Па мислам дека било во Кочани ама не сум сигурна ептен актуелно бесе,свекорот ги фати невестата и кумот на дело во текот на свадбата и човекот срамови не срамови на микрофон ја отказа свадбата и нагласи гостите да си ги земат поклоните мислам дека во хотел бесе тоа
Еј и јас имам за ова слушнато ама ми стои ептен голема измислица ајде бе зар има толкави будали да се сек**т на сред свадба? Зар неможле да причекат ? Ама ич не ми се верува! Инаку знам случај кога снаата и свекрвата се испокарале на свадба зошто снаата сечела дебели парчиња торта и снаата ја мавнала со парче торта свекрвата и ја раскарале свадбата. Кој знае дали е вистина. Инаку знам случај кога на невестата татко и се разболи и ја одлижија свадбата за неколку месеци. Сепак имаше свадба!
Јас знам имаа веќе закажано све ресторан црква такви работи ама на девојката и испадна да оди нешто во Австрија на 9 месеци нешто многу важно за работа што од дамна го сакала и ја одложија демек свадбата за кога ќе се врати, ама кога се врати се скараа и ништо Тогаш баш поверував во судбина дека не требало да се случи свадбата...
Еден другар присуствуваше на свадба, на која на дело беа фатени на дело кумот и зетот од страна на таткото на невестата . Нормално, свадбата веднаш се прекинала Ова одамна беше, пред 6-7 години отприлика.
Ова сценарија за Холивуд Знам откажување поради смрт во блиска фамилија, али па најчесто ја презакажуваат, а не се прави проблем за тоа колку што сум запознаена. А за комплетно откажување само на филмчиња си гледам, доволно ми е тоа
Пре ќе откажам свадба ако сфатам дека не ми паше малиот,отколку у несреќен брак да бидам. Остај ти тоа Холивуд,имаат храброст американциве,ние сме народ да не не збори по комшии,срамота било.
Американциве ја израмнуваат врската со бракот. Они со сите си се потпишуваат во книгите. 3 недели врска оп свршувачка, на 2риот месец планови при крај за свадба, ќе се спукаат ден пред свадба и ајт со здравје. Уште не направиле 1 месец врска они ќе се женат. Нормално е да откажеш свадба така. Кај нас си го има она уште подолга врска, ретко кој за 2 месеци се жени/мажи. Затоа и ако откажуваат свадба тоа се големи причини. А наравно подобро откажи него лош брак. Како и да е ќе се трачатари, сепак за 3 дена ќе има нова поинтересна приказна за комшиниците. Штета само што им пропаднале плановите за дремење пред прозор на невестата, а и тогаш муабетите да не се позитивни? Секогаш има време за измислени трачови за зетот и невестата.
Имаше една свадба во фамилија што поради смртен случај на мајаката на невестата ја откажаа, али после некое време се презакажа свадбата и се случи истата. Иначе се сложувам со Лилит ако имам закажано свадба и во меѓувреме сватам дека не е тоа тоа, без око да ми трепне ќе ја откажам и баш ''уво ме боли'' што ќе кажеле другите. Ма ни на крај на памет не ми паѓа поради тоа што ќе кажеле луѓето, да глумам лудило како сум среќна, а животот ми е сра** у боја. И никако не можам да ги сватам таквите луѓе, па добро бе луѓе за другите ли живеете? И никој не ви е виновен за вашатиот несреќен и страдален живот, единствениот виновник сете самите вие.
Ова јас го имам слушнато како случај во Штип во хотел Изгрев! Мене повеќе ми звучи како измислица, сепак не знам баш точни информации во врска со случајот! Иначе моја пријателка откажа свадба со нејзиниот долгогодишен дечко (11години),поточно маж и беше бидејќи беа веќе официјално стапени во брак (регистрирани)уште веселбата во ресторан беше останала да се направи! Месец време пред да биде свадбата пукна некаков скандал и тие се разделија,наредниот ден ја откажаа свадбата во ресторанот! Како причини ни кажа дека бил неподносливо љубоморен, но подоцна излегоа на виделина други причини-изгледа ја фатил вереникот со друг па поради тоа ја откажаа свадбата! Друг случај знам каде невестата се породи два дена пред свадбата, па беше морално да се откаже свдабата, поточно се презакажи за другиот месец! Имам слушнато и за свадбена веселба без зет . Женската страна со музика слави и го чека зетот со кумовите да дојдат по невестата но малдоженецот се премисли и не се појавил на свдбата! Свадбата се разбира била откажена! И уште ова да го кажам... Моја пријателка денот пред свадбата беше добро истепана од нејзиниот маж! Нејзиното семејство веднаш и даде подршка да се откаже свдбата, татко и сакаше по куќите да оди за да им каже на поканетите гости дека свадбата е откажана но девојката од пусти срам (ваљда и од љубов) не се сложи да биде откажена свадбата! Беше невеста со модрици по лицето ! Бракот треше многу кратко и потоа таа самата си рече дека се кае што не ја откажале свдбата, но веќе беше доцна! Затоа подржувам и не се чудам ако некој откаже свадба од некои свои силни причини! Подобро да се откаже свдбата отколку цел живот да се трпат маки и да се живее во проблеми!
Една подалечна другарка ја откажа свадбата пошо имаше патолошка бременост и не смееше да станува. Ја презакажаа откако се породи и со ќеркичката на свадба. А на еден другар девојката не му дојде на нивната веридба. Наводно не знаела дали е спремна за брак и дали доволно го сака за да и биде маж и наместо да откажува свадби, вака веридба било побезболно. А најбитно, не сакала да му го врати прстенот од мајка му.
Ц,ц...значи што менталитет ке беше овој нашиов... Јас пак знам се беше откажала свадба затоа што двете страни не можеле да се сложат каде да ја закажат истата. Никој не попуштал и на крај се отерале кај што не треба поради еден глупав хотел. Најсмешно беше што и младите меѓусебно си исповаѓале очи, бранејќи ги секој своите мамичка и татенце.
Ова поодамна се случи. Еден мој комшија одеше со девојката долго време и немавме слушнато дека ја изневерува. Решија да се верат па двете фамилии се спремија. На самата веридба кога требало да тргнат кај девојката тој рекол ’’Кај сте тргнале вие имам јас друга неа ќе одиме да ја бараме’’. Не можеле да го разубедат и тргнале кај таа другата. Во меѓувреме родителите на девојката се јавиле да прашаат зошто доцнат сватовите и овие им рекле што е работата. Сиротата девојка се ископмплексира начисто не правеше со никој муабет се посвети на бизнис. Од траумите што ги имаше се омажи дури после 12-13 години. Ама гледа Господ. Таа на комшијата ич не му се погоди една ептен убава ама к*рва со тапија. Уште првата година сакал да ја бара пак бившата девојка ама неговите не му дале му рекле ’’ Што си надробил сега тоа да си сркаш’’
Баш оваа недела требаше да бидам на свадба која ја откажаа заради тоа што таткото на невестата мораше итно на операција Место веселба-нервоза.Сега бил подобро и ја закажале на нареден слободен термин што имало. Инаку мои комшии беа кумови на свадба каде не присуствувала невестата т.е.тој ден се породила верувале или не.Сепак веселбата се одржала,ама без неа Се чудев како може бе,зар не си го знаела терминот Ми кажаа дека се умешала свекрвица ,чија сестра од Австралија само тогаш можела да дојде,па рекла-Или тогаш или нема свадба
Имам слушнато за еден случај кога бабата на невестата починала, па луѓево ја откажале свадбата за наредната година! Наредната година сите среќни, весели се спремаат за свадба и ден пред свадбата умира мајката на невестата! Свадбата не се одржала, си дале луѓето еден ручек после некое време и толку! Исто знам, како ден пред свадбата умира таткото од зетот и овие го однесле во капела, само најблиските знаеле, вака-така си ја направиле сведбата и наредниот ден си го погребале човекот! Воопшто не ја откажале свадбата! ( И ова не е работа, ама наводно свадба не се откажувала). И најтазе случка е тоа што пред некој ден почина таткото на невестата на еден познаник, а свадбата е закажана за викендов. Истата не се одложи, туку се ќе се прави со ред, само без музика и оро кај невестата! Судбина, што можеш тука да направиш!
За ова многу пати ми кажувале.Не знам дали е вистина само сум слушнала.За караницата заради тортата.се има по светот.
Да, да пред десетина години имаше во Дневник мислам за случајов. Имено, снаата кога ја сечела тортата на нејзините сечела подебели парчиња наводно, а на родителите од мажот помали и свекрвата и се налути ли, ја удри ли не знам што и снашкава и ја шлапнала тортата у фаца Се има по белиов свет, знам баш баба ми кога читаше тогаш ми покажа и се смеевме цел ден.
И јас знам за една свадба што се откажа, покани уште немаа пратено ама усно бевме поканети знаевме и датум. После некое време гледаме покани нема... свадбата се откажа младите се разделија. Никогаш нити прашав зошто нити ме интересираше. Се се случи како да е најнормално без скандали.
Да јас сум сведок на откажана свадба една недела пред да се деси и тоа за порцијата, едните сакаа пориција од 9 евра другите од 9.5, не можеа да се договорат и пукна работата .....