ТЕМА: Презимиња за во брак

Мислење 06 Фев 2012, 00:18

Јас пак многу сакам да си го задржам моето презиме. :)
И ќе инсистирам на тоа да имам 2 презимиња, сметам дека дечкото (идниот маж) не би требало, и нема за што да се лути.
Аватар на корисникот
SexyLady

Жолто цветче
 
27093684
Мислења: 2365
Зачленет: 05 Сеп 2010, 15:33
СликаСлика

Мислење 06 Фев 2012, 22:48

можеби звучи чудно, ама не сум размислувала на таа тема сеуште
ке мислам кога ке дојде време :)
Аватар на корисникот
srcekrsacka

Жолто цветче
 
4542804
Мислења: 1613
Зачленет: 26 Ное 2010, 18:13

Мислење 06 Фев 2012, 23:26

Или на моето ќе го додадам неговото со наставката -ски или ќе го земам само неговото исто со наставката -ски.
Се тоа е работа на договор помеѓу партнерите и не ми смета да ја слушнам и неговата желба.
Аватар на корисникот
IvanaMkd

Жолто цветче
 
24372033
Мислења: 3291
Зачленет: 29 Јан 2012, 01:15
Локација: Во неговите мисли...
Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце... јас го сакам животот!

Слика

Мислење 07 Фев 2012, 18:09

Денес слушнав мислење за темава од машка страна. Дека во неговото друштво, ако жената го задржела своето презиме, станувал де факто трајно предмет на подбив и потсмевање. И ме замисли да бидам искрена. Иако и не се знае дали ќе дојдам некогаш до институцијава брак, ама доколку се случи значи, јас лично одбивам да биде третиран тој како homo papucharus, не знам на некои жени може и им ласка ова, да биде мажот универзална златна папуча и дома и пред светот, ама мене ми е навреда... И онака не го разбирам моментот како се губи идентитет со загуба на презимето, еве сите оние кои ме знаат од дете и сме се запознале низ образовните циклуси - основно, средно и факултет, секогаш би ме помнеле по моето моминско презиме, многу нормално, а оние што ќе ги запознаам подоцна, не знам што улога ќе им игра тековното или минатото презиме. И за крај, постојат далеку пострашни губења на идентитет во бракот, независно од презимето на официјалната документација...
Аватар на корисникот
Theodora

Жолто цветче
 
44603391
Мислења: 1427
Зачленет: 19 Јан 2011, 20:18
There's a fine line between fishing and just standing on the shore like an idiot.

Мислење 07 Фев 2012, 18:14

Не ми е јасно како порано на никој не му текнало ова со презимињава,туку се знаело жената го зема презимето од мажот и точка...Но,21ви век сме,време на промени,па мора да се менува се,во сите области па и тука...Мене лично воопшто не ми се допаѓа тоа со наставката -вски -ов,што ако сопругот има незгодно презиме кое воопшто не одговара со името од жената?Не се гледа тоа,битно се следи трендот...Тоа со моминското е ок,доколку така се договорат со сопругот,сепак јас сум за преземање на презимето од сопругот нормално со наставка за женски род...
Аватар на корисникот
LaDyDoLl

Сино цветче
 
255130
Мислења: 227
Зачленет: 05 Јул 2011, 21:44
Локација: My favourite place is inside your hug!
Слика

Мислење 13 Фев 2012, 00:37

Јас закажав во матично и таму се изјаснив дека ке го носам само неговото презиме во оригинална форма. Според некого како што прочитав тоа е "сељачки", но според мене цел свет така функционира, останавме уште ние и бугарите со поделба на машки и женски презимиња. Сметам дека едно семејство треба да носи едно презиме а не две, ски и ска, и сметам дека тоа што не го задржав моето презиме иако е единствено во Македонија, поради тоа што не е македноско, не значи дека не го сакам или не го почитувам моето семејство доволно. Исто така не значи дека таа што го задржала моминското презиме го сака татко и повеќе отколку што јас го сакам. Да не се лажеме, не го продолжуваме векот на моминското презиме со негово задржување, тоа сепак останува средно, крајното е на сопругот, а децата нема да видат ни буква од моминското.
Аватар на корисникот
I.vana

Бело цветче
 
236
Мислења: 90
Зачленет: 10 Фев 2012, 03:17

Мислење 13 Фев 2012, 08:48

I.vana напиша:Јас закажав во матично и таму се изјаснив дека ке го носам само неговото презиме во оригинална форма. Според некого како што прочитав тоа е "сељачки", но според мене цел свет така функционира, останавме уште ние и бугарите со поделба на машки и женски презимиња. Сметам дека едно семејство треба да носи едно презиме а не две, ски и ска, и сметам дека тоа што не го задржав моето презиме иако е единствено во Македонија, поради тоа што не е македноско, не значи дека не го сакам или не го почитувам моето семејство доволно. Исто така не значи дека таа што го задржала моминското презиме го сака татко и повеќе отколку што јас го сакам. Да не се лажеме, не го продолжуваме векот на моминското презиме со негово задржување, тоа сепак останува средно, крајното е на сопругот, а децата нема да видат ни буква од моминското.

Да и ја се сложувам дека е многу поубаво во оргинална верзија, како во цел свет што е. Но ако со векови наназад било така од страна на нашите претци, ако сме си специфични по тоа, не би го менувала начинот.
Аватар на корисникот
Snow-Queen

Црвено цветче
 
3061739
Мислења: 5320
Зачленет: 03 Ное 2011, 09:08
Локација: Во срцето на дечко ми...♥
Слика
Слика♥˙·٠•●♥●•٠·˙♥ Не сакам да си совршениот, сакам да си вистинскиот ♥˙·٠•●♥●•٠·˙♥Слика
Слика

Мислење 13 Фев 2012, 09:06

Јас ќешки да се омажам,да си ја најдам љубовта, па за презимето најмал проблем.

Како и да е, мене се ми е прифатливо, зависи како ќе звучи моето име, дали ќе го додадам во оргинална форма, дали ќе го додам во женска верзија, дали ќе го задржам своето или само ќе го земам неговото, се зависи како ќе ми звучи тоа тогаш.

Кој како си сака, така нека си направи. И да е само од кејф, без причина не гледам потреба да се осудува нечива одлука, како којзнае што да направил.

Семејната лоза ќе продолжи со гените, зошто битен е духот со кој се пренесуваат фамилијарните вредности, презимето е најмал проблем, барем за мене.
Аватар на корисникот
drugarka

Сино цветче
 
13081222
Мислења: 466
Зачленет: 09 Окт 2011, 23:26
Локација: Скопје
Слика

Мислење 13 Фев 2012, 10:46

Не би се сложила дека целиот свет го зема презимето во оригинал, па затоа треба и тука. Како прво, во поголемиот дел од словенските народи (Русија, Полска, Чешка и сл.) постои женска и машка форма на презимето (таму каде што презимето трпи машка и женска форма).
Генерализацијата за целиот свет паѓа во вода дури и за добар дел од светот во кој жената го задржува своето презиме (Шпанија, Италија, Кореја, арапскиот свет, Исланд итн).

Секако дека секој може избор по сопствена волја и да си направи, но останува фактот дека земање на презимето на сопругот во оригинал е мода, а не тредиција или правило.
darcy

Фем почетничка
 
190
Мислења: 41
Зачленет: 14 Фев 2011, 11:56

Мислење 13 Фев 2012, 12:21

darcy напиша:Не би се сложила дека целиот свет го зема презимето во оригинал, па затоа треба и тука. Како прво, во поголемиот дел од словенските народи (Русија, Полска, Чешка и сл.) постои женска и машка форма на презимето (таму каде што презимето трпи машка и женска форма).
Генерализацијата за целиот свет паѓа во вода дури и за добар дел од светот во кој жената го задржува своето презиме (Шпанија, Италија, Кореја, арапскиот свет, Исланд итн).

Секако дека секој може избор по сопствена волја и да си направи, но останува фактот дека земање на презимето на сопругот во оригинал е мода, а не тредиција или правило.

Точно!
Сами си го негираме и унаказуваме јазикот со тоа!
Прифатете луѓе Македонија сме, ова е македонски јазик, имаме поделба на машки и женски род во јазикот, како и во презимињата, па и во тоа е убавината едни и единствени сме што се презиваме на -ска и -ски па ете во тоа сме оригинални. А ова што се прави денес мислам дека е само од мода и помпезење и желба да се биде што пооригинален и поразличен од другиот |( . Како што гледам за едно 20тина години и сосема ќе ја отфрлат наставката ски/а или ќе почнеме да земаме американски презимиња...мислам да се знае не сме којгоде |(
А што се однесува до мене нема да додадам го додадам неговото презиме на моето (сакам едно презиме) веројатно ќе си го задржам своето или (помалку веројатно) ќе го земам од мажот ама во женска варијанта - зошто нели женско сум ;)
Аватар на корисникот
Stam

Сино цветче
 
163299
Мислења: 255
Зачленет: 09 Сеп 2010, 19:01
Great minds discuss ideas, average minds discuss events, small minds discuss people.

Врати се на Свадба

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: elygj, slimy и 6 гости

Site Meter