праша дали сака да го продолжи кумството или не, па ако одбие тогаш да се бараат нови кумови.
Кај нас мислам дека имаше некои стари кумови со кои муж ми не се ни знеше, и татко им ги праша, и тие очекувано - одбија Темава ќе ја искористам да кажам дека многу го сакам мојот кум! Интересно беше како овој кумов ни стана кум. Се почна од заебанција, првично саканиот мој планираше да биде некој друг. Ама со сегашниов на предлог на нивните мајки кои се знаат овие на заебанција почнаа да се викаат куме, и така кога дојде до свадба, природно беше да биде тој. Првиот впечаток за него не ми беше баш најдобар Премногу се зафркаваше, а јас тазе влезена во друштво... Сега го обожавам! Мислам, не откако ми стана кум, туку и претходно, откако го запознав подобро. Не живее тука, ама кога доаѓа обавезно двојам време колку што можам повеќе да бидам со него. Особено сакам кога седиме сами на кафе, и решаваме некои животни прашања И секогаш од тие муабети носам некои важни заклучоци, или преземам чекори кои имаат големо влијание во животот. И најважно, секогаш после муабетите со него сакам да дадам повеќе од себе на секое поле. Би сакала да можев да се дружам со него почесто.
Мојот случај . Отидовме со маж ми да го испоштуваме стариот кум и со надеж дека ке не одбие затоа што беше изгубена некако врската стицај околностите и си планиравме близок пријател да биде кум. Арно ама стариот кум не одби си прифати, и ние целите во ??? ок, негова желба нема одбивање и преговарање. Ја продолживме традицијата, кумот е наша генерација и супер се дружиме. И така сега после неколку години ние сме на 2 места кумови и 3 места старосватови. И доста е, крај. Не е само финта да бидеш ради реда кум или старосват туку тоа се и обврски. Со сите добро се сложуваме и одржуваме контакти.
Се согласувам потполно!!! Дечко ми е кум на негов другар, ги венчаше во црква, му крстеше две деца, ги почитуваме лугето максимално. Камо грам почит они да покажеа спрема нас. Ајде спрема мене немора, не сме биле заедно, ни кога била свадбата ни крштевката, ама спрема него??? Нема веке почит кум спрема кум како што било порано. По кажување на баба ми, кумот значи втор татко на децата. Ако некогаш децата останат сами и нема кој да се грижи за нив, тогаш должен е кумот да се грижи за нив. Само во денешно време вистинско кумство е реткост. Барем јас така мислам. Моите кумашини за матура не ми дојдоа, а кумата не сум ја видела 14 години, живее во Австралија и кога доага тука не ни и текнало да дојде на гости.
јас би била пресрекна да сум кума, дај боже некој да ми рече а инаку ние со мојот сопруг баравме кумови цели 9 месеци и еден месец пред свадбата најдовме, и тоа една другарка на која имав и забораено старите кумови ни откажаа, и сите кои ке ги прашавме не одбиваа, едни немаа пари, другарками ни рече таа сакат, ама дечкои не сака и со уште не ни кажаа, а ние само се срамевме велејки им на сите а тие не одбиваа и ние пак се нервиравме дури си помислив како во Чорбаџи Теодос да одам на улица и да најдам некој
Според мене старото кумство е ок, но повеќе би сакала кумови да ми бидат блиски луѓе со кои ќе бидам во контакт постојано, а не само за свадба, крштевка и здравје за родендени. Јас мојот кум не сум го видела со години.. А нели како што викаат кумот е духовен родител на детето.. Според искуството, повеќето стари кумови се појавуваат на крштевката и толку.