Ние ги напишавме,не оти има некое значење ,ама ај сите правеле така па и ние Обично од таму од каде ќе ја купиш бурмата ,ти нудат гратис гравирање,сакаш на датум,сакаш на име,така да зошто да не
Баш прееска бев до ГТЦ и влегов во Голдмак и во Златарна Цеље чисто да видам што се нуди (сеуште ни е рано за бурмите) и бев пријатно изненадена и од цените, и од моделите. Ако се согласи партнерот (а верувам дека ќе се согласи ) би земала од овие класичните во Голдмак со мали детали - изгравирани линии на средината или нешто сл. Многу ми се допаднаа, а и цените им беа ок - од 6.400 ден до 7.000 ден по бурма.
Знаеме дека цените во Скопје се поскапи,но дали некој има купувано од велес,штип ,куманово.Сите велат дека таму имало ефтино злато
Јас сум од Куманово и морам да кажам дека се чудам на цените што ги пишувате по форумот за било што од гардероба до злато.Мој совет ти е да си дојдеш тука и да си видиш што има,а сигурна сум дека ке е поефтино од Скопје.
^ Златото е многу поскапено.Секаде цените се изгор,така да не верувам дека по другите градови е нешто поефтино. Убаво разгледајте си низ чаршија,иако некако не е таму како што беше премногу кич накит има,но сепак се наоѓаат и многу убави работи.Во ГТЦ е поскапо и од чаршија тоа ви гарантирам. Сепак треба убаво да се прошета,и според мене доколку сте во можност и поскапо да ги платите вреди,зашто сепак бурмата цел живот се носи.
100% се согласувам со ова, и јас сум за тоа дека бурмата и да се купи поскапа вреди, зашто ќе ја носиш цел живот.И ние разгледуваме бурми, и ќе биде она што нависитна го сакаме ние двајца, макар и поскапо само да е квалитетно и да вреди. А за оскапеноста на златото и Прилеп спаѓа во тие градови, секаде е поскапено само за некој денар моѓже да с енајде поевтино но кога ќе ги ставите трошоците за пат, ќе биде исто.
Јас во Ск и во Куманово барав ги разгледав и во стара чаршија и кај нас во Ку и златото е толку за 200 до 300 ден плус во Ск, така да нема некоја разлика и се одлучивме тука кај нас да земеме со тоа што бурмите и двете ќе излезат околу 20000 ден и тоа бело злато со мала линија на жолто.Утре ќе излезам пак да се прошетам низ градов, па да се одлучиме дефинитивно затоа што свадбата е во недела..
Златара Виктор во Битола, старата чаршија.Ама лопови се ,се осеќам измамена. Од таму ги земам оти ептен ми се по меракот,ги бендисав. Инаку еве, овие се
mnogu mi se dopagat burmite i jas sum za zemanje ako mozis da mi kazis kolku e cenata na ovie i kade tocno se naoga ovaa zlatara oti ne mi e poznata?
Прво, се премисливме. Си најдовме нешто покласично сосема случајно. Златарата се вика Виктор, се наоѓа во старата чаршија во Битола. Добро да објаснам незнам ама мислам лесно ќе ја најдеш , ако се земе во предвид дека сите златари во Битола се на едно место во пазарот. Веднаш под Ленски Мост чинам се викаше ( срамота 18 години живеам тука незнам како се вика ). Бурмите ги прават по порачка.Нашите ќе бидат од бело злато, еден грам чини 2000 денари ако не грешам. Колку чинат неможам да ти кажам точно, зависи. Зависи колку е голема на пример мене прстињата ми се ситни сигурно ќе поминам поефтино, за разлика од маж ми. Можеш да си одбереш модел и сама да диктираш колку ќе биде тенок прстенот. Нормално колку е потенок, толку помалку тежи и помалку ќе те чини. Ова им е каталогот.Под секоја фотографија имаш код, стандардна големина и грамажа. http://www.facebook.com/pages/Elegant-K ... 69?fref=ts Сите модели се достапни, а некои ги има на лагер.Исто можеш да си избереш модел на пример од жолто злато, а да ти го изработат во бело ако сакаш.Или на пример некоја комбинација од жолто и бело.Изработуваат и модели кои не се во каталогот, по желба на муштеријата. Ги изработуваат во рок од една недела.Во главно одат по порачка, заради големината. Ова подолу се новите буми. Внатре ќе си ги изгравираме имињата, во неговата моето во мојата неговото.Тоа е бесплатно. Ќе бидат изработени од бело злато. Сноу се чувствувам измамена, не си се договориле дома колку да го продаваат златото. Една цена ми кажаа мене, а сосем друга на моите. Ама сторено е си купив се од кај нив. И моето и неговото злато. Искрено од квалитетот сум задоволна сум купувала работи од кај нив и порано. Ми се допаѓа што моделите не им се застарени и класични како во повеќето златари. Навистина има убави работи да ти фатат око. Шетнав и во Прилеп ама од таму си го купив само вереничкиот. Друго ништо не ми се допадна
Треба да купам бурми,може ли некој да ми каже колку чинат отприлика, дали ке најдам до 10000 -12000.стварно не знам колку се движат,благодарам
^Зависи од кој град си, цените се тука негде, но сепак се различни. Пример ние од Прилеп Bvlgari (полни) порачавме и женската чинеше 10 000 ден, а машката 12 000 ден, значи и имаш марка и не многу астрономска цена....
Во Солун цената на една бурма на Bvlgari беше над 300 евра. И тоа на попуст, така да, размисли стварно што марка плаќаш за тие пари! Не се ни малку евтини вашиве бурми, а пак ќе речам, исто толку чини било која друга со таа грамажа!
Еве колку реално е цената на Блгари прстените, така да не се будалите дека кај нас може да се купи оригинал. Па дури и во Солун, ако цената им била 300 евра....
Nam ne ni bese bitna markata,tuku da ni se dopadne ona sto ke go nosime cel zivot i da bide em licno em pokvalitetno . Mnogu jasno e kolku nasive zlatari prodavaat i nudat originali,no sepak ke kazam bitno e ona sto ke go nosis da go nosis so merak.
Јас пред 4 години си купив баш оваков како што постирала Моира, сребрен (да напоменам намената не му беше бурма, туку си го носев вака на овој прст ) за 1000 денари од една златара Жими оригиналот.
Nisto na denesnicava nema original. Moze da se najde ,no pak ke bide blisko do originalot. Vazno da ti se pogodi i da ne bidat parite zaludno frleni.