Јас ја користам сатвата некое време и мислам дека има резултати. Всушност не ни имав целулит многу ама еве сега скоро да речам и немам. Не сум во можност да давам многу пари за скапи средства и баш ми е мило што ми се погоди сатвава. После две недели користење престана да ме пецка и да ми се вцрвува кожата па направив пауза два дена и пак продолжив и си беше по старо. Па си правам понекогаш паузи. А прочитав погоре дека бели линии се појавиле на некоја девојка. Не верувам дека е од лосионов.
Најлогично за белите линии ми е да биле стрии па сеа се обелени и не се приметуваат толку, ама немаат врска со целулитот и кремите мислам, има посебни креми за стрии.
Пред околу два месеци почнав да пијам по литар ипол до два вода(тука не бројам вода од овошје, супа, шумечи и сл) и вежбам тае бо и зумба и сега си се загледав така повеќе на огледало и забележав дека целулитот ми е видно намален. Инаку, лани користев од кремата на гарниер, ама не се случи ништо спектакуларно и ништо во споредба со тоа што водата го направи
ехее јас немаш појма колку пијам вода и пак ништо како и да е не може само од водата да исчезне мора комбинација на физичка активност, здрава храна и нега ама оуста мрза не ми се станува од кревет
Јас кога прочитав за белите лини помислив дека можеби со губење на целулитот се губи во обем (барем и јас изгубив во обем) нели дека ги снемува масните наслаги и така се направиле стрии... Не верувам дека кремата може да предизвика такво нешто Јас баталив креми и релакс ен тоун (после 6 упорни месеци, ме фати мрза), сега само вода и вежбање, 1 саат орбитрек секој ден, кој по моја логика би требало да е најефикасен за деловите каде имав целулит. И збогум брза храна Каков страв ми има набиено, секој ден се гледам во огледало со страв дека ќе се врати
релакс ен тоун во комбинација со креми ти помогнаа? пошо читам "секој ден се гледам во огледало со страв дека ќе се врати" сепак успеа некако да го намалиш?
Да ми изчезна, колку многу имам пишувано во темава ехееее Вака на кратко: борбата ја почнав лани летото, со креми нивеа и вежбање (пливање секој ден и аеробик) ама јадев и многу нездрава храна па немаше некои резултати, минимални. Во фебруари го купив релакс ен тоун со сатвата и почнав за се масирам два пати дневно, сабајле и вечер по 10 минути, плус вежбам секој ден на орбитрек по 40мин-1 саат и плус 1 саат зумба, аеробик, пилатес.....И кажав збогум на брзата и нездрава храна (не скроз ама ја избегавам) и многу вода И така полсле 4 месеци, во мај забележав дека е почна да исчезнува, и еве сега го нема. Ако стиснам само може некаде да се појави некое дупче ама толку. Битно е упорност, зашто првите 3-4 месеци немаше резултати воопшто, и наеднаш почна да го снемува и брзо исчезна И сега незнам од што точно се разултатите и затоа ми е страв да не се врати сега само вода, здрава храна и вежбање. Масажата и кремите ги баталив па ќе видам што ќе биде
феминки, да ве прашам- дали кога излегувате внимавате да носите здолниште со должина со која нема да се гледа целулитот или си носите и кратко без разлика на се??? Јас внимавам, не носам ептеен кратко, ама гледам многу други девојки, средношколки (па и постари) со кратки пантоли, сукњи, а целулит машала си велам кога овие по 15-16 години се со толку целулит, што му се думам јас на 23 год. и тоа со малку
зависи јас немам мн па можам да дозволам да носам пократко. меѓутоа воопшто не ми се допаѓа девојка облечена во нешто екстремно кратко а целулит на сите страни а ако уште ова е преку ден покатастрофа амин, како што на сонце се приметува уште толку целулитот но навечер е подруго и да има не се познава толку мн па може да дозволиш кратко ама со мера
А од шо има логика да е кога пред тоа немав кога не клавав лосион, ама сега по недела дена ми се појавија
се согласувам со ова, по мое мислење е ова нема шанси да е од лосионот сите речиси го користевме или користиме тој лосион, дефинитивно се стрии ама не се од лосионов
Девојки пред некој ден кога бев во маркет видов дека има кирколина против целулит . за среќа го немам тој проблем и не дај боже да ме снајде ама ете да ви помогнам иако искрено незнам колку помага! само да ве известам поздрав!
не се стрии,знам како изгледат стрите ако ги немам никаде,можи не е од лосионот ама не знам оти ми се појавија можи кога ке се исунчам ке ги снема
jas koristam nekoja od replek i ne e taka losha no kje vi ja preporacham celgel-navistina e efikasen [mod-kirilica:lioque89][/mod-kirilica:lioque89]