Јас сум XXL и гардеробата ја нарачувам преку интернет. Кај нас да се најде број 48-50 а парчето да не е ко за баба ми е научна фантастика. Моето искуство е позитивно во повекето случаи ама нарачувам од две продавници каде што си ги знам броевите. Меѓутоа, има различни кроеви, пример некои кошули се повеке струкирани, некои се прави. Или матријалот од кој е изработено парчето, како опис стои памук меѓутоа може да е најтенка провидна памучна блуза до блуза која е за -15.
Во повекето случаи има детален опис па е полесно да одредам кој број ми треба, меѓута ми се случило и да ми пристигне пратка па мајка ми да има среќа бидејки е поситна од мене

А кога ке пристигне пратката, иде на аеродром па мораш да ангажираш шпедиција која чини минимум 3000 денари, лежарина околу 1500 денари, царина 15% за текстил па ДДВ 18% на целата сума вклучувајки го транспортот и 15те проценти царина. Уште да не заборавам, вредноста која е дозволена да се внесе за да не се наплати царина е 45Е.
Значи ако фустан со транспорт го платиш 6000 денари, кај нас ке те чини:
6000 фустан
900 15% царина
1242 18% ддв
3000 шпедиција
1500 лежарина
------------
12642 денари
Повекето од продавниците вршат замена без проблем, ама откако ке ги платиш сите овие давачки, па уште транспотр назад до Америка, нема смисол.... Со искуствата што ги имам, јас конкретно венчаница не би нарачала преку интернет.