Се ближи летото....секое лето кога одам на одмор преокупирана сум што повеќе да поцрнам.Секој ден се "печам" на сонце и секако има резултати.Другарките секој ден на плажа ме зафркаваат во врска со сончањето, дури и ми измислија прекар - СОНЧАЛО. Хахахахаа И ова лето како и секое се спремам да се сончам по цели денови....По солариуми одење не практикувам , повеќе сакам на природен начин....Па ако знаете некое трикче за побрзо и подобро потемнување кажете.....
Кантарионово масло, по можност дома приготвено, ќе си се мачкаш на цело тело, јас со такво секое лето поцрнувам, прво само се сончам со крем со заштитен фактор, после терт,четврт ден се мачкам со тоа и боја добивам преубава. Плус и ја штити кожата, мазна и мека ја прави.
Не, ништо повеќе, само кантарионово масло, не знам дома како се приготвува, јас од една другарка го земам, ама ќе ја прашам. Ама има и по аптеките, побарај, сигурно, ќе си се мачкаш на цело тело, масло е тоа, ќе ти свети кожата, и уште веднаш се забележува разлика. Ептен добра боја дава.
Благодарам на советот.Ќе прашам во аптеките , ако можеш пиши ми кога ќе ја прашаш другарката во врска со приготвувањето на кантарионот
Бета каротен таблети,еден месец пред одмор,секојдневно и додека си на одмор и после одмор и така!Јас лани така направив,ем поцрнев многу,ем ми се чинеше бојата засекогаш ќе ми остане!
Па не знам,не би требало да се штетни,јас си се консултирав со фармацевт,која патем ми е добра пријателка,ми рече дека нема апсолутно никакви контраиндикации,затоа што не е лек,туку додаток.Еве сум јас,жива,здрава со цел црн дроб,неоштетен и добар!
Тоа со кантарионот е точно, јас секогаш првите 3-4 дена се мачкам со млеко за сончање и после откако ќе добијам боја, наредните денови се мачкам со кантарион и се добива ептен црна боја чоколадна Ама треба да се внимава да не се нанесува првите денови затоа што можеш да изгориш бидејќи кантарионот го привлекува сонцето.
Масло од кантарион се прави така што во тегличка ќе ставиш маслиново масло, во него ќе потопиш сушени цветови од кантарион колку што сакаш да биде концентрирано, и ќе го чуваш 40 дена на сонце. Тоа е природно кантарионово масло, ама зошто сама да го правиш ако имаш во аптеки? И таблетите бета каротен се добри, заради каротенот кој помага за подобро поцрнување и подолготрајност на бојата. А кантарионовото масло помага и во лекувањето на изгорениците ако не дај Боже дојде и до тоа.
A bitno li e dali ke stoi masloto so kantarion na sonce 40 dena ili pak terba na senka da stoi? I uste edna rabota, vo toa maslo nema zastiten faktor, sto znaci кожата ни е директно изложена на UV зраците.
И јас сум за бета каротен таблетки, по советот на Лилит, еве 20 дена веќе ги пијам. Во аптеките ги даваат и на парче, 5 ден една одлични се, веднаш се приметува разлика, ќе продолжам да ги пијам и додека сум на одмор, и после тоа.
Па колку што знам и што сум гледала како се прави, треба на сонце да стои. А за заштитниот фактор - навистина го нема, ама секако ти нема да се печеш на пладне (тогаш ни СПФ 50 не те штити, нека кажуваат што сакаат). Ќе си се сончаш до кај 10 саат сабајле, или после 5 попладне. А меѓу 10-17 под сенка или дома. Кантарионот помага во добивање на убава рамномерна боја, а не штити од изгореници, само помага во нивното лекување. Јас наместо бета каротен таблети јадам моркови по три пати дневно, обавезно пред јадење. Од една страна, ми помага помалку да јадам, а од друга страна убава боја добив од овие неколку дена што се акам по сонцево (не дека сакав, ама морав).
Со моркови кој циркуз го имав како мала.Опсесивно сум јадела моркови,просто сум ги обожавала...дланките ми станаале темно жолти,добро не е ништо...сум продолжила со јадење,резултат цела портокалова! До душа јас не се сеќавам многу,блур ми е како седам во бавчичката на дедо ми,чучната и си корнам морковчиња и си јадам и тоа со се земја на нив,ама имам слики од тоа време,моите ми кажуваа,ама факт е дека ги имам прејадено и сега не можам да ги смислам,пред одмор со сила ги рендам и ги мешам со друго изрендано овошје,што се најде,ако се најдат јаболки (ама летно време потешко) или летни круши или па во соковник ги цедам...нема шанси инаку. Кај мало дете сигурно дека е многу веројатно ова да се случи,ама кај возрасен не ретко се случува да пожолтат дланките. Во секој случај бета каротин таблетките се одлични,ви викам јас лани ми се чинеше цел живот ќе останам ко црнец!
хммм се мислам дали да ги земам овие таблетките или да и се јавам на баба ми да ми испрати масло од кантарион, таа цело време си прави ама немој да станам портокалова а инаку голем фанатик сум на црната боја, и кога одам на одмор мислам дека дехидрирам на сонцето
Јас кога се мачкам со кантарионово масло, после 4,5 ден сончење со крем, ставам пак прво крем со спф, па врз него маслото и тоа во подебел слој, колку што може. И секако не се сончате во 14 часот, кога е најако. А морковите, јадам и јас, не често, ама знам да си ги рендам во салати, и за тоа што Лилит вика, со портокаловите раце, имам една другарка, поради болест мораше да јаде по 6 моркови дневно, и за неколку дена целата беше и во раце и во лице портокалова, ама мораше, со тоа здравјето и се врати. Бројче, од маслото се црнее, буквално