ТЕМА: ЗАМП

Мислење 29 Јан 2012, 01:08

Еве и јас да го споделам моето искуство, а воедно и да ве посоветувам....И јас правев свадба и косата ми се крена кога ми стигна од ЗАМП писмото.......Ама, се распрашав малку, и испратив писмо до Министерство за култура, односно барање за мислење по однос на фактурата што ја добив од ЗАМП дали е потребно јас да плаќам за авторски права. Од Министерството добив одговор дека не сум јас таа што треба да платам, туку ресторанот во кој сме правеле свадба, односно таму кај што се свирела музиката, според законот тие биле корисници на музиката која се свирела и тие треба да платат, а ние ништо. За тоа и цената се утврдува според бројот на гости, односно според бројот на порции. Е сега, во мислењето, исто така беше наведено дека ресторанот треба да плати, освен ако не е поинаку утврдено со договорот кој сме го потпишале за користење на ресторанот. Јас го имав примерокот и таму никаде немав клаузула каде изречно ме задолжуваат дека јас треба да си ги платам авторските права, со што автоматски бевме ослободени од трошокот за ЗАМП. Тоа и им го препратив на ЗАМП, и тие си замолчија. Инаку, од муабети со колешките на оваа тема, дознав дека ЗАМП ова го прави свесно, т.е. бара пари од лицата кои правеле свадба, во договор со рестораните, од каде и ги добиваат податоците, инаку од каде тие би знаеле на која адреса живеете, кога точно сте правеле свадба и каде, и што е најважно колку гости сте имале на свадбата. Е сега, кај упали, упали...Или ако ве зезнале во ресторанот со договорот вие да си платите, тоа е, ќе мора да си платите.....Пошто ретко кој во тоа лудило се замара да го прочита договорот со ресторанот и да го запази ова...Така да проверете во договорот и пратете мислење до Министерство за култура пошто тоа ви е и писмен доказ дека не сте должи вие да плаќате за авторски права, и тоа пред свадбата подобро, ама ако заборавите, не е на одмет и после тоа да барате мислење.... Се надевам ќе му помогнам на некој, позз
Аватар на корисникот
Ferhunde-87sk

Сино цветче
 
3247
Мислења: 132
Зачленет: 18 Сеп 2010, 23:26
Слика

Мислење 31 Мар 2012, 19:00

Слушнав дека за музиката требало да се платат авторски права за песните што ги свират. Е сега викаат дека и ако не платиш некои газди на кафаните намерно ти ги викаат, не знам што од ова е вистина. Дали некој плаќал или ќе плаќа за авторски права, подобро би платила на време отколку да ми заебат расположение на свадба некои мочани инспектори. :?:
Аватар на корисникот
Abeja

Зелено цветче
 
809573
Мислења: 789
Зачленет: 24 Мар 2011, 02:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 31 Мар 2012, 19:53

Abeja напиша:Слушнав дека за музиката требало да се платат авторски права за песните што ги свират. Е сега викаат дека и ако не платиш некои газди на кафаните намерно ти ги викаат, не знам што од ова е вистина. Дали некој плаќал или ќе плаќа за авторски права, подобро би платила на време отколку да ми заебат расположение на свадба некои мочани инспектори. :?:

Ние не плативме, а и ги прашавме вработените од ресторанот, рекоа дека никогаш не ни дошле таму. Е сеа, ако сте малери :lol:
Аватар на корисникот
flowergarden

Сино цветче
 
374
Мислења: 345
Зачленет: 27 Фев 2011, 18:41

Мислење 03 Апр 2012, 22:23

не за доаѓање не доаѓаат туку газдите од ресторанот си пријавуваат дека има свадба и тебе после по пошта ти стига колку и како треба да си платиш или си идеш доброволно и си плаќаш. Пред се распрашај се и пази кога го потпишуваш договорот за свадба во ресторан и начинот на кој им е регулиран ЗАМП
Аватар на корисникот
karak

Жолто цветче
 
19781926
Мислења: 2407
Зачленет: 11 Апр 2010, 18:09
понекогаш и празниот лист кажува многу
Слика

Мислење 04 Апр 2012, 01:40

Девојки а колку кошта ЗАМП и дали некои од вас платиле или на среќа одите?
Аватар на корисникот
I.vana

Бело цветче
 
236
Мислења: 90
Зачленет: 10 Фев 2012, 03:17

Мислење 04 Апр 2012, 09:19

Мислам дека е 200 евра за до 250 гости. Во хотелите низ Скопје сигурно ќе те пријават, па мора да се плати, но кај рестораните се поминува и без тоа.
darcy

Фем почетничка
 
190
Мислења: 41
Зачленет: 14 Фев 2011, 11:56

Мислење 09 Апр 2012, 09:14

Од газда на една кафана во Скопје разбрав дека пред околу 10 дена се одлучило да не се плаќа за авторски права на ЗАМП, да не знае некој за каква одлука се работи и на кое ниво е истата?
Тоа со плаќањето е прав рекет, па треба да плаќа авторски надомест тој што профитира од тоа, кафаната или бендот. Не ми е јасно како пред неколку години можеле да ја укинат таа одлука како против законита и не легална, а се применува. И сите газди намерно ги викале од ЗАМП на свадбите, малку е чудно тоа, но јас мислам дека ако не платат свадбарите,ќе плаќа газдата, па затоа ги вика.
Но ако од ЗАМП после свадба ви бараат да платите, а не сте им оставиле податоци, можете да го тужите газдата на кафаната за издавање на лични податоци. Според Законот за заштита на лични податоци, ресторантот не смее да ги издава вашите податоци. Дури и може да се побара писмено мислење од Министерство за култура за осваноста на барањето од ЗАМП. Да не е некој запознаен малку по детално?
Аватар на корисникот
Abeja

Зелено цветче
 
809573
Мислења: 789
Зачленет: 24 Мар 2011, 02:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 09 Апр 2012, 15:23

До кога да го најдам мислењето кај ми е префрлено, помина времето за корекција :$
Во нашиот договор стои дека ресторантот не го плаќа надоместокот, туку корисникот, им ебам све по список :@ , а и ова не може да биде вака, луѓето се на некој начин изиграни. Значи сега јас треба да барам раскинување на договор (поради доведување во заблуда поради неинформираност) и склучување на нов, а ако направам така многу е веројатно дека организаторот може како сака да ми ја заебе свадбата. Не знам дали е попаметно да чекам после свадба да регулирам или да барам да се склучи анекс на договор, после мое прибавено мислење од Министерство за култура. Ако јас немам обврска да го плаќам тој надоместок, ќе имам писмено мислење од Министерство и ЗАМП ништо не ми можат.
Како и да е, ако треба ресторантот да го плати надоместокот, тој тие пари пак ќе ти ги извади за нешто друго што демек треба да го платиш.
Туку ме интересираше за тоа што било одлучено дека нема да се плаќа, што, како и кој одлучил, дали знае некој?
Аватар на корисникот
Abeja

Зелено цветче
 
809573
Мислења: 789
Зачленет: 24 Мар 2011, 02:01
Локација: Скопје
Слика

Мислење 09 Апр 2012, 17:13

karak напиша:не за доаѓање не доаѓаат туку газдите од ресторанот си пријавуваат дека има свадба и тебе после по пошта ти стига колку и како треба да си платиш или си идеш доброволно и си плаќаш. Пред се распрашај се и пази кога го потпишуваш договорот за свадба во ресторан и начинот на кој им е регулиран ЗАМП

Нас ништо не ни стигна по пошта, а правевме пред година свадба. Ако праќаат кај сите, ке стигнело нешто до сега
Аватар на корисникот
flowergarden

Сино цветче
 
374
Мислења: 345
Зачленет: 27 Фев 2011, 18:41

Врати се на Свадба

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: elygj, slimy и 6 гости

Site Meter