Спојлер не најдов ваква тема, се извинувам ако е дупла Дали ги користите производите на Fa? како сте задоволни? кои ви се најубави? јас моментално оваа ја имам....многу убаво мириса, презадоволна сум....
Ги имам користено производите на Фа, задоволна сум и сите ми се допаднале, немам некоја негативна замерка за истите
Имам неколку производи и немам никаква замерка, моментално го имам течниот сапун првиот, првиот гел за туширање од второто купче (не тоа искривеното туку првото со бело на капачето) и анти-преспирантот кој ми се потроши а и гелот за туширање ми е при крај.. Спојлер Ќе ти ја краднам сликава
Најчесто од Fa користам шампони за туширање, евентуално и сапуни за раце. Последен овој на сликава и многу ми се допадна.
Не сум љубител на производите на Фа, не ми се допаѓаат пред некое време го добив на поклон гелов за туширање си реков да го пробам, абе 100 пати зажалив, уште ко излегов од купатилото почнав да се чешам за неполн час имав огромни црвени пликови по телото. Можеби не ми одговара мене, ама од тогаш ФА нема шанси
Ми се допаднале сите нивни гелови, сапуни и дезодоранси кои сум ги користела. Многу сум задоволна од колекцијава, мирисот е нешто неверојатно и се осеќа подолго време по туширањето. И би рекла дека ми е најомилена. Неодамна си купив и течен сапун со мирис на ванила и мед. Ми се допаѓа, па колку за миење раце и за мирискање после тоа, го бидува, ај лајк ит.
Презадоволна сум од овој антипеспирант многу штити од потење и ми одговара на кожата, го начекав во една парфимерија со 30% гратис за 145 ден.
Имам користено повеќе работи од Фа и многу сум задоволна.. Имам користено неколку гелови за туширање, сапунчиња, дезедоранси, од тие стикчињата за по мишки... Премногу се убави вредат за секој денар. Многу ги сакам..! Може ли да ми кажете ова какво е ? Мислам какво е внатре, дали е она како воденко шо пушта или она по тврдо шо е вакво? (ама објаснувам )
Не ги користам,еднаш само сум пробала дезодоранс и ок ми беше. На либето му купив колекција FA(гел за туширање и дезодоранс) за Нова година, и незнам дали му се допаднаа,не ми кажа
Убави се геловите за туширање од Fa, а и ефтини се. Сум користела скоро од сите, најдобар моментално ми е овој со грозје. Дезодорансот од оваа линија не го имам забележано, а може да го пробам.
Дезедорансот вчера го видов во Туш-Велес. Инаку фала шо се потрудивте да ми одговорите, тоа многу ми значи ми помогнавте.
Од Фа единствено овоа млеко за тело ми е препрекрасно.Кога немам некое послабо од yves rocher,овоа ми е таман.Онака не е прејако,баш за во летните денови....