Не планирам да имам професионален сликар на свадба.
Сите тие наместени фотки ми се грди, неинвентивни и провидни.
Видам ли невеста која се гледа во огледало и чкрапната заедно со нејзиниот одраз, црева ми се вртат.
Видам ли онаму кај матичното во тоа паркчето оваа оптегната на клупа, со некоја пијано-блажена фацка, и рака која виси, а овој демек и ја бакнува, исто
Или оние каде што искачаат од позади некое дрво.
Абе ајде, кое глумење лудило.
Па после сите 6734 фотографии извадени и залепени во оние албумите од по 15 кг.
- На, разгледувај слики од свадба.
Мавни ми се ма.
Не ја сфаќам поентата, мразам такви свадбарски фотки, мразам и фоткање со невеста, кутрата, се уморува од позирање и наместена насмевка.
И после тоа делењето фотки.
И онака 90% од луѓето си имаа дигитален апарат, понеси го, чкрапни некој интересен момент и крај.
А видеата love story...

посебен момент.
Би ги забранила со закон!
Знам дека звучам како некој раскенкан хејтер, ама највистински ми е кич, безвредно фрлање пари, а да не зборувам за неинвентивност.
Сами ќе се чкрапнеме како знаеме и умееме и 100 пати ќе се подобри од некои наместени пози, ко восочни фигури во Мадам Тисо.