Каков што ми е животот, замислувам дека јас ќе морам да речам прва - Абре ќе ме зимаш или да кршиме глава?
Инаку, отсекогаш сум сакала интересна понуда за брак, со убав прстен на прометно, бучно, јавно место. Сум кажала дека на само, ние двајцата да се гледаме и да трепкаме, не сакам. Сакам бре целиот свет да ме види како врескам од среќа!
Мој другар и понуди брак на девојката, сега веќе вереница на Ла Рамбла во Барселона. Застанал демек она да го слика, ама далеку и клекнал со прстенот. Она мислела дека само позира и му викала цело време, ама приближи се поблиску, не ми е добар зумот на апаратот. Кога конечно се доближил, девојката сфатила за што се работи и експлодирала од среќа. Претходно другаров договорил еден турист од страна да ги снима, за да имаат за спомен. Многу е интересно клипчето, милион луѓе од страна аплаудираат, носат цвеќиња, едноставно магично.