Погоре наведениот третман е третман за регенарација на кожата, со кој се обновува површинскиот слој на кожата и се губат сите флеки, стрии итн кои дотогаш постоеле и се создава нов слој кожа. Па мене ме интересира дали некој бил на ваков третман и неговото искуство, или евентуално слушнал за неговите позитивни и негативни страни ??
Третманот е таков што на каде имаш пр. флека или стрии те мачкаат со тоа греен пеел и за 5 дена имаш нова кожа без лузни и без стрии или што и да сакаш да елиминираш... па затоа сакав да видам позитивни и негативни искуства со некој кој пробал бидејки вака теоретки е совршенство
Се користи и за тело и за лице, можеш да видиш нешто повеќе на сјатот на афродита с Јас ја отворив темава надевајки се дека има некој што го искусил ама гледам дека никој не знае за негооо ...
ее ти благодарам , баш ова ми требаше , сега ќе закажам некој третман потребно ми е отстранување на флеки
Баш ми е мило што информацијата ти помогнала, во случај да одиш ако не ти е тешко после тоа сподели информации за искуството а се разбира и што ти објасниле околу цената на истиот третман
Ова нешто ќе му дојде како хемиски пилинг бидејќи се лупи горниот слој на кожата, ама уствари природен бил препаратот од билки без хемикалии. Се отстрануваат лузни, акни, проширени пори, пигментирани дамки, брчки, стрии, целулит?! (хмм..), обновување на еластичноста на кожата, ревитализација и регенерација. Нешто од тоа што прочитав подетално за третманов: Третманов многу ветува на пишан збор ама не сум чула некој да го има пробано кај нас, па да каже вистинско искуство. Посебно ме интересира за стрии, а сигурно и препорачуваат многу третмани (како и секогаш ) за видливи ефекти (нема ништо одеднаш), па треба трпение и парични средства. Пред и потоа На првава слика некоја ексклузивна промена јас не гледам, на вторава има нешто ама пак ми е незадоволително или не се гледа добро на сликата зошто е со лош квалитет. Спојлер Овој резултат ми се допаѓа. Лузната е доста избледена, стрии не се забележуваат. Спојлер Резултати на лице Спојлер
Како добро би ми дошло ова за моето лице. Колку само сакам да ги снема флеките од бубулици. Обавезно да не информирате ако знаете каде има вакви третмани и за цената.
Цена не знам и мене ме интересира, а сигурно зависи и од тоа на кој дел на телото се прави. Инаку застапници се салонот Ла Мер козметик и исто така го прават и во Афродита С. Спојлер Затегнување на кожа и брчки