Мислам, и самата свадба е традиција, ама не успеав тука да победам, затоа викам колку што можев
Мене одењето од дома не ми беше никаков проблем, со голема радост гледав на тоа. Не дека кај моите не ми беше убаво, туку сакав да бидам со саканиот, и многу бев среќна. Плачки немаше, ни мајка ми ни татко ми, никој
Тоа кршење врати, пари давање и ставање по кондури - беше најстрого забрането. Ми дојдоа другарките пред да дојде муж ми, седевме кај мене во соба, се замуабетивме, и кога влезе едвај го приметивме - а бе жени
Не го гледав низ прстен за да биде верен, тоа си е негов проблем, нека му ја мисли. Ниту пак низ сито за да биде сит, ама гледајќи колку јаде, можеби и требаше
Бовчи не давав на денот на свадбата, иако сакав најблиските да имаат спомен, до душа бабите и дедовците изразија желба за бовчи, а не ми падна на крај памет да им го кршам филмот, па најблиските ги викнав на вечера 2-3 дена пред свадбата, и им дадов симболични подароци.
Е она што не можев да го избегнам беа тазе извадените адети на самата свадба, над кои немав контрола зошто решив да не се замарам со ништо. На пример одење по различен пат. Ужас ме фаќа од алтернативниот пат, таква идила што сигурно сватовите си рекле - ќути ја спасивме снашкава од овде
И да, според мене најнелогичната работа - земањето од дома кога веќе живеевме заедно. Сум пишувала и по други теми - ова и беше единствена желба на мјка ми, и колку и да бев против, решив да ќутам и да послушам. А бе глава кршам, атер не кршам








