ТЕМА: Ресторани за свадба

Мислење 21 Апр 2011, 14:10

Здраво на сите :) Ме интересира вашето искуство со ресторани за свадба во Скопје. Планираме да го одбереме хотел Континентал па би ми било мило ако споделите некое ваше мислење на темава :f:
Аватар на корисникот
Sun.shine

Сино цветче
 
82117
Мислења: 188
Зачленет: 21 Апр 2011, 13:51

Мислење 27 Апр 2011, 13:12

За Континентал сум слушнала дека во последно време многу го расипале во поглед на све.Можеш убаво да си се распрашаш по луѓе.
Иначе за ресторани низ Скопје имаш голем избор,зависи се од вкусот и условите.... :)
Аватар на корисникот
ane-sk

Фем почетничка
 
30
Мислења: 26
Зачленет: 01 Мар 2011, 14:43

Мислење 27 Апр 2011, 13:30

Јас не го препорачувам контитенал воопшто...порано бил бр 1,ама тогаш па и бил можеби и единствен,незнам,мегутоа е тапа,колку и да им е цената на менито не вреди..јадење лошо,услуга лоша,тесничко...незнам,сум била и не ме бендиса со ништо :D моите имаат правено свадсба пред 20 години таму,богата убава голема свадба,и тогаш бил некое име како палас денес,но пред 20 години :D
Мн ми се свига ден и нок,само ме нервира тоа шанкот на сред сала,мегутоа мн отмено изгледа,а и храната е на ниво,20 евра мислам е порција.незнам да не лажам,не сум сигурна... исто така ми се свига и балканика ако сте за поинтимен ручек...ореов лад исто,но одамна сум била,незнам сега што како е..палас ми го збореше братучетками како идеално според неа,од амбиент,услуга,храна,големина,ама заттоа и се врв во цени,од 35-40е ,па нагоре е менито...
растрчкај се,имаш избор,погледни ,ке го најдете тој за вас сигурно :)
Аватар на корисникот
Rubiii

Зелено цветче
 
634567
Мислења: 711
Зачленет: 17 Фев 2011, 18:39
Локација: Малдиви

Мислење 27 Апр 2011, 15:55

И јас мислев како вас се додека не ја видов реновираната сала - клуб Фонтана, еве линкче http://www.hotelcontinental.com.mk/wedd ... ntana.html

Ги прошетавме сите можни ресторани и хотели во Скопје, ама ова беше полн погодок... Се заљубивме во салата на прв поглед, веднаш смисливме како ќе биде уредено и посебно ни се допаѓа приемниот дел со фонтаната и пиано. Инаку, останатите сали им се крш, не се реновирани минимум 15-20 години :D
Аватар на корисникот
Sun.shine

Сино цветче
 
82117
Мислења: 188
Зачленет: 21 Апр 2011, 13:51

Мислење 17 Мај 2011, 11:07

Mалце сеа си тресете од ракав за цени :) Пред некое време кога баравме ресторан за нашата свадба, баравме исклучиво голема сала (свадбата ни е поголема) и се разбира изборот се стесни на Палас, Холидеј Ин, Њу Стар и слични. Палас воопшто не почнува со цени над 35-40е за порција, туку почетната порција е 1350денари па нагоре. Холидеј Ин мислам беше од 1000денари па нагоре и така натаму. Мене лично бидејќи свадбата ни е летна, не ни се допаднаа толку Палас и Холидеј Ин во смисла што салите им се со теписони и огромни непрозирни завеси, некако ме гуши за во лето. Инаку Палас сега малку се припи*иле па ако сакате да имате отмен пречек на гостите преку главниот хол молим лепо ќе си доплатите 20,000 денари. Инаку салата мора да ви е сосема празна до 1 часот после полноќ ама СКРОС празна затоа што се доплаќа закуп за секој следен час :) Па мислете му ја ако се задржите до кај 1,15 :lol:
Инаку за храна, не мора да значи дека било што е гаранција дека ќе биде супер квалитетна. Сум била на свадба во Холидеј Ин и храната беше заникаде, но верувам дека тоа не е секогаш така. Треба некогаш и среќа да те погоди.

Ние закажавме вечерна свадба во Њу Стар, за мени ќе се договориме 10 дена пред свадбата инаку има широк избор со цени кои почнуваат од мислам 11,5 евра како најефтино па нагоре. За пијалок во сите ресторани е различно, на пример во Њу Стар има пакет од 3е и пакет од 5е по особа. Мене пред се ми се допаѓа и локацијата и амбиентот на Њу Стар, наоколу зеленило, надвор од градскиот метеж, преубава фонтана за фотографирање, подобро за лето, амин. Размислувавме и за варијанта покрај базенот но сепак, свадба се прави еднаш, а Скопје како Скопје, недај боже... :)
Аватар на корисникот
girl1985

Зелено цветче
 
6981258
Мислења: 977
Зачленет: 10 Јул 2010, 12:04
Слика
Слика

Мислење 17 Мај 2011, 12:07

Не е во Скопје но е прекрасно место за веслби!
Хотел Сириус, кристална сала ;)
Слика
Аватар на корисникот
mina

Жолто цветче
 
485136
Мислења: 1260
Зачленет: 22 Ное 2009, 16:56

Мислење 17 Мај 2011, 12:33

Според мене летна свадба на отворено...па според тоа веднаш имав потесен избор на ресторани...
Прво, ми се допадна најмногу Ореов лад, ама тоа е за свадба со мах. 180 гости, али што е убаво убаво е, цените пристојни од 13-18 е, а менијата богати...
Потоа на ред ми дојде Пантелејмон...погледот прекрасен, црквичката исто, менито интересно, пристојни цени, ама тоа салата дрвена и нереновирана 100 години ме одврати...
Одлуката падна на Белви, и отидовме да однесеме капар, али толку нељубезно не пречекаа, толку ограничувања ни поставија, па уште на 50 гости еден келнер, и патот под нозе избегавме...
Ми го предложија Имес во Карпош, и веќе без надеж отидов таму, али зима беше, па надвор ништо немаше, а внатре тоа саличката ич не ми се допадна, ама дечкото ми вика ќе ти ја пуштам последната летна свадба, откако реновиравме...
Е тоа беше тоа...полн погодок...тоа што замислував и сакав...воодушевена бев до небото и назад...
Очекував да биде убаво, но амбиентот, услугата и храната на свадбата ми ги надминаа сите очекувања...а богами и на гостите...
Порциите беа 19 евра, ама затоа што во пиењето ги имаше сите жестоки пијалаци, и виски, а да не зборувам дека ордеверите им се прекрасни, со јајца од препелица и триста тракатанци...
Амбиентот, зеленило, цвеќе, фонтана, рипчиња, небо, звезди, светла во боја, звездено небо над невестинската маса....
Инаку цените се движат од 14-20 евра со неограничено пиење, ордевери менуваат нон стоп, само што ќе се испразни нешто, а не како секаде, ти даваат две саламчиња и едно кашкавалче и тоа е...
Предјадењето им е феноменално, порциите :x ...
За услугата посебно немам зборови, келнери на секој чекор, еден беше задолжен само за невестата и младоженецот, и на секој мој чекор трчаше... :o
За сите мои пропратни барања, како фонтани, диџеј, коктели, ми обезбедија максимум услови, трчаа и се ангажираа за се, додека во Белви за се ова ми побараа пари плус, и да си донесам маси и чаши :o , и дури за огнометот па вака па така, па до 8 саат може покасно не :x ...овде, се што ми текна ми исполнија, и уште ми продолжија саат ипол повеќе... :)
Немав видено такво нешто...
Не беше баш ефтино, ама сепак не беше ни најскапо, ама тоа што се добива е стварно беспрекорно...
Се изнапишував, се заборавив, ама јас сум презадоволна и топло го препорачувам...па можеби некому ќе помогнам, а знам колку значи помош во вакви кризни моменти :lol:
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
27802519
Мислења: 1676
Зачленет: 25 Дек 2009, 17:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Мислење 17 Мај 2011, 12:39

Еве ви и некоја слика од Њу Стар:

Слика

Слика

Слика

Слика
Аватар на корисникот
girl1985

Зелено цветче
 
6981258
Мислења: 977
Зачленет: 10 Јул 2010, 12:04
Слика
Слика

Мислење 17 Мај 2011, 12:42

enca.69 напиша:Според мене летна свадба на отворено...па според тоа веднаш имав потесен избор на ресторани...

И ние гледавме во Имес, но надвор иако капацитетот ќе сместеше 350 гости колку што одприлика планиравме, не ми се допадна тоа што (ова знам дека сум била таму на свадба летна надвор) масите на гостите некако се поставено по должина, и никој со никого не се гледа од дрвата а камоли да гледаш кај што се игра. За до кај 200-250 гости можда е ок. За повеќе ЈОК. За Белви и јас знам парови што така избегаа од таму, а да не ги спомнувам старовремските прибори со онаа линијата ... уф, а Пантелејмон? Исто ко од пред дедо Ное останато башка што чекавме сто саати некој да дојде да седне со нас да ни каже што и како а келнерине, како од маалска биртија. Внимавајте многу и на тоа колку келнери се на колку луѓе. Викендов бевме на свадба во Под Кале, еден келнер мислам на 6 маси служеше, да се изначекаш... Вечера служеа точно пола саат! Одкоа музиката посака пријатна вечера и престана да свири после точно пола саат бевме услужени. Просек кај нас во рестораниве е еден келнер на 50 што е премалку! Во Њу Стар понудата е 1 келнер на 20 гости некаде. Па здравје, ќе видиме.
Аватар на корисникот
girl1985

Зелено цветче
 
6981258
Мислења: 977
Зачленет: 10 Јул 2010, 12:04
Слика
Слика

Мислење 17 Мај 2011, 13:11

^^^
Грл јас имав 250 гости и беше беспрекорно, мислам масите беа таман поставени, а нели има и 4 големи плазми на кои оди венчавката, па потоа се префрлаат во живо :lol: од центарот на орото и на чочекот :lol:
Можеби би било проблем за поише гости, на тоа не ми текнало воопшто, ама па мене ми предложија како сакам да ги свртам масите и по желба и округли да ми донесат, а со тоа мислам дека слободно ќе се реши ова што изгледа како проблем...
Сеедно, јас го добив тоа што го замислував отсекогаш, бев пресреќна што најдов место што се поклопи со секоја моја замисла, дека после 11 ми беше замислено како летна дискотека, журка со диџеј и со коктели, па бев презадоволна...
Секој со желбите и замислите, јас мислам дека ништо не е побитно од тоа, да работите излезат онакви какви си ги замислувала, онака како ти е желбата, мојата секогаш беше свадба на отворено, и венчавка на Канео, ништо друго не доаѓаше во предвид... :o тврдоглаво некое створење сум, па излезе така :lol:
Како и да е, ти посакувам сите очекувања и желби да ти се исполнат, се да помине како подмачкано, и што помалку стресно, и совет од мене за престојниов период, не дозволувај да те поколебаат за ништо што ти е желба, колку и да настојуваат, твој ден, и да си направиш баш како што ти сака душичката...
Голем поздрав и се најубаво...
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
27802519
Мислења: 1676
Зачленет: 25 Дек 2009, 17:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Врати се на Свадба

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: elygj, slimy и 6 гости

Site Meter