Ајде вие искусни невести, посочете си ги вашите пропусти,и со што би ги посоветувале идните невести.На што да (не) придаваат значење? Што да (не) прават? ....и слично
јас сум тазе невеста и искрено не би зборувала за пропусти бидејќи воопшто не ме интересира дали ги имало. ние со мм си се однесувавме како гости на свадбата и ама ич не се замаравме. сигурно има милион коментари од страна ама пак ќе кажам ни најмалку не ме тангира. мој единствен совет, не се замарајте за ситници бидејќи немаат никакво значење, бидете си гости на сопствената свадба и уживајте. најбитна е љубовта и бракот а за тој ден самата забава. јас си бев во мој стил опуштена и ич не му ја мислев, и си поминав најубаво.
Само едно ќе ти кажам прави си ја свадбата како ти што сакаш и како што тебе ти одговара, дека знаеме како е денес ќе се замеша некоја баба па ова требало она требало и на крај турли тава, како си замислила така терај и никого не слушај, јас и мм сами се си спремивме не ни се мешаше ама баш никој, не ни смееше и си испадна супер свадбата....
Сеќавањето ми е сеуште тазе иако се ближи и втората годишнина. Најбитно за невестата и младоженецот да се насмеани и весели ,па и да не ти се смее (од секогаш сум мразела на свадба кога ке видам тумрук невеста,како со сила да ја мажат,или пак зет кој не сака да игра на ниедно оро,а најлошо е кога ќе забележам групација од спротиставени страни како играат и во нив од една страна невестата од една зетот,,сакате ли војска е работава). Кај нас небеше така,јас и мм речиси сите ги станавме од маса ,после официјалните ора се направи една убава журка младите додуша повеќе уживаа ,ама и беа во поголем број ,не дозволивме да јас цело време играм со моите роднини туку напротив повеќе внимание им посветив на оние кои не ги познавав . И не го правев тоа само за да ги испочитувам едноставно така ме водеше ситуацијата,сакав сите да уживаат на нашата веселба. Музиката е исто битна ,таа заедно со младите ја прават атмосверата,мм и јас направивме список како да биде со песните но далеку од тоа беше,бидејќи кога луѓето ке станат да играат одма се гледа на што се прави атмосвера и јас отидов кај музиката и им реков заборави на списокот и глеј луѓево како реагираат така свири и им препуштивме све нив и не згрешивме. Имавме дури и изненадување од музичарите за кои и ние не знаевме на сред свадба кога беше ептен загреана атмосверата ,светлото се пригуши и басистот вика ајде да ја видиме идната невеста како ќе се покаже и јас цела и замислете околу нас луѓе а они ми ја свират Joe Cocker - You Can Leave Your Hat On ,епа невесто спремисе и на ова незнаеш што ќе те снајде. На вечерата задолжително од маса на маса наздравивме со сите гости и им посакавме пријатна вечера,и дури сите вечераа јас и мм игравме танго на нашите омилени песни. За адетите ги истеравме ради атер на старите кои не дека ги знаеја и они туку така им кажале ,па правевме и ние што ни рекоа(тоа беше сликарот кој кажуваше ај сега бурмите во брашно,па незнам кокошката ,па питата ,ама искрено тоа само за сликање беше,имаме доказ ама никој не виде што и како ,ние во соба седнати тој ни принесе се како треба по ред и сликаше) ето тоа мислам дека требаше да се прескокне ама бидна. Наоружајсе со трпение и извежбана насмевка за време на сликањето со гостите (најнапорно нешто ми беше тоа). Доколку младите сами си ја прават и платат свадбата ,нема дилема дека ке си прават како они што си сакаат,но доколку родителите ја плаќаат треба да разберете дека и на нив им е ќејф некои работи да ги направат и дозволете им сепак и тие се радуваат на тој ден. Ете јас како единица,иако имав братучеди кои ќе ме изнесат од дома,таа чест му ја доделив на таткоми кој незнаеше и не се надеваше на такво нешто,но кога му реков пред излегување тато спреми се со тебе под рака ќе излезам од дома,немаше посреќен и погорд татко од него,солзи радосници на неговото лице уште ми се пред очи. И на крај а може ова требаше првин да го напишам ,да си го купиш или сошиеш фустанот за кој одсекогаш си сонувала,биди весела,и ако не ти се допаѓа нешто не се лути и не си го расипувај моментот,помини преку него и продолжи со насмевка тоа е твој ден ,уживај во него.
Браво, супер совети Јас ја поминав думата/веридбата и здравје ќе се спреммаме за свадба годинава и секако ќе се повикам на твоиве совети
направете се онака како што секогаш сте сакале да биде вашата свадба а потоа само уживајте во тие денови и ништо не грижетесе поминете најубаво што можете
Мој совет е да бидете тој ден максимално опуштени, и да не губите време премногу за небитни детали на свадбата , зошто сакале нејкеле сепак ке има нешто што ке фали и нешто нема да биде според планот макар и две години да сте ја организирале свадбата зошто има работи кои не зависат од вас до душа сега да се вратам би исфрлила некои работи кои се дополнителен стрес, исто така советувам ако можете регистрација во матично да ви биде пред свадбата некој ден да не ви дојде многу стресно и плус поубаво е поопуштено плус друг фустан за во матично а венчаницата се разбира за денот на свадбата... Нашите македонски свадби додуша се многу психичко оптеретубање а богами и физичко, ослабев многу пред свадба треба да се внимава и на тоа зошто купената венчаница може да ви биде дури широка па ке треба дополнително да се стеснува... Сега ми е смешно за какви глупости сум се нервирала пред свадбата.... Тоа е ваш ден правете како што ви одговара и како ви е ќеиф , не се водете по правила и по стереотипи.. Трудете се на некој начин да бидете свои а не да бидете нешто што не сте, значи свадбата да ви биде одлика на вашиот карактер и стил . Значи тоа е ден кој вие и вашиот сопруг секогаш ке го патетите и зато е најбитно вие да се чуствувате убаво тој ден, значи ден кога ке се слави вашата љубов, а не по секоја цена да се трудите да биде спектакл за кој ке се зборува по градот дека било нешто невидено, зошто ке помине време ке дојде друга свадба лугето ке ја заборават вашата. Значи најбитно е какви спомени ке имате вие и вашиот љубен
ехх, тој ден... тој ден е најубавиот ден во вашиот живот, ден што ќе го паметите до крајот на вашите животи, каде целото внимание е свртено околу вас, а вие само треба да уживате... невести, бидете опуштени, тоа е вашиот ден, направете така како што сте посакувале, фустанот нека биде таков каков што сонувавте, и едно да ви е јасно, дека тој ден колку и да се трудите сепак ќе има неколку работи кои не се така како што сте планирале, и притоа останете смирени, нема потреба од нервози и од паники... мојата свадба беше премногу убава, баш така како што посакував, ама се изнаиграв, посебно после 12, кога имаше само рок лелеее излегоа и многу непредвидени работи, малечките невестички, кумовата торта ( не беше таква каква што се договоривме ), ми се скрши ноктот, имав вештачки нокти, и тоа дента кога се качувавме во колата со мм, па тој ми беше крив, ама пискање стана ама ме сфати, многу бев напната, нервозна, иако пред тоа веќе се бевме регистрирале, и живевме заедно и со бебече... друг совет од мене до трудните невести, доколку сте во можност и секако доколку сакате, оставете ја свадбата после раѓањето на бебечето неколку месеци, ем ќе се изнаиграте, ем тоа кога ќе порасне нема да прашува каде сум бил јас на свадбата и без нервози, стресови, напнатост, трема, оставете се да си тече како што треба, и уживајте во вашиот најубав ден, бидејќи тоа е вашиот ден
Низ размислувања, понекои ситни совети (свои и туѓи) си ги имам на глава: -Не носи претежок фустан со обрачи, комплициран, зошто цели ден и ноќ ќе ти се пренапорни и за играње и за се. -Гледај датумот да го закажите на ден кога нема да имате добиено, поради белиот фустан и брачната ноќ. -Купете поскапи, удобни чевли, кои ќе може да ги носите и понатака. Исто и за ташчничката. -Ако некоја песна посебно негативно ве допира, договорете се со музичарите да не ги пејат нив. -Не заблежеувајте ситници, не замерувајте многу, зошто само ќе се нервирате. -Издржете кога на вашата тазе шминка ќе ве бакнуваат тетки и баби кои одвај ги гледате. -Играјте, играјте, играјте... -Не се занесувајте премногу, удрете им почит малку и на гостите, бидете љубезни со сите... -Не трошете премногу пари на непотребни работи, за кои потака ќе ви е криво.