Депилатор

Дискусија во 'Тело' започната од kate-the-great, 25 јануари 2011.

  1. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Не најдов тема на форумов на која конкретно се дискутира за депилатори па решив да отворам .
    Каков депилатор имате (која марка)?
    Дали сте задоволни од него?
    По колку време ви растат влакна после депилацијата?
    Која е цената на депилаторот кој го користите?


    Јас досега не сум користела депилатор во домашни услови -само на козметичар
    но скапо е ...
    4 месеци да одам на козметичар пари ќе дадам колку за депилатор
    Депилаторот барем ќе го користам неколку години дури не цркне :D
    Поекономично е.
    Но незнам каков депилатор да си купам :?:
    Може да ми препорачате некој?
     
  2. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Јас имам филипс со додаток за препони. Си се депилирам секој месец и ок ми е. Порано и препоните ги депилирав со него, ама ми се напраија многу поткожни :doh: и прекинав :)
     
    На Venera.13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Имам депилатор на филипс и го имам некаде од прилика 5 години и сум мн задоволна. На почетокот кога почнав да се депилирам ме болеше а сега воопшто не ме боли
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    јас за нова година си побрав и си добив депилатор филипс и досега (кратко време ама сепак) сум презадоволна
    не боли кога се депилираш туку пецка и далеку побезболно и поефикасно од обична депилација
    плус готова си за 10 минути а нема некоја посебна филизофија за чистење
    не се мисли купи си ова ти е најдобра инвестиција
     
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Колку пари е депилаторот од Philips? :^)
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас го купив 2000 ама како што кажав мн време го имама а цимерката го купи истиот од нептун мислам 1600 беше купи се нема да зажалиш вреди за парите
     
    На Osamena devojka и kate-the-great им се допаѓа ова.
  7. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Од 1700 нагоре, јас мојот 1900 го купив зошто има додаток за препони :)
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    да и мојот беше таа дека 1900
    имаш и поскапи ама тие не вредат до толку
    филипс, барем според мене е доста солидна фирма
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Јас не ти препорачувам депилатор :x
    Јас неколку пати се имам издепилирано на овој начин, и ми се појавија поткожни колку ти душа сака.
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас го користам овој на Цептер.
    Го имам веќе 3 години можеби, и тогаш го купив за 130 евра. Сега е доста паднат, околу 100-тина евра.
    Депилаторот се полни со адаптер, и кога е полна батеријата може да се употребува така неприклучен на струја до 3 дена. Значи не е како тие на Филипс, да мора да биде уклучен во штекер.
    Има и брзини. ПОбрзо за ептен густите кратки влакна, и поспора за ретките(таа е најпогодна за рацете).



    [​IMG]



    Да не бидам мрчало, ама тие не Филипс се расипуваат за максимум 6 месеци. Имам другарки што купуваа ефитини депилатори од Филипс, и на крај секогаш завршуваат во салон, или евентуално во брзање кај мене за да го позајмат мојот.
     
    На Sandra1707, kate-the-great и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Philips Satinelle го имам веќе добри 7 години и не можам да се пожалам: Го купив од Бугарија во копмлет со фен и чинеше само 25 евра (навистина смешна цена).
    Инаку јас со што и да се депилирам ми растат премногу брзо влакната, така да за горе доле две недели сум пак за депилирање :worried:
    и да заборавив мене на почетокот ме болеше но минимално, сега само првите неколку влакненца и потоа не ме боли ич
     
  12. Sheron

    Sheron Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    6
    Мојот е на Браун го имам веќе неколку години и сум презадоволна. Мислам дека е многу по практично кога го имаме дома, закажување на козметичар |( па дали имало место, малце ми е комплицирано. Се депилирам на 2 недели, односно зависи некој влакненца што се поткинале побргу изрснуваат. Сеедно важно не одзима мн време, брзо е и не боли мн :?: односно зависи колку ти се јаки ако си се бричела претходно првите неколку пати ќе боли повеќе. позз
     
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Вреди да се проба ,па ако ми се појават поткожни ќе престанам :!:
    Мислам дека не се појавуваат поткожни влакна кај секого ,зависи до влакното -неговата цврстина и до кожата.
    Ми се смачи на козметичар а и скапо е секој месец по 400 денари да давам а и обврска е да закажувам па да одам ,далеку ми е и слично .
    Пребарував на нет Philips и Brown се издвојуваат од другите депилатори како најефикасни.



    Цената на Brown депилаторот? :?:
     
  14. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.925
    За тоа дека брзо се расипуваат нема врска,јас го имам веке 2 години(многу често го употребувам)а познавам и неколку другарки што го имаат со години.Само ме нервира што многу е бучен,па најверојатно ке го сменам во скоро време.
    Не сум се депилирала со депилатор на цептер,ама верувам дека има разлика со оглед на цената.
    Ама дефинитивно можат да ти завршат работа и овие на филипс а ефтини се,околу 1600 го купив јас мојот.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    И јас го имам депилаторот на цептер веќе 3-4 години, презадоволна сум од него, се депилирам секаде со него оснев на интимата :) тоа на козметичар.
    Влакната ми се толку многу изретчени и меки што не ми ни растат повеќе :) пресреќна сум за ова :)
    Со поткожните влакна немам проблем, не ми се појавуваат.
    После депилацијата цела кожа ми е нафрлана со црвени брунки но поминуваат за саат два, и за побрзо ако им ставам лед. :)
    Го препорачувам.
     
    На Sandra1707 и kate-the-great им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.711
    Пол:
    Женски
    И јас го користев Цептер повеќе од три години. Го купив 75 евра, добро се сеќавам.
    Депилирањето боли само првиот пат, а траењето на мазната кожа е исто како после депилација со восок.
    Ќе го користев уште, ама го добив на подарок овој:
    [​IMG]
    и уште позадоволна сум, бидејќи има разни додатоци и со големиот се депилирам за многу пократко време, и кожата подолго останува мазна. Цената не му ја знам.
    Поткожни влакна не ми се појавуваат. Депилаторот мора да се користи правилно за да не се појават. Пример, со тој од Цептер се оди во насока на влакната (постариот модел беше спротивно), а со овој на Браун спротивно од растот на влакната. Треба да се држи нормално во однос на површината која се депилира.
    Јас депилирам раце, нозе (кога не ме мрзи, често знам и за бричот да се фатам :$ ), под пазуви... Единствено што не фаќам со депилатор е интимната зона.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.086
    Допаѓања:
    155.548
    Мене секој пат ме болело со депилатор,никогаш не се навикнав,а плус звукот ме убива.Само раце депилирам со депилатор и ништо друго,а плус...верувале или не...ми се појави од него како изгореница од триењето и тоа,јас спастрена се,дома ништо,утредента тргам на одмор,стигам таму после многу пат,се соблекувам и гледам кругче цело олупено,разлигавено,потемнето,ама буквално изгореница.А претходната вечер после депилацијата ме уби од печење,но имаше само црвенило и викам ќе помине...и уште имам белег.
    Никогаш веќе депилација со депилатор по нозе,препони,интима,а башка внатрешните влакненца.Мене бар болката ми е неиздржлива.
    Инаку имам Браун,како на Ливинг погоре.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Јас имам депилатор на цептер можеби е веке 4-5години , задоволна сум од него се депилирам само на рацете и на нозите до колена со него бидејки нагоре многу ме боли исто како и на препоните но ги фака и најмалите влакненца . Инаку до скоро се деплирав со него и тоа редовно веке неколку години и многу ми се имаат изретчено влакната, ми подраснуваа на 3 недели некаде мислам , но сепак тоа е индивидуално.Во последно време многу ме мрзи со него да се се депилирам па знам да отидам и во салон или пак со бричот :$
     
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    2.470
    јас имам ваков депилатор, ми го донесоа од Словенија пред 5 години и сум задоволна.. го користам редовно.. првиот пат премногу ме болеше, ама сега колку толку се навикнав, болката не исчезна сосема, туку многу се намали..
    мислам дека тогаш беше поскап, сега се многу намалени
    [​IMG]
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јас користам електричен депилатор на Браун, одличен е, веќе не чувствувам болка кога ги депилирам нозете, како масажа ми доаѓа. :)
    Инаку го користам и за раце и препони (до каде што почнува да боли). Сум се навикнала и немам мака. :)