Одлуката да почнеме да живееме заедно ја донесовме заедно, во спонтан разговор... дипломиравме, работевме, имавке во мометот кај да живееме, заедно бевме 5 години... и еден ден разговаравме за иднината, и решивме да живееме заедно и да почнеме да градиме куќа. Потоа исто така спонтано закажавме свадба - нашите родители сакаа да се „легализираме“, и рековме ок
Не знам зошто, никогаш не сум сакала класично запросување. За мене бракот и заедничкиот живот се прашање на договор, и двајцата треба да решат кога ќе се случи. Гледам многу девојки околу мене што сакаат да се омажат, имаат долги врски, ама чекаат дечковците да ги побараат. Зошто мора да биде така? Зошто машките да одлучуваат кога да се стапи во брак?





