ТЕМА: Отворање на свадбата - класично со валцер или нешто друго?

Мислење 04 Фев 2012, 15:13

Еве предлози и од мене, за сите кои сакаат нешто поразлично од класичниот валцер

за сите црнокоси:




за сите што се викаат Ивана (невести)


И уште една песна ама неможам да ја најдам на you tube>
Бакни бакни ме нежно ќе сум твој,чувај ме милувај ме ти, несакам ноќва за нас знај да има крај...
Аватар на корисникот
Snow-Queen

Црвено цветче
 
3061739
Мислења: 5320
Зачленет: 03 Ное 2011, 09:08
Локација: Во срцето на дечко ми...♥
Слика
Слика♥˙·٠•●♥●•٠·˙♥ Не сакам да си совршениот, сакам да си вистинскиот ♥˙·٠•●♥●•٠·˙♥Слика
Слика

Мислење 04 Фев 2012, 17:55

Се согласувам со Трендафилка и Најубава - и јас сакам првиот танц да го играме сами. После на наредниот кој сака нека стане, ама на првиот никако!
Со време ќе им кажам на сите да си знаат, да не се изненадат ако ги натепам :D .

Се изнасмеав со описот на Трендафилка за „Од овој ден“, ептен сликовито :D , ама навистина така е, демек до вчера што сакав правев, со 100 одев итн ама од денеска не. Глупава ми е песната од толку многу што ја форсираат.

Јас би избрала некоја песна на двајцата што ни е убава, некоја наша, за нашиот танц, а после и за тој сите кај што ќе играат пак некоја убава, асална.
Инаку, многу ми е интересно кога невестата прво почнува да игра со нејзиниот татко, па после некое време тој ја предава на зетот. Да беше татко ми жив, вака би направила.


^СноуКвин, ова е песната, „Бакни ме“ од Сашка Петковска.

Аватар на корисникот
Hopeful

Зелено цветче
 
7512482
Мислења: 749
Зачленет: 15 Јун 2010, 15:17
Локација: Stratford upon Avon

Мислење 05 Фев 2012, 03:05

По избор на мм, свадбата наша ја отворивме со Savage Garden - truly, madly, deeply.

Инаку првиот танц го изигравме сами, така е на секоја свадба што сум била, а на наредната песна/танц се придружуваат најблиските па на третата стануваат и останатите гости.

Аватар на корисникот
bittersweet

Зелено цветче
 
14812182
Мислења: 548
Зачленет: 28 Ное 2010, 06:30
Локација: where the sun almost always shine`s
Making the decision to have a child is momentous. It is to decide forever to have your heart go walking around outside your body.

Мислење 05 Фев 2012, 15:50

Јaс сакам да танцуваме на некоја песна што сами ке ја избереме. Што ке има некое знаечење за нас. Првиот танц сакам да го играм со мм а вториот со татко ми.

Скриен текст: покажи
Леле луѓе јас незнам како ќе се одделам од татко ми. :sweat: Кога ќе ми текне на тоа ми се одмилува и мажачка и се’ :tmi:
Аватар на корисникот
bumbuleya

Сино цветче
 
8622
Мислења: 259
Зачленет: 08 Јан 2012, 18:43

Мислење 10 Фев 2012, 03:58

bittersweet напиша:По избор на мм, свадбата наша ја отворивме со Savage Garden - truly, madly, deeply.

Инаку првиот танц го изигравме сами, така е на секоја свадба што сум била, а на наредната песна/танц се придружуваат најблиските па на третата стануваат и останатите гости.


Bitter се гледа дека не живееш во Македонијава, па овде што музика засвири "Забавата може да започне", одма скокаат комшии и остали парови до трето колено ти се плеткаат низ нозе, те чешкаат по рамо, те плескаат по газ. Со други зборови те убиваат у поим.
Или барем така било на сите свадби каде јас сум била.

А за да немам нервози, пошто Петко ќе ми пее ќе нагласи, ќе каже, незнам што ќе напраи, дека некќеме гужва додека иде нашата песна, ја пишав претходно. А после за да овие горе споменати квази танчери ги покажат своите способности нека свират нешто комерцијално, свадбарско и сл.
Аватар на корисникот
najubava2010

Жолто цветче
 
29891185
Мислења: 1299
Зачленет: 19 Апр 2010, 03:32
Локација: Скопје, Београд, Беч и даље на запад...
Слика

Мислење 11 Фев 2012, 07:46

^Еј ќути знам како е :lol:
На брат ми свадбата беше во Скопје, само што почна музиката за првиот танц, уште младоженците што се вика не заиграле 3245982 парови на подиум :@
Брат ми навикнат од тука мислел сами ќе го одиграат првиот танц остана со забезекната фаца :rofl:
А мене во рок од 10 секунди ми дојдоа 300 загрижени роднини да ме прашаат што сум се лутела затоа што не сум била на подиум :x
Абре луѓе, нивни ден е, нивни прв танц како брачен пар затоа не сум на подиум :swear:

Малце офф ама никогаш не сум ја сфатила таа потреба од 500 души на свадба, што ќе ти се, нема апсолутно никаква шанса со 500 луѓе да живееш толку добро па да сакаш да ја споделиш својата радост со нив, е после им се заебува свадбата е ќе се заебе кога имаш вишок од најмалку 300 луѓе кои не ги боли уво за тебе.

Инаку мене да ми го препуштеше изборот мм за песна за отварање на свадбата ќе беше:


Мм се закани дека ќе се разведе од мене ако инсистирам на песната :rofl: срамота било wuss :D
Аватар на корисникот
bittersweet

Зелено цветче
 
14812182
Мислења: 548
Зачленет: 28 Ное 2010, 06:30
Локација: where the sun almost always shine`s
Making the decision to have a child is momentous. It is to decide forever to have your heart go walking around outside your body.

Мислење 12 Фев 2012, 16:19

Пред две години бевме на свадба кај едни пријатели кои живеат во Америка ама тука ја правеа свадбата. Младоженците си ја имаа избрано песната You're still the one од Шанаја Твејн за нивниот валцер и сами го играа. И како за чудо никој не стана :clap: .
Дали луѓево видоа дека никој друг не станува, па никој не стана, дали конечно станаа совесни, или нешто друго била работата, не знам. Ама навистина беше поубаво отколку да се мафтаат уште милијарда други парови наоколу. После тоа свиреа уште 1-2 песни и тогаш станаа и другите ама првиот танц си го изиграа сами.
Скриен текст: покажи
Може рекле дека сакаат првиот валцер да го играат сами, ама па на 300-400 души не верувам дека им кажувале посебно, може на нивните само па се раширило низ луѓето :?: .


А за бројот на гостите, 300, 400, 500 итн, што е многу многу е. Не може со толку луѓе да сме толку блиски и да живееме толку добро. Ај, кога ќе ги земеш роднините, блиските пријатели, нека се соберат 200 максимум, ама 400-500 претерано е. Барем за мене. :?:

Аватар на корисникот
Hopeful

Зелено цветче
 
7512482
Мислења: 749
Зачленет: 15 Јун 2010, 15:17
Локација: Stratford upon Avon

Мислење 15 Фев 2012, 01:48

Што мислите дали е во ред за танго да се избере песна која во оригиналот ја пеат машки и женски вокал, а на свадбата да ја пее само пеач? Дали ќе фали женскиот глас? Јас сакам да започне со I want to spend my lifetime loving you, или со A Hole new world, само незнам како би звучело??
Аватар на корисникот
I.vana

Бело цветче
 
236
Мислења: 90
Зачленет: 10 Фев 2012, 03:17

Мислење 15 Фев 2012, 02:38

Сестра ми имаше многу убаво отварање на свадбата, ја отворија со оваа песна :


Многу беше убаво немаше класично влегување со пиење на шампањ туку тие влегоа, го пригушија светлото и почна да танцуваат и интересни беа балоните што почнаа да паѓаат.
Ептен беше убаво тоа што првиот танц сами си го одиграа и просто бевме изненадени од гостите никој не почна да игра додека не заврши песната туку стоеа од страна и гледаа. Прекрасно беше и според мене и така треба првиот танц да си го одиграат младенците
Е после на втората песна

сите почнаа да танцуваат :)
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
915340
Мислења: 2454
Зачленет: 20 Сеп 2010, 14:25
Локација: далекy од реланоста...
We are in love Слика

Совршенството неможеш да го достигнеш,но никогаш не се откажувај од стремежот кон него!

Мислење 15 Фев 2012, 02:48

Песнава мии е онака, ептен првотанцовно свадбарска, не знам зошто :)
Аватар на корисникот
DAngel

Зелено цветче
 
961473
Мислења: 923
Зачленет: 19 Мар 2011, 17:49
Локација: Houston, we have a problem :|
Roses are red violets are blue, God made me pretty, what happened to you? :wasntme:
Драги мажи, единствен начин да ја измерите вашата машкост со сантиметри е да ја измерите ширината на насмевката на лицето на вашата девојка! :)

Врати се на Свадба

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 6 гости

Site Meter