Невести, вие што веќе сте правеле свадби, што (не) би направиле на вашата свадба, што е оно што би го смениле,да можете.Дали има нешто за што се каете,или ви е криво сте изумиле да го направите.Било што...или некој момент. Има многу девојки кои слушам,еее сега кога би правила свадба,вака би било така би било. Мајка ми на пример цел живот ја слушам како и било криво што не се фатила до нејзините кога била песната за родителите на невестата.
Што би измениле од вашата свдба Ќе купев уште еден пар кондури, за да сменам кога ќе ме заболат нозете Друго не ми текнува.. И да, ќе проверев добро за фото студио бидејќи многу се заебав со Имиџ фото во Лептокарија
Што би измениле од вашата свдба Се'. Не би правела класична свадба, и би застанала цврсто на мојата одлука без мешање на старите. Би ги исфрлила сите адети бидејќи ги правев механички, ради реда, оти така треба... Невестинскиот фустан, фризурата, шминката... ...ништо од тоа не бев Јас, не бевме Ние. И здравје кога ќе славам некоја јубилејна година од нашиот брак, ќе направам забава, ''свадба'' каква Ни доликува...
Што би измениле од вашата свдба Би го сменила фото студиото...Дигит ММ...неможам да си опростам што нив ги ангажиравме за нашата свадба
Фризурата и шминката ептен ми ги утнаа и немаше време за корекции. Се каам што отидов кај нив, ама бидна работата.
Фото студиото... Не е лошо, ама за тие пари многу подобри има. Можда и на фустанот мали корекции. Ама мали.
Сама би си ги принтала поканите и сама би си направила дел од декорациите. Освен цвеќето и работна рака, другото е џабе фрлени пари со напумпани цени.
Да не бев трудна Така ќе можев да си одберам модел на фустан што повеќе ми прилега. Да не бев трудна и немаше свадбата да биде во јануари туку ќе одберев летен месец. Да не беше свадбата во зима ќе имав поголем избор на свечени обувки па ќе си купев нешто поудобно да не шетам пола свадба боса. Така што...би сменила само да не бев трудна
Би порачала песни. Имав во план да напишам на лист песни кои сакам да ми ги свират, ама скроз изумив. Сакав да свират по нивни репертоар, ама и плус да има други песни. Второ, истото што и другарка ми @Kitten - да не бев трудна. Ама тоа и не ми беше некој проблем. Уживав на свадбата.
Ништо не би сменила само би додала еден камерман.. пошо тоа не беше баш свадба свадба повеќе како забава само со најблиските.. и имавме само фотограф ама сега ми е криво што си немам мала снимка ете од прославата да и ја покажам на ќере
Би го смалила подиумот хахаха,правевме забава на плажа со забавен бенд,рок,екс ју и мак музика,имаше високи маси со столчиња, моите гости си седеа како да се во кафич и си џускаа на маса,многу малку станаа на подиум кој беше огромен бидејќи немавме осет и искуство како би било и беше штуро,друго ништо не би сменила,си се изнаиграв и си имам прекрасни фотки и "свадбено" спотче.
Фризурата (јас им реков едно, тие друго ми направија) и фустанот што се однесува на должината, многу го газев, инаку моделот премногу ми се допаѓаше и убаво ми стоеше.