ТЕМА: Подарок за свадба

Мислење 07 Апр 2011, 12:37

Разгледав и нема ваква тема :?:
Воеднo имам и едно прашање:Во недела сум на свадба кај прва братучедка на дечко ми.Секогаш кога сме оделе со негова фамилија на свадба неговите не ми дозволуваа да дадам пари ниту за цвеќе,-а обично поклон во плик даваат,демек ми велеа ти само дојди поклонот е наша работа,пари од мене не прифаќаа иако нудев.Е сега несакам така да биде,а и од други причини-ме на**рчи мајка му ептен :devil: и сакам сама да си однесам поклон.Братучедка му велеше дека на поканата ќе пишува поклон во плик,но поканата е кај нив а несакам да се јавувам и да прашувам дали навистина така е напишано.Значи што мислите-дали да купам поклон-гледав машини за филтер кафе нео во техномаркет 800ден,или за нескафе,или да ставам 1000ден во плик?малку ли е :?: не сум ептен блиска со братучедка му па да и се јавувам и да ја прашам,ја гледам еднаш двапати годишно и онака само на обичен муабет ...... навистина немам искуство :(
Аватар на корисникот
maca99

Жолто цветче
 
14762661
Мислења: 1756
Зачленет: 19 Сеп 2010, 22:54

Мислење 07 Апр 2011, 12:51

^^^
Според мене, ако дадеш сама поклон, а сите заедно доаѓате, ќе изгледа помалку, па и повеќе лошо :worried:
Ќе даде слика и пред останатите дека нешто не е во ред, според мене...
Најдобро тие да си однесат поклон, а ти кажи им дека ти ќе го земеш цвеќето, да не земаат тие, или па старите нека си однесат поклон од нив, а ти и дечко ти од вас...
Јас и маж ми, додека бевме во врска, на две свадби кај што бевме 4-та поканети вака направивме, заедно отидовме, први тие влегоа, одма и ние, дадоа поклон тие, дадовме и ние, посебно се сликавме...чиста работа...
А вака сите одите, даваат тие поклон, а ти даваш уште еден сама :?: не оди некако...
Според мене, ти земи еден убав букет, или од оние цвеќиња од убаво платно, во сева има многу убави и големи, а има и кај пластичарите, и една голема вазна за цвеќе, оние за во ќош, има во Тинех по 600 денари, и се многу убави, вазната завиткај ја како поклон, а цвеќето одозгора врз поклонот нека го наместат, и дајте го тоа ти и дечко ти...
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
27802519
Мислења: 1676
Зачленет: 25 Дек 2009, 17:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Мислење 07 Апр 2011, 13:07

Знам дека ќе изгледа глупо така,ама нешто мора да направам,баш ми се допаѓа твојот предлог :up:
Инаку и на дечко ми сестра му доаѓа со дечко и ,ама тие даваат со нив заедно поклон,-последен пат се изнервирав оти отидовме трите-мајка му,јас, сестра му,да купуваме цвеќе-реков јас ќе го купам таа ми рече не не,јас ќе платам,потоа во цвеќарата слушнав како ќерка и и рече овие пари ги даде дечко ми за цвеќето,а оваа скришно ги зеде ,ама се направив дека не чув и не видов :( ова ме повреди,затоа што ме омаловажи на некој начин,оти откако почина татко ми во полоша финансиска ситуација сме,иако еве сега имам и јас работа-иако не е којзнае што,па и мајка ми најде,не е дека сме катастрофа,се средуваме,ама помислив дека испадна демек немам татко немам пари,и они ќе плаќаат ;( можеби и свесно прави така,за да ме повредиможе не,навистина незнам што да мислам :doh:
Затоа овојпат,од таа причина се одлучив на тоа,па и ним нека им биде глупо,јас како се осеќав?Или ќе отидам со дечко ми покасно,важно мора нешо да сторам,ќе размислам уште малку време има :|
Аватар на корисникот
maca99

Жолто цветче
 
14762661
Мислења: 1756
Зачленет: 19 Сеп 2010, 22:54

Мислење 07 Апр 2011, 13:27

^^^
Истото беше и кај мене, и јас немам татко, мада фала богу не бевме во лоша финансиска ситуација, ама она ,,демек,, сожалување, го чуствував и јас, а го чуствував и онаму каде го има и каде го нема ...и онаму каде не е сожалување туку само добра намера...
Не ги познавам луѓето и неможам да ти кажам дали така прават ради тоа што мислат дека немате, или едноставно жената мисли дека уште не си официјална снаа и стварно смета дека не треба да даваш...значи не ги анализирај, можеби се со намера да те омаловажат, а можеби ни на крај памет не им е, но ти не се замарај со тоа воопшто...
Мене повеќе ми сметаше тоа што за свадбата, свекрвица моја кога бараше 100 бовчи, не помисли дека немам татко, редовен доток на приходи дома, а си бараше...
Значи, за среќа имаме финансии добри, но кои се оставени готови и брзо се трошат, меѓутоа таа тоа не го знае, а бараше, додека син и не ја собра, па незнаеше кај да се сврти, меѓутоа јас си дадов тоа што бараше, за мир на сите, но не и заборавив што не помисли и праша имам ли од каде да дадам ??
Од сега направете ред, заедно одете сите, ама вие од вас нешто мало симболично до 1000 денари, и мирна глава...што понавреме ги расчистиш работите, се поставиш на одредена дистанца, и колку помалку се зближиш. ..толку подобро ќе поминеш ;)
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
27802519
Мислења: 1676
Зачленет: 25 Дек 2009, 17:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Мислење 07 Апр 2011, 13:37

Маца по ова што го кажа, мислам дека жената воопшто немала намера да те омаловажи, а ако го направила тоа, сигурно било несвесно, веројатно мислела на тебе и имала најдобра намера. Зошто да тргаш вакви кусури од сега? Ако инсистираш сега ти да даваш поклон сама, можеби ќе ја навредиш неа.
Понуди се повторно да дадеш пари, кажи дека сега имаш работа и не ти е проблем, туку напротив, поубаво ќе се чувствуваш ако учествуваш во подарокот. Но мислам дека не треба да носиш посебен подарок или да го тераш дечко ти да се одделите, непотребна тензија ќе создадеш.
Аватар на корисникот
LivingGlam

Жолто цветче
 
459311707
Мислења: 2073
Зачленет: 28 Сеп 2010, 14:51
„Реализмот што е ограничен со крајот на својот нос е поопасен и од најбезумната фантастичност, затоа што е слеп.“ - Ф. М. Достоевски

Мислење 07 Апр 2011, 13:40

Aбе знаеш како,јас и да немам-значи не е ептен да немам,несакам да чекам некој да ми плаќа,барем и моите така ме научија,несакам да испаднам -грев,или другите така да ме гледаат...секогаш сум прашувала за свадби и дипломски-што ќе правиме ,што ќе купиме,ако сте купила колку да ви дадам?и по автоматизам мислам следи-кој нема еден родител-нема пари,жално е,ние ќе дадеме. :envy: ..а тоа што сум му девојка не сум од вчера ,и она добро го знае,особено што планираме да средуваме веќе нешто со дечко ми-и им кажал тој,па може слободно да и станам снаа годинава :lol: а инаку ЕНЦА гледам дека комплетно се сфаќаме :(
Отидов малку оф,извинете многу,ама некако сум за поклон во плик,дали 1000ден е малку или 20 евра,30 навистина незнам,ќе си купам букет и во кутивче да ставам пари :?:
Аватар на корисникот
maca99

Жолто цветче
 
14762661
Мислења: 1756
Зачленет: 19 Сеп 2010, 22:54

Мислење 07 Апр 2011, 13:44

LivingGlam напиша:Маца по ова што го кажа, мислам дека жената воопшто немала намера да те омаловажи, а ако го направила тоа, сигурно било несвесно, веројатно мислела на тебе и имала најдобра намера. Зошто да тргаш вакви кусури од сега? Ако инсистираш сега ти да даваш поклон сама, можеби ќе ја навредиш неа.
Понуди се повторно да дадеш пари, кажи дека сега имаш работа и не ти е проблем, туку напротив, поубаво ќе се чувствуваш ако учествуваш во подарокот. Но мислам дека не треба да носиш посебен подарок или да го тераш дечко ти да се одделите, непотребна тензија ќе создадеш.

Епа незнам ни јас како да го сфатам,едноставно несакам да ме гледаат со сожалување :( и мајка ми вели да не стварам тензии, ама тоа уште ме држи едноставно ме жегна во срце :( несакам цело време да испаднам добра и да им попуштам,а јас да и нудам пари нема шанса-може само да му дадам на дечко ми да и даде,ама проблемот е што несакам да прашувам колку...незнам навистина,само јас ли да правам компромис? не е работата за поклонот колку за целата ситуација :| фала сепак,може ќе почекам таа да се јави и да ме праша-ако се јави
Аватар на корисникот
maca99

Жолто цветче
 
14762661
Мислења: 1756
Зачленет: 19 Сеп 2010, 22:54

Мислење 07 Апр 2011, 13:51

1000 денари не се малку од тебе, па уште и цвеќе, јас имав 3-4 пликоа со по 1000 денари, од возрасни нели, по двајца...
Ама според мене, сепак е подобро некој украс и цвеќе, или како што ти реков вазна и цвеќе, отколку да пружиш плико таму пред сите, вака поклонот нека го даде дечко ти, домаќините ќе сватат дека еве вие како млади сте сакале од вас нешто да им остане, а свекрва ти ќе знае дека ти си го купила тоа, и според мене, сите моменти кои ти се битни тебе во ситуацијава ќе бидат задоволени...
А посебно немој да одите, одете заедно, заедно влезете, ама еве веќе како пар кој се спрема за осамостојување, и нели плаќаат 2 порции и за вас, сакате и од вас да има поклон...покрај главниот, фамилијарен, нели...
Дајбоже да си се земете годинава, и да бидете среќни, ама не се зафаќај за ситници, не ги анализирај работите толку...ќе си направиш проблеми непотребни...дистанца само...
Коректен однос, пријатен, но во исто време и воздржан...проверен рецепт ;) :D
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
27802519
Мислења: 1676
Зачленет: 25 Дек 2009, 17:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Мислење 07 Апр 2011, 13:53

Маца јас мислам дека жената не мислела ништо лошо. И јас сум само со мајка и искрено ретко има такви ЛУЃЕ. Таа сигурно не мисли ништо лошо, туку едноставно те прифатила како некој од нивното семејство и нема зошто ти да даваш кога поклонот е од цело семејство. Друго е дечкото на сестра му, затоа што сестра му и тој ќе бидат друго семејство, а ти ќе одиш во нивното. Купи само цвеќе ;)
Ете ти пример од Енца нејзината свекрва каква е. Не сакам и јас сожалување ама па треба некои луѓе да имаат осет. Како ќе бара се и сешто кога треба да сфати дека ние имаме една потпора не две.
Аватар на корисникот
marama

Жолто цветче
 
968610483
Мислења: 2752
Зачленет: 20 Апр 2010, 18:04
Локација: во плакарот од соништата
„Нам уште убавината ни остана, но на пат сме и неа да ја ставиме под стечај. Време е да ја наостриме и да ја претвориме во погубно оружје“
Горан Трајковски - Мизар

Мислење 07 Апр 2011, 14:12

И јас сум само со мајка ми и ме нервира многу кога некој ме сожалува.Да не бидам оф,јас на твое место само би инсистирала да го купам букетот,а поклон нема смисла да се двоиш.
Аватар на корисникот
jarec6

Зелено цветче
 
698425
Мислења: 785
Зачленет: 11 Јун 2010, 19:59
Слика

Слика

Врати се на Свадба

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: danika и 6 гости

Site Meter