Разгледувам неколку пати по темиве меѓутоа неможам да најдам никаде ваква тема на форумов! Вака сега ми треба сликар за на свадба некако шетам по овие што се низ центаров на Скопје попознативе демек и поквалитетни ама не ми оставаат посебен впечаток...неможам кај еден фотограф да најдам се копмлет и убави слики и убава снимка и убава цена па би ве замолила доколку некој има некакво искуство со фотографи да пише....однапред благодарам
Сликари за свадба Зага се одлични ама види со цена како ти одговараат. мене искрено ме сликаа Маестро (Ново лисиче) и сум презадоволна, види погледни што би ти понудиле Поздрав
Да најдобри се Zaga Production, покрај добрите слики препознатливи се по видеата love story што ги прават.
Сликари за свадба Ги гледав Zaga produsction и ептен ми фаќаат око ама се плашам да прашам за цена како и да е сигурно ќе ги исконтактирам деновиве а баш ме потсети кики-82 на маестро, па ќе видам и таму. Фала ептен
Сликари за свадба Не планирам да имам професионален сликар на свадба. Сите тие наместени фотки ми се грди, неинвентивни и провидни. Видам ли невеста која се гледа во огледало и чкрапната заедно со нејзиниот одраз, црева ми се вртат. Видам ли онаму кај матичното во тоа паркчето оваа оптегната на клупа, со некоја пијано-блажена фацка, и рака која виси, а овој демек и ја бакнува, исто Или оние каде што искачаат од позади некое дрво. Абе ајде, кое глумење лудило. Па после сите 6734 фотографии извадени и залепени во оние албумите од по 15 кг. - На, разгледувај слики од свадба. Мавни ми се ма. Не ја сфаќам поентата, мразам такви свадбарски фотки, мразам и фоткање со невеста, кутрата, се уморува од позирање и наместена насмевка. И после тоа делењето фотки. И онака 90% од луѓето си имаа дигитален апарат, понеси го, чкрапни некој интересен момент и крај. А видеата love story... посебен момент. Би ги забранила со закон! Знам дека звучам како некој раскенкан хејтер, ама највистински ми е кич, безвредно фрлање пари, а да не зборувам за неинвентивност. Сами ќе се чкрапнеме како знаеме и умееме и 100 пати ќе се подобри од некои наместени пози, ко восочни фигури во Мадам Тисо.
Сликари за свадба На свадбата од сестра ми, им сликаа студио 5 па беа задоволни и многу интересни слики направија. И ептен професионални се,како студио.
Сликари за свадба Баш разговаравме пред некој ден со колешките за сликариве по свадби зашто ги гледавме клиповите на Зага. Дечките се професионалци, креативни, фантастични. Веќе година дена постојано си ги гледам нивните слики и клипчиња Како што кажа колешка сестра и ја снимале на свадба за 50сетина евра, а сликите си ги доплаќаш потоа и си одбираш колку и кои да ти се развија, големина ова она уште 300 евра отприлика тие доплатиле. Зага те снимаат и сликаат за 500 евра почетна цена, се понатаму зависи ако сакаш 2ца сниматели, 3ца фотографи, монтажни камери во сала бла бла се тоа си зголемува цена. А сликите потоа нели секаде сама си ги одбираш и сама си ги вадиш. Од 50 евра до 500 евра Зага има оооооогромна разлика. Поточно да заокружиме од 350 до 800 евра ехеееееее. А на свадба толку има давање пари и секакви ситници коштаат што тие 500 евра на многумина им значат и тоа како. Значи Зага сепак не може секој да си ја дозволи за жал колку и да посакува.
Сликари за свадба ^ И јас сум слушнала дека се најскапи. Мене посебно ми се допаѓа што ако сакаш не те местат како сите други, него фаќаат моменти. Има и на страницата една категорија моменти и може да се види како тоа изгледа. Јас поодмна гледав неколку слики од пријателка и беа преубави, многу интересни, спонтани и најбитно не беа со онаа вештачка насмевка на невестата. Неочекувано фатени, а сепак не со некои изреметени фаци. Спред мене се стврано професионалци.
Сликари за свадба 500 еур...тоа е премногу за сликање и снимање барем јас така мислам, икако ко ќе видиш на крај од се што си платил на свадбата и музика и ресторан итн итн итн само сликите ти остануваат ама некако многу ми изгледа мене тоа
Сликари за свадба зага навистина се добри, но има и други кои сликаат исто така многу добро. незнам колку е во ск и другите градови, но во бт цената на зага се движи од 150 евра до 400 евра мислам дека ни рекоа кога прашувавме ние за нашата свадба, а разликата беше дали ке ти снимаат еден или двајца сликари и бројот на сликите кои ке ти ги дадат мене конкретно на свадбата ми снимаа пинк од битола и сум презадоволна снимката е феноменална а исто и сликите, имавме 200 слики, 2 коплети цд, 2 постери.ни зедоа 200 евра зато шо идеа и до охрид а има мн голема разлика, комшивката платија 50 евра за снимателот ама сликите и снимката се како јас за сум снимала мое мислење е поарно да се плати повеке, затоа што сликите остануваат а се друго ке се заборави
Сликари за свадба ^ уф па ова е голема разлика од тоа што мене ми кажаа. А лично ги прашала девојка и и кажале 500 евра. Јас помислив без слики е толку. Зашто во Скопје во поголемиот број студија си ги доплаќаш потоа сликите. Ако е 500 вкупна цена пример за во Скопје, а другите се вкупно со слики 300 да речеме евра, па ај не е преголема разликата. Како и да е се плаќа поскапо зашто од Зага сите се од Битола, па доаѓаат во Скопје пример само за свадбата и си плаќаш трошоците патни. Хммм. Може е грешка девојката што ми кажа. Најдобро е уште некој да каже што ги контактирале Зага. Може е до 500 евра, а не почетна 500. Се надевам дека ти си во право, а јас лажам
Сликари за свадба за битола сигурна сум за цената затоа што лично бевме таму прашавме, можда ск имаат друга политика на работење, а инаку бт сите понуди без разлика за кое студио се работи, вклучуваат слики, и комплет цд од свадбата, а ако сакаш плус слики после тоа се движат од 20ден па нагоре а инаку мислам дека нема врска тоа со патните трошоци толку многу да влијае на цената, сигурно е друго нешто работата нас кога идеа за ох снимателите ни рекоа да им наполниме бензин колку што е потребно за ох
Сликари за свадба Јас имав голема желба да ми сликаат Зага на свадба,но кога ми ја пратија понудата шок ме удри.Нај ефтината понуда беше 700 евра па нагоре и на крај се одлучив да ме слика друго фото студио.
Сликари за свадба еллеле абе аман шо сторија???700 евра???стварно ја претерале!!!сликите се исти, технологијата иста со другите
Сликари за свадба Vo Zaga odat na paketi.imas paket od 200 e pa nagore.za 200e dobivas 2 kompleti(3 cd vo komplet) i 100 sliki za drugite si doplakjas.imas i komplet sto vklucuva i posteri i stampani sliki kako vo kniga ama toj mislam bese nad 500e.
Сликари за свадба Бев кума на една свадба кај што снимаа Зага. Сликите исто како и на сите свадби,но и многу полоши,некои пози ,ненаместени,фаќале некои кадри ,само раката да ти се види. Снимката од свадбата исто како и кај секоја друга. Е сега најавната шпица на цедето од свадбата беше убаво измонтирано и направено малку пософистицирано. А свадбата не е некој филм,тоа си е. Мислам дека не вредат за парите. Мене лично не ми оставија посебен впечаток.
Сликари за свадба За понудата од Зага да ја најдам и ќе ви ја пуштам да ја видите какви им беа цените..