Со брич, или некогаш и со крема ако имам, но најчесто со брич. Не ми е тешко секој ден да ги фаќам пазувите, па не би се осудила на ваква болка да се депилирам.
на зима со брич, а веќе две лета ги кубам со пинцета ама не ви препорачувам, се оштетват жлездите и после тоа многу се поти, пред да почнам ич не потев ама сега пак затоа не можам да го спречам потењето
Јас мислам дека не ти е од тоа Ама не знам ни од што може да биде..... јас цели 4 години се депилирам со депилаторот и боопшто никаков проблем немам, нормално се потам само кога ми е многу топло или едноставно ме фати саклет (не знам превод аххаха ) инаку не се потам, а немам никаков проблем со жлездите, ме имаат дури и гледано и на ехо (за секој случај бидејки секако одев) и нема ништо, а да ви кажам раат ми е и на 5 дена се депилирам а влакната на прсти може да ми се пребројат а за болката првиот пат боли дури и крв мене ми течеше а сега ми е како рол-он да си ставам никаква болка
Девојкиии смо што пробав со депилатор на левата рака се е супер не ме ни болеше ништо но под десниот паздув почна крв да ми течи мислам ептен малку но дали да продолжам или да си го земам бричот???
шом си започнала немој да прекинуваш, јас лично од кога го користам депилаторот само еднаш се имам фатено со брич и после тоа ме болеше и веќе не-само депилатор, ништо на крвта и кај мене имаше а сега е супер види го мојот предходен коментар
Ќе си се смееш ти на паметот кога ќе откриеш некоја глупост, кога можда си заебала нешто со некоја жлезда. Онтопик: со брич, тие влакна се таму со намена.
Имав некои проблеми со потните жлезди кога ги бричев, па веќе повеќе од две години користам Veet крема. Растат за исто време колку и кога ги бричиш, но не се толку остри. Ни ни можам да замислам да ги депилирам, посебно не со депилатор.
со ленти за депилирање, на две недели се депилирам и воопшто не ме боли, првиот пат кога се депилирав ме болеше но веке не.
со брич ! еднаш пробав со депилатор и поише ме исплаши крвта отколку болката, што и не болеше многу, али се откажав
Депилатор му е мајката. Ќе се издепилирам и раат сум 10 дена еј! Плус тоа, потенки се и побледи влакната,за разлика од брич , кои колку и да ги бричиш пак ќе ти стои црно под пазуви! Болно е само првите неколку пати со депилатор, може и крв да потече,ама не е страшно , преминува во навика и не е толку болно
со брич иако не го многу сакам неможам да се решам да земам нешто друго во раце за отстранување на влакната под пазуви
Мислам дека имам пишано на темава, ама морам пак. Како бе луѓе под пазуви со депилатор???? Не зборам за болка, тоа е индивидуално ама знаете колкав ризик е, колку жлезди има таму. Никако, никако со депилатор. Земете брич, додека се тушираш за пола минута средуваш работа. Сериозно не се глупирајте, свесни ли сте какви проблеми може да предизвикате! И тоа за што, за 20 влакна кои не се ни гледаат толку многу. Да не ви зјапа некој со лупа под мишка колку се подраснати и дали се светли или темни? Ако мислите дека јас тропам глупости исконсултирајте се со доктор да видите што ќе ви каже.