Само што ја видов рекламата и ми привлече внимание. Сакам да одам на ласерска депилација, ама некако скапо ми е ногу а и не знам од кај попрво да почнам па затоа се замислив за ова. Да не има некој користено (во случај да имало досега вакво нешто во Македонија) или да не познавате некои кој користел елекролитски депилатор во домашни услови, дали е штетно, дали навистина е ефикасно и ги намалува влакната. Со нетрпение ги чекам вашите мислења http://www.topshop.com.mk/index.asp?tn= ... 213165&c=0
И јас го видов на телевизија и незнам колку навистина делува или има иста намена како и обичниот депилатор...
здраво, јас сум нова членка супер е фемина ептен е корисна и забавна. и јас ја видов на топ шоп рекламата за ерола (мислам дека беше) и некако ми е нејасно....што значи тоа БЕЗБОЛНО остранување на влакна???? тоа значи дека не ги влече????? знам дека е супер фреш ново ова апаратче ама сигурно не има многу кои сакаме да дознаеме дали функционира, па да си земеме
Здраво девојки! Јас сум нова на форумот, видов дека се мислат многу да одат на ласерска депилација и се мислат дали ќе им се исплати и дали ќе биде трајно... И неможев да издржам а да не ви дадам совет. Од лично искуство ви кажувам, веќе пола година одев кај Анчевски, на 6 третмани колку што е предвидено, и АПСОЛУТНО СЕ Е ЛАГА ДЕКА Е ТРАЈНА ДЕПИЛАЦИЈА. По пола година и редовни третмани го оставив лицето да ги цепкам влакната и катастрофа, сите и дебелите дури и најсветлите влакненца сите ми излегоа на виделина. Ќе умрев од нервоза!!!! Заслужуваат да ги тужам!!! Во текот на третманите, 10 дена по третманот, си паѓаат влакната ама по многу малце и кога ќе паднат, после неколку дена пак си растат истите. КАТАСТРОФААААААААААА!!! Аир да не видат од тие пари што ги зимаат од луѓето! Срам да им е! Инаку, морам да ви кажам и тоа дека направив и хормонален тест, за да се уверам и немав апсолутно ништо... значи се беше нормално со моите хормони и немам полицистични јајници! Значи не е ни до тоа! Ви кажувам се е лага! Немојте случајно да се зафркнете како јас! И конечно се одлучив да идам на депилација што претходно не сум ја пробала, а тоа е шеќерната депилација. Сите се фалат, а влакната со редовна депилација многу се изретчуваат и стануваат многу меќи. Се надевам дека ке ви помогне мојот совет! Позз...
Лично не сум користела, но сестра ми користеше и нема врска, амо буквално нема никаква врска, фрлени пари за џабе...
[/quote] Лично не сум користела, но сестра ми користеше и нема врска, амо буквално нема никаква врска, фрлени пари за џабе... [/quote] Како и за се друго од Топшоп, квалитет како од пазар. Се извинувам за офф топик ама неколку производи имам купено од нив и можам да кажам дека орбитрекот и соковникот се единствено нешто што вреди.
E-rola електролитски депилатор Депилацијата е тема што верувам нај многу не интересира дарги мои.Па да се приклучам и јас на оваа тема и сакам да ве прашам дали некој го има купено Е-rola депилаторот од top shop и какво искуство има со него.Мене лично не ми изгледа дека навистина помага во безболно и трајно одстранување на несаканите влакна(за 3 месеци го намалувал растот за 40%).Па кој го има нека ни се пофали ако е ефикасно и ние да си купиме!
E-rola електролитски депилатор и јас го поставив истото прашање во интимна депилација најверојатно никоја го нема купено! ако навистина депилира без болка, а не бричи, јас би го земала! околу 3500 беше ако не се лажам?
E-rola електролитски депилатор Па ако е ефикасен како што се опишува во рекламата цената е навистина ниска.
E-rola електролитски депилатор И јас еднаш го поставив прашањето, но никој не ми одговори. Со мајка ми додека ја гледавме рекламата се чудевме, и за надусници, нозе, разце.. буквално за се’ , а безболно. Околу 3000денари беше. Ајде, некој ако има нека каже дали е задоволен.
E-rola електролитски депилатор Јас имам ама не е од Топ Шоп туку од Цептер .. Го имам 2 години ама ми беше страф да го користам и дури сега почнаф и сум мн задоволна..не е безболно реклама си е реклама ама има резултат(се изретчуваат влакната што е супер) а болката не е голена нормално слично на депилација е ама со самото депилирање болката се намалува..Добар е нема да згреши тој што сака да го земи
E-rola електролитски депилатор јас го купив и почнав и се уште немам видено резултати ама само 2 недели го користам... иначе да знаете тој не депилира и не бричи само го гори коренчето а влакната откако ке се помините со него треба да ги издепилирате со депилатор или шо и да било нешто за да ги извадите од корен... не паѓаат влакната кога ќе се помините со него да знаете... тоа само му прави третман на коренот на влакната а не ги депилира или бричи влакната... то е малцее глупо оти сепак треба да ги трпиш болките уште два- три месеци ..., ама барем ке се исплати... п.с. вие што го имате на колку време го користите?? еднаш неделно или како?? оти таму пиши еднаш се користи и во следните 24 часа да не се користи... а на тв и од кај шо го купив велат еднаш неделно....?!?!
E-rola електролитски депилатор Абе ова е интересна работа ама морам да признаам дека мн ми е 4удно сеа искрено ако разговараме еден оби4ен депилатор е околу 2000-3000, а и ова 4ини толку, некако ниска му е цената... јас се си мислам дека нешто ако е квалитетно повеќе ќе чини
Е па јас од искуство да ви кажам: го купивме со мама депилаторот со надеж дека конечно најдовме решение кое безболно ќе ни ги отстранува влакната. Ни јас ни таа не се надевавме дека тоа ќе биде трајно, бидејки не е можно, ама барем на неколку месеци како што каживаат на рекламата. На упатството пишуваше дека дека не смее да се употребува на тело со бенки, па така јас се збогував со него, бидејки сум цела со бенки. Го проба мама. Стави од гелот на ногата и почна... И, ништо! Влакната си останаа како никогаш ништо да не поминало врз нив! Пробав јас (и покрај опомената за бенките) и кај мене исто. Значи едно влакно не падна. Значи, кај нас не даде резултати. Можеби пограшно го употребивме можеби сепак не е ефекасен. Едит: сега ве читам, требало после со друг депилатор да се поминеш... Па зошто тогаш тоа не е напишано барем во упатството, ако не и во рекламата?! Мислам, треба некако да биде кажано. Мене ни на крај памет не ми падна дека треба и со друг да се поминеш, бидејки неговото име е депилатор!
Сличен ваков епилатор имав и јас до пред две години, но не се осмелував да го користам поради несакани ефекти. Се покажа како многу ефективен на чичко ми кој што ги острануваше некои несакани влакни кои се наоѓаа на пределот над брадата. После неколку употреби влакненцата престанаа да растат. Епилаторот имаше светло за кое што не знам која му беше употребата а влакненцата буквално ги гореше и можеше да се запримети миризба, но единствен проблем е тоа што кабелчето се скина и неможеше исто такво да се најди во Македонија затоа што машинчето беше купено од Австралија. Сега кога сум редовен посетител на козметичките салони за депилација и ми е смачено од истите, спремна сум да користам машинче но за жал не ми работи па планирам да си купам ново. Ако некој има купено слично нека сподели искуство
Леле уште го пцујам епилаторов. Мајка ми го купи од топ шоп и јас таква среќна ајде да го пробам оооп поминувам ништо. А јас немам живци да се минам со епилатор прво, па после со депилатор да ги вадам влакната и фино лепо го вратив у тип шоп и си земав нова перница дормео. И сеа си се депилирам со депилатор Ух
читајки го овој пост се замислив дали да го купам но сепак го купив и навистина влакната не пагааат кога ке поминес ама после кога ги вадис со цупалката воопсто не боли ( и при ласерска епилација е така само ди гори и не пагааат веднас) од ова сум по задоволана затоа сто при ласерска се чувствува болка овде не а и поевтино е и мозес да го користис дома кога имас време White Angel поцетокот ти бил добар само доврси ја постапката (направи споредба при кубење на третирано и нетретирано влакно ке ја видис разликата) па писи П.С. вреди за парите