Мене искрено речено,ич не ми менува да си го одберам и сама,од причина што не носам прстени, па не знам како тоа ќе откријам дека тој мене ете толку многу ме познава и сака, кога ни јас не знам какви прстени сакам,а тој не би имал пример што тоа сакам... Според мене се непотребни, женски демагогии, уште една несигурност и потрага по доказ дека ме сака. Што се однесува до мене,најмногу би ме погодил со некоја тешка бижутерија или прстен од салфетка... тоа е она кое би ме стопило,ама да оди вака,јас мислам дека е ок да се земеме и дрн дрн муабет,ама јас не сакам свадба, не сакам нишо на хартија,дрн,дрн,дрн,чисто да има на увид,ама знаеш моите сакаат да се пофалат дека син им се оженил,дрн,дрн,дрн,епа добро ај,и салфетчето од гирото го витка у облик на прстен,тааааа рааа,готово,верени сме!!!
А овај нали,знам дека никад нема да носам прстени (ај направете ми психоанализа за жените што не сакаат да носат прстени!Ха!Ама не е дека не сакам,оно не ми се пасија,ама имам многу,многу,многу тенки прсти и мали,нема толку мал прстен,верувајте ми,испробано.Еднаш еден бендисав и ќе го носам и нешто објаснував и ми летна во непознат правец,може и некому истера око ... трагично!) па и за овие ќе се помислам. Од јасни причини,сакам прстенче по порачка од камчето кое го обожавам,а при тоа ниту е дијамант,ниту е брилијант,ниту е сафир,полудрагоцено е,така особено би ми значело,плус ете од разбирливи причини да биде погодено. Еден дечко порано привезок ми подари,ден денес го носам на алка како амајлија и се губам во него кога ќе си го погледнам,а нема врска со емотивна поврзаност ради дечкото,туку ради камчето,го сакам многу,а не е ни третина цена од било кој дијамант. Па така што...договор,нејќум спектакли и очекувања дека ќе ме познава од еден прстен. Доволно ми е да знае на што сум алергична,да не ме убие,што музика слушам,како спијам,кога се лутам, зошто се лутам, што сакам да читам,кога сакам да сум сама,такви ми ти работи.