Да ве прашам, кога дечкото ќе ве побара за жена, кога ќе ви даде прстен на која рака се става и на кој прст, сакам да знам оти секој момент очекувам, а не знам каде се става. Поздравче.
Предлог за брак На лева рака ( зошто е до срцето ) и на измеѓу среден и мал прст Тој прст ( ваљда разбра)
Предлог за брак ^ ммм разбрав, значи да си го извадам јас прстенот што си го носам и да очекувам веренички Благодарам
Предлог за брак Јас колку што знам се става на четвртиот прст на десна рака, таму кај што се носи бурмата. Јас таму и го носам, заедно со бурмата. А на лева рака носат католиците. Мислам дека Лилит имаше објаснето нешто за ова во слична тема.
Предлог за брак Легендава ми се виде многу интересна, па да ја споделам со вас . Да не отварам нова тема специјално за ова, мислам дека текстов би се вклопил во оваа тема. Легенда за вереничкиот прстен Дали знаете зошто вереничкиот прстен се носи на четвртиот прст (до малото прсте)? Кинеската легенда тоа го објаснува мошне едноставно и уверливо. Нема да ви се верува крајот. Палците ги претставуваат родителите. Показалците се браќата и сестрите. Средниот прст си ти. Четвртиот прст е твојот пар (партнер). Малиот прст се децата. Сега склопи ги дланките и средните прсти постави ги како што е прикажано на сликата 1. Обиди се да ги раздвоиш палците (родителите), се раздвојуваат затоа што не треба да живеат со тебе вечно. Повторно спои ги. 2. Обиди се да ги раздвоиш показалците (браќата, сестрите и пријателите), се отвораат затоа што сите имаат свои животни патишта и заминуваат. 3. Обиди се да ги раздвоиш малите прсти (твоите деца) – се отвораат затоа што децата растат и си заминуваат. Повторно спои ги. 4. Конечно, обиди се да ги раздвоиш прстите наменети за вереничкиот прстен и ќе се изненадиш. Тоа е невозможно. Судбински сте поврзани и затоа венчалниот прстен е носи токму на овој прст. (превземено од crnobelo.com)
Предлог за брак Јас колку сум видела кај нас носат на левата рака...и ја носам на лева...па сега не знам..како е правилно али мене некако поише ми одговара за лева него за десна
Предлог за брак да на десната рака до малиот прст и јас бев во дилема но научив. но бидејки мене ми е голем си го носам на средниот прст на десна рака иако сакам да го носам на правилниот прст но викаат дека не се крателе и си реков ајде не е важно, важно јас си знам кое ми е значењето и зошто тој прстен е на мојата рака
Предлог за брак на десната рака мислам дека се носи бурмата, а вереничкиот на левата.. барем мене вереничкиот ми е на левата рака
Предлог за брак Хмммм...можеш да ми кажеш зошто не се кратат??? Те прашувам затоа што мене ми беше голем, па го скративме
Предлог за брак најискрено не го знам значењето и јас сигурно фала богу ништо страшно. сакав и јас да го скратам ете најблиските ми кажаа небило убаво. и ете не отидов. факт е дека ако некој се сака ништо немоше да му се случи.
Предлог за брак Ај од памет ме извадивте Мене синоќа дечко ми ме побара многу сум среќна...пресреќна Арно ама прстенот ептен ми е голем на тој прст и сакавме да го однесам во понеделник да ми го скратат... Стварно не се крати???? ПОМОШ?
Предлог за брак И мене ми беше голем па го скратив...зарем ќе го чував додека се здебелам, а ако не се здебелам, што тогаш...нема врска бабини деветини... p.s. чеситки ина двете...се најубаво
Мене кога ме побара дечко ми ми го стави на левиот прст а после кога е виде мајка ми ми рече-леле се носи на десен,па така сега си го носам на десна,а и поубаво ми е на лева ми сметаше некако.Значи на десна се става,не на лева А бурмата беше на лева нели,да не згреши пак
Jaс немам веренички прстен, ниту пак ме побара мм. Си се издоговоривме претходно за веридбата, и на тој ден си ги разменивме бурмите. Сакав јас ( и тој сакаше) во Египет да ме побара за сопруга (бидејќи имавме испланирано патување до таму) ама поради мојата ризична бременост уште од самиот почеток, го откажавме тоа. Малку ми е мака што не ме побара онака класично, ама на крај краева тоа и не ми е толку важно како што ми се важни слогата, љубовта и разбирањето. Еден прстен помалку или повеќе не мени ништо.
јас вереничкиот прстен го носам на левата рака, на средниот прст. Правилно се носи на домалиот но мене ми стана голем. Прстенот што ме побара за жена го носам на десната рака на средниот прст, а бурмата стандард на домалиот прст на десната рака.
Вереничкиот прстен го носам на левата рака на четвртиот прст, а бурмата на десната рака исто на четвртиот прст. За правилно, што знам?! Сите различно кажуваат, за бурмата знам дека се носи дефинитивно на десна рака, но за вереничкиот не знам, мада во многу златари кога одевме да гледаме бурми или накит, препознаа дека носам веренички прстен според тоа каде го носам... Некои ги носат двата на еден прст, мене така ми е натрупано и некако ми се губи убавината на двата прстени.
јас колку што знам вереничкиот прстен може да се носи на која рака сакаш и на кој прст сакаш ти..т.е.тој ти подарува прстен(што не е бурма).значи за веридба зборувам,,а бурмите се разменуваат за венчавката,кога и зетот ни невестата стаат бурма на 4-тиот прст на левата рака....