ТЕМА: Подароците од вашата свадба

Мислење 05 Окт 2011, 15:20

girl1985 напиша:35e по човек или? Значи ако твој братучед се жени, а ако сте тричлено семејство носите 300е? Верувај од сите 300 гости не носеле сигурно сите пари, а и да носеле, не носел секој засебно па да сметаш 35е*300 :)

п.с. На мојата свадба имаше 350 гости, добивме задоволителна сума, иако имавме и подароци, но верувај, тие суми од типот на 10,000е ретко се собираат, а особено затоа што знам многу кои кажуваат лажни суми што ги добиле на свадба од некои X причини.

:D не, 100 евра од сите нормално. А и плус во мојот град ретко кој кани 300, има свадби и по 400-450 гости- Македонска работа :D и сега овие 35 евра ги ставив како пример бидејќи има некои одат двајца на свадба со 35 некои со 25 некои со 50+. И затоа велам колку носиш толку и ќе ти носат. Оние кои собираат по 10 000евра (а ги има) можеби ретко, но сепак ги има. Сигурно се носеле барем по 50 евра во плик па нормално дека собрале на нивна свадба.
Аватар на корисникот
meandyou

Сино цветче
 
11189
Мислења: 265
Зачленет: 20 Ное 2010, 18:31

Мислење 05 Окт 2011, 18:17

Јас неодамна правев свадба, и баш ме заинтригира темава... :)

Прво, да нагласам дека си направивме свадба која што беше точно према нашите планови... за ништо не бевме присилени од ничија страна... Како поклон, секако дека сакавме пари - живееме сами под кирија веќе две години, па си имаме тенџериња... но, секако не беше начин да се пише во поканата "поклон во плик"... барем не за нас двајца... многу невкусно ми делува... инаку, свадбата беше со околу 230 гости. 95% од гостите не прашаа (или нашите) што сакаме, така да имаше ете и пофин начин да се сервира идејата за поклон во плик... поклони што не беа пари беа ептеееен малку (дали 6-7)...

Со оглед на фактот дека после свадбата бевме во Хавана и кога се вративме немавме сила да направиме ништо (а љубопитност те јаде до максимум) седнавме да видиме што и како... баш си се израдувавме (немавме празни пликоа или непотпишани - и не запишувавме кој колку дал - само гледавме кој дал некоја сума што позитивно не изненадила = повеќе од што сме очекувале)...

Во секој случај, со оглед на тоа дека викаме блиски луѓе, секој (тргнувам од себе) би прашал што им треба на младите, па не е важно дали е поклон или се пари, оној кој сака да даде нешто што е стварно потребно - ќе се погрижи тоа да е така.... јас така би направила....
Аватар на корисникот
Kaetana

Бело цветче
 
4043
Мислења: 72
Зачленет: 05 Окт 2011, 17:51
Локација: ... некаде далеку...
... One & Only ....

Мислење 05 Окт 2011, 18:36

^Браво за тебе :)
Meне воопшто не ме интересира дали некој ќе мисли дека е тоа невкусно, дали некој нема да дојде на свадбата поради тоа или ред други работи. Си знам и јас какви роднини имам, какви гости ќе ми дојдат на свадбата. Тој што намеравал да дојде со некој сервис од 200 ден од пазарче, секако ќе стави толку пари во плико. Само баремн нема да имам потреба од фрлање на непотребни работи.
Аватар на корисникот
RainBow

Црвено цветче
 
6758937
Мислења: 9894
Зачленет: 03 Дек 2009, 16:27
"Таму каде што се љубиме никогаш не е ноќ..."

Мислење 05 Окт 2011, 18:42

За тоа поклон во плик, порано бев против ама сега сум некако поделена.
Од една страна луѓето тоа го сфаќаат како просење, а од друга носат разноразни глупости наместо да прашаат ако ништо друго што ти треба.
Е сега, 200денари мислам дека никој нема да стави во плик, барем не во потпишан :D
Отсекогаш сум била за тоа дека свадба се прави само ако имаш средства и без притоа да очекуваш да си ги вратиш дадените пари преку поклонот во плик, ама па и да се затрупаш со сервиси, вазни и безвредни слики после свадба не оди.
Аватар на корисникот
femina90

Жолто цветче
 
1671823
Мислења: 3595
Зачленет: 25 Дек 2009, 01:21
Локација: Скопје
Not every brigde wants to be crossed :)

Мислење 05 Окт 2011, 18:57

RainBow според мене тој што испланирал да ти донесе сервис ти пишала на поканата поклон во плик или не пишала исто е пак ќе ти донесе :) Мене лично не ми допаѓа да пишува поклон во плик сепак не правиме свадба за поклоните туку за личен ќеф и од лично задоволство. Сепак сите си ги знаеме своите роднини и од кои што можеме да очекуваме. Еве конкретно сестрами правеше свадба во мај, на поканите не ни пишуваше поклон во плик и добија само неколку поклони кои морам да нагласам скоро сите беа корисни, а остатокот беа пари. И пак ќе нагласам кога ќе дојде ред за моја свадба нема да правам свадба за поклони туку од кејф, ако парите се во прашање подобро да неправам свадба туку наместо свадба ќе си ги збришам парите :)
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
915340
Мислења: 2454
Зачленет: 20 Сеп 2010, 14:25
Локација: далекy од реланоста...
We are in love Слика

Совршенството неможеш да го достигнеш,но никогаш не се откажувај од стремежот кон него!

Мислење 05 Окт 2011, 19:23

RainBow напиша:^Браво за тебе :)
Meне воопшто не ме интересира дали некој ќе мисли дека е тоа невкусно, дали некој нема да дојде на свадбата поради тоа или ред други работи. Си знам и јас какви роднини имам, какви гости ќе ми дојдат на свадбата. Тој што намеравал да дојде со некој сервис од 200 ден од пазарче, секако ќе стави толку пари во плико. Само баремн нема да имам потреба од фрлање на непотребни работи.

Не сакам да те разочарам, ама тој што сака да дојде со сервис од 200 денари, ќе дојде со сервис од 200 денари... и тука неможеш многу да смениш....

На пример, мојата баба - знае дека ми требаат пари и дека имам дома вилушки, ама сепак - јас добив вилушки и лажици и така натаму.... и што можеш тука? Да ја вратиш? (Јас радо би и од други причини :lol: , ама ај... )

А за тоа "си ги знам гостите" пак, позитивно можеш да се изненадиш.... :)
Аватар на корисникот
Kaetana

Бело цветче
 
4043
Мислења: 72
Зачленет: 05 Окт 2011, 17:51
Локација: ... некаде далеку...
... One & Only ....

Мислење 05 Окт 2011, 21:16

Kaetana напиша:
RainBow напиша:^Браво за тебе :)
Meне воопшто не ме интересира дали некој ќе мисли дека е тоа невкусно, дали некој нема да дојде на свадбата поради тоа или ред други работи. Си знам и јас какви роднини имам, какви гости ќе ми дојдат на свадбата. Тој што намеравал да дојде со некој сервис од 200 ден од пазарче, секако ќе стави толку пари во плико. Само баремн нема да имам потреба од фрлање на непотребни работи.

Не сакам да те разочарам, ама тој што сака да дојде со сервис од 200 денари, ќе дојде со сервис од 200 денари... и тука неможеш многу да смениш....

На пример, мојата баба - знае дека ми требаат пари и дека имам дома вилушки, ама сепак - јас добив вилушки и лажици и така натаму.... и што можеш тука? Да ја вратиш? (Јас радо би и од други причини :lol: , ама ај... )

А за тоа "си ги знам гостите" пак, позитивно можеш да се изненадиш.... :)

јас не мислам така, дека некој ако решил дека ке ти донесе некој сервис, и слично така ке направи, или ке ти даде 200 денар, верувај ти кажувам од искуство... кај нас најмала сума беше 700 денари, точно толку беше порцијата, а такви имаше два-три. јас сум за поклон во плик ;)
Аватар на корисникот
ljubicicaa

Сино цветче
 
15586
Мислења: 460
Зачленет: 15 Дек 2010, 00:16
некогаш љубовта е
најголемото задоволство
а некогаш е
длабока
длабока болка

во двата случаја,
стенкаме

Мислење 29 Јан 2012, 16:20

eve i jas da se nadovrzam na temava zosto do neodamna i jas pravev svadba od najbliskite dobivme toa sto pobaravme megutoa imase i pokloni sto se povtoruvaa nekoi tendjerinja,tanjiri i dr raboti.Isto taka dobivme i stari pokloni sto im stoele po doma ili sto imgi nosele na niv,a za stramota imavme i eden prazen plik
,zatoa mislam deka ne e stramota ako na pokanata napises deka sakas poklon vo pari
Аватар на корисникот
langida

Бело цветче
 
90
Мислења: 52
Зачленет: 15 Фев 2011, 16:26

Мислење 02 Фев 2012, 19:09

Јас сум некако неодлучна во врска со ова прашање.. Секое едно си има свои недостатоци и предности..

Јас лично, не би пишала на поканата поклон во плик, бидејќи ми е некако глупаво но од друга страна пак, си ги знаеш роднините па што ќе ти се тенџериња од 1921 година?? Колекции ли јас ќе правам?

Но, практично да му наредиш на некому донеси ми пари, мислам дека ќе се навреди па дури и нема да ти дојде..

Јас мислам дека најдобро е да се носат пари на свадба.. Барем ручекот да си го платиш.. Некој прави веселба, те повикал и тебе, сакал да е со тебе на тој ден но да не се лажеме сега, не е убаво кога ќе дојдат 6-7 души со едно ќебе за поклон... |(

Мојата свадба сакам да биде поскромна, само најблиските од моја и негова страна а не некои теткици кои се дојдени само за фаќање сеир и да се видат со роднините.. Да сакале да се видат, ќе одвојат еден викенд и ќе дојдат на гости а не се чека свадба и оп, највеќе се сакаме..Мада ова е веќе друга тема..

На мојата свадба нема да кажам дали пликче или поклон да ми донесат, гостинско право ама не сакам некој да се заиграва со мене...

Сепак, ќе кажам фино е од моја страна што сум ги поканила но би било фино и од нивна страна да не играат мајтап..

За претходните постови, кај што спомна некој празни пликоа носеле.. Јас сметам дека тоа е мајтапење, правење налудничави и понижување на некој начин.Демек еве ќе идам на свадба, ќе јадам,ќе пијам а нему ќе му тутнам пликче без пари... Безврска бе!! :swear: :fubar: :@
Аватар на корисникот
Miss666

Зелено цветче
 
254177
Мислења: 588
Зачленет: 24 Јул 2011, 17:36
Локација: Местото до Дарко Станиќ :)
Life is like riding a bicycle. To keep your balance you must keep moving.”


Don't be so quick to judge me, you only see what I choose to show:*

<3 <3 <3 <3 DARKO STANIC <3 <3 <3 <3

Мислење 03 Фев 2012, 16:15

јас лично сум задоволна едно 70% ,знаев кој колку и што ке даде пола пола ни беа поклоните,имаме се што е потребно за дома од електрични апарати,ама има и сервиси за једење кои што ама баш не се по мој вккус,не е работата за поклоните секој си знае колку може да даде ,ама луге мои имам мои најблиски роднини дојдоа со 1000 денари верувале или не 6 членови па ај замислете ,а не да немаат пари ,или моите да не му дадоа добар поклон,се сеќавам мала бев али моите му дадоа поклон од 5000 денари и то тогаш пред едно 12 години ,плус тогаш беа евтини порциите а сега ние една порција ја плаќавме по 850 денари замислете колку за еден член не дадоа поклон,али нема врска ,важно кефот беше голем за моите јас да се прашував ке направев минијатурна свадба ,и пак тие луѓе што сакаат да ти дадат ке ти дадат ,важно она што е најпотребно од кујнски работи од машини за садови за алишта се имаме ,и плус пари ;)
Аватар на корисникот
stylishh

Сино цветче
 
345549
Мислења: 383
Зачленет: 16 Јан 2011, 21:07
СликаСлика

Врати се на Свадба

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: danika и 6 гости

Site Meter