Сонував како сум отворила тема за Антиперспиранти на форумов во категоријата Тело, а откако видов дека нема таква тема - решив навистина „да си го остварам сонот“.
Во темава би сакала да ги споделите вашите искуства со разните производи кои се наменети да го спречуваат потењето. Денес на пазарот ни се нудат најразлични козметички средства, па доколку имате некое лошо искуство или би сакале нешто да ни препорачате - слободно пишете.
Јас вакви работи почнав да употребувам кога бев 7мо одделение и кога за прв пат си купив стик. Во почетокот ми вршеше работа, но после неколку години никакви стикови не ми помагаа. Единствено дезодоранс, и единствено Rexona. Веќе неколку години благодарение на овој дезодоранс не сум почувствувала миризба на пот на моето тело. Рол-он не сум користела, некако ми е ептен лигаво, не знам зошто едноставно не можам да замислам да го ставам на мене. Во врска со стиковите - сите имаме читано дека се штетни, а конкретен пример е една моја другарка која редовно си ги користеше. После некое време и се јавија страшни болки во пределот на пазувите и нормално отиде на лекар. И препорачаа веднаш да престане со употребата на стикови и 2 недели ништо да не става, никакви дезодоранси и слично. После тоа се опорави и сега користи стрикно дезодоранс.
Што користите вие и дали сте (не)задоволни од некои производи кои би ни ги посочиле?





