Колку и да сме задоволни од нашиот изглед речиси секогаш постои дел од нашето тело, лице кое ни пречи. Што најмногу ви пречи кога ќе се погледнете во огледало? Мислам на дел кој не може да се промени со вежбање. Мене ми пречат нозете. Колку и да се чувствувам убаво, колку и да се средувам, кога ќе се погледнам во нозете веднаш ми се смалува расположението. За жал не можам да ги променам со вежбање. Такви се, грди и криви, со големи мускули. Од друга страна фини се затоа што немам потреба од вежбање, стегнати се, со дефинирани мускули. Но, ете криви се.
Ме нервира обликот на лицето,имам кружно лице а сакам да имам поцибресто.Исто и отсекогаш сум сакала долги нозе а моите се средни,ништо посебно.Кога би можела да менам тоа би го променила но за жал не можам .
И јас како Марама, би сакала да имам поубави нозе, и малку помал нос. Од другите делови во глобала сум задоволна, немам проблем со вишок килограме а и да имам тоа со вебање може да се среди. И да не заборавам би ги променила и забите, бидејќи ми се ситни а сакам поголеми и со еднаква големина.
Градите. Би ги зголемила Прилично мали ми се, т.е не ми се нешто драстично мали, па да не ми се ни познаваат, ама сепак... До 18 години ако не ми се допаѓаат сеуште можеби би направила нешто во врска со тоа. Верувам дека така би се чувствувала далеку подобро. Друго ништо не би променила, доволно е и тоа
Градите и нозите. Градите ми се мали, нема лошо да ми дојде да ми бидат поголеми. Иако и вакви си ги сакам, но кога би можела би ги променила. Нозете ми се вакви. Би ги променила само тие две работи, другото се е совршено.
Би сакала да се поправам 2-3 кила, не повеќе. Нозете да ми бидат малку подебели. Се друго е ок и не ми пречи.
малку стомакот(вежбање, третмани за слабеење) нозете малку ми се криви(никогаш не е доцна за совет со доктор на кој му е специјалност пластичната хирургија) другото ми се допага како изгледам
Носето, малку да се здебелам. Градите малку поголемки. Останатото е во ред. Сепак, никој не е совршен. Си ги сакам недостатоците
Ни еден! Баш си се сакам баш таква каква што сум. Можеби забите би ги сменила со порцелански, но и не мора.
Охо, список да си направам... Јас најмногу би сакала многу тенок струк. Абе со двете раце да го префатам ако можам. Многу ми е убаво кога ќе видам девојка со тенок струк... Премногу ми е женствено. Да сум гумиче и да се стиснам само таму ќе бидам пресреќна.. Сакам и поголеми гради. Крупна сум, и мислам дека не ми одговара големината што ја имам. Мене задникот ми е голем, и тртлест, многу си го сакам, арно ама ме депримира кога ќе не можам да најдам соодветни фармерки, изборот не е голем за нас крупните.. Тогаш ми иде да земам тепсија врела и да се плеснам еднаш позади, за да можам да ги закопчам фармерките, а воедно да не ми ѕрика нешто од позади, или тие со висок струк да не ми горе под мишки, од позади низок. Али шта је, ту је...
Нема таков дел. Не дека сум Мис Прфект, ама сум изградила самодоверба, па си се сакам и прифаќам таква каква што сум. Имам многу попаметни работи за правење во животот, отколку да правам операции итн.
Јас најмногу би сакала да го променам стомакот ми сметаат спојлерите од страна едвај чекам да се породам и да почнам со вежбање тоа може да се поправи само така.
Мене ме нервираат стомакот и нозете, никако не можам да имам рамен стомак, онака баш како шо сакам, додека нозете да ми бидат со многу помалку целулит. Градите и задникот ми се таман !