1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како го подготвувате телото за одмор?

Дискусија во 'Тело' започната од LadyStyle, 5 јули 2010.

  1. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Кои подготовки ги правите за вашето тело за летните одмори..?
    Јас пример се трудам да добијам мала боја кога сум во град,за да не излезам ко крем сир на плажа па да изгорам :tmi:
    И си ја потскратувам косата...тоа е отприлика важното...А вие?!
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јас му викам на телото - спремај се, одиме на одмор. :D
    Од прилика е така.

    Не, сериозно, го молам да не бара толку храна, еден месец пред одморот пијам таблетки бета каротен или одам на солариум, 10-тина дена порано ја фарбам и ја скратувам косата и си правам маникир и педикир, иако знам дека водата ќе ми го уништи за 2-3 дена.
    Нормално депилација се подразбира. :)
     
    На ivonna48 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Пијам бета каротен . Конкретно ова лето , многу ослабев па гледам да се поправам , ама само ова лето :!: :D Ноктите ги средувам и се депилирам :)
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    вежбам,одам на педикир,нели тоа депилација јасно е,сега уште малку ќе одам на солариум,косата обично ја шишам после одмор,антицелулитни масажи и толку отприлика :D
     
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Па депилација, средување на косата, ноктите. И скоро секогаш баш пред одење на одмор, ете ги комарците кај мене, па се погрижувам и за убодите од комарци :D
     
  6. lavce

    lavce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    36
    Депилација, средување на ноктите, потскратување на косата бидејќи ми е фарбана и доста сува па ова е задолжително. И се обидувам да фатам барем малку боја пред да отидам зашто имам светол тен и одма горам. :D :D :D
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Еве баш денес идам на депилација бидејќи за некој ден ќе одам на одмор. Ноктите ми се секогаш средени, така што немам работа во однос на тоа. Во принцип пијам многу течности за хидратација на кожата, на сонце сум постојано изложена поради обврските така што и тоа спаѓа во подготовките. За одмор се спремам повеќе психички отколку физички :D
     
  8. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    немам светол тен и не горам се ми оди во боја и сум среќна заради тоа :) ама пред секој одмор ја сунчам кожата малку од малку. (на езеро, во двор :) одам на депилација целосна цело тело, си ги средувам ноктите , косата обично ја шишам после одмор, купувам спејови за сончање и за после сончање и толку.. ;) ;)
     
  9. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Депилација, антцелулитна масажа (денеска ми е 7 и немам целулит :angel: ) Диета, абтроник, трчање.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Лицемерно е да се грижиш за изгледот на своето тело само пред одмор,со се сите тертипи...
    Вежбав цела година,можеби не се набилдав,ама ослабев доста и се затегнав доста,но тоа не ми беше поента за на одмор,туку воопшто сакав да си бидам тип топ преку целата година.Пијам вода,пијам зелен чај,се хидрирам постојано,секој месец си се депилирам,така да за одмор може да подрани или подзакасни некој ден,одам на педикир редовно,исто не ми е вонредно,косата ја шишам после одмор,зошто ми нема поента пред одмор,пак ќе се пресуши и оштети од сонцето и солта,барем јас така имам разбрано,антицелулитни креми употребувам во текот на целата година,не само пред одмор и не континуирано со паузи помеѓу,еве конкретно сега пред одмор не се шлапав,некако заморно ми се виде,а плус и го намалив на друг начин,а со него ќе се замарам и после одмор,не само до одмор така да....
    Едино,пијам бета каротен две недели пред одмор,за време на одмор и две недели после одморот...пилинг правам еднаш неделно задолжително во текот на цела година,но пред одмор убаво се откиснувам во вода и правам погруб и подлабински за да не се направам како кравичка и да почнам да се лупам откако ќе се исончам...
    Немам некои посебни активности за пред одмор,едино само се замарам со тоа што ќе носам,дали нешто ми недостига за да си купам и тоа многу се замарам со тоа,имам фобија да не нешто ми недостига таму како да нема да се купи,ама ајде...
    ТоВа е...
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121


    Да,косата пред одмор да се крати не било препорачливо заради нешто сушење и такви ствари...
    А за фобијата и ја исто...уплав имам! :D
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Како и сите вас. И косата не ја фарбам пред одмор :shake: , ја оставам за после одкако ќе си дојдам бидејќи од нечистотијата на водата ми се суши доста и плус ми паѓа бојата и сјајот. Друго се исто, маникир, педикир, пилинзи. Е сега најмногу се занимавам со редење и прередување алишта :lol: По цела недела ги оставам на кревет и се мислам што ми треба што не :$ :lol:
     
  13. cakii

    cakii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    18
    Депилација, средување на ноктите, трчање, вежбање за затегнување на телото, за косата кога како и отприлика тоа :)

    И кога сме веќе кај депилацијата, според вас која депилација е подобра, понеболна :) и што не остава било какви иритации на кожата депилација со восок или со шеќерна паста?
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Имаш цела тема за депилација.
     
  15. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    115
    Само Шопинг. Се правам во текот на годината. сега немам време за диети
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.559
    Пол:
    Женски
    Оваа година никако, имам се, а и телото можам да се пофалам ми е во топ форма, целулит малце, колку да не е без ич :D
    Добро се разбира депилација. :D
     
  17. Lover.Girl

    Lover.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Девојки јас се спремам моментално за одмор - одам во среда. Планирам да се издепилирам со епилатор, а до сега немам користено, па решив да пробам. И баш денес го вклучив и добро е што не ме боли многу, но сакам да ве прашам кога да се издепилирам, бидејќи ми се појавува црвенило, па за колку време се губи црвенилото, а влакненцата на нозете да не ми пораснат? Сметем дека треба да се издепилирам утре за до среда да ми се изгуби црвенилото, но не знам дали тогаш влакненцата пак ќе почнат да ми се познаваат. Сепак мислам дека нема бидејќи нели епилаторот ги вади од корен... |(
     
  18. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    21
    Баш деновиве одам на депилација пошто идам на одмор деновиве,ќе одам и да ја скратам и освежам косата и да ја спремам за на сонце па нормално и од враќање повторно ќе ја скратам и средам а за време на одморот ќе гледам при секое миење ќе ставам регенератор и маска за коса бидејќи не сакам да ми се оштети,маникир и педикир обавезно иако секогаш ми се средени и убави ноктите,пилинг на целото тело ќе направам,лицето исто така ќе го спремам со маски и слично ... и многу многу вода.и отрпилика тоа би било тоа ... и уште психички да се спремам и се ќе биде окејј
     
  19. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Козметичар ко и секој месец после циклус нормално, шишам косите тро, мене па на одмор ич не ми се суши косата, нон стоп сум у вода, и дома под туш пак под вода, и баш поубава ми е тогаш. :/
    Влакна вадам па се шлакам у млека за до наредниот ден да сум мазна и без тачкици, ноктите на нозете ги лакирам стандард црвено, а за рацете си носам лакови таму и си ги менувам. Со вежбање не се занимавам пред одмор па ич. Се наоѓа кило-две вишок али неам нерви да се замарам, згоден човек сум ваљда и сосе нормален бут (теши се):$

    Козметики докупувам, тоа шо сум изарчила, за на одмор да имам и ко за инает не стигам ни пудра да употребам не па да се нашминкам, а мерак имам да се шминкам. :emo: И шопинг, ретардирано е али пред одмор увек си пазарам партали. :rock: Уживам у повеќедневно пакување, калакурница ми е собата недела пред одмор дури се спастрам. :D
     
  20. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Јас му најдов една „финта“ при пакување за на одмор. Вадам се на кревет и одбирам еден (нормално) куп колку што можам да издвојам од сите алишта. После, им правам природна селекција :) што сакам да носам на одмор/што можам само таму да облечам и слично. Од сите тие работи, си правам комбинации за колку дена и колку пати ќе ми треба (си ставам по максимум 2 комбинации од ден, со исклучок на оние за на плажа, нив посебно ги селектирам) и си викам, некој ден и 4 пати да треба да се пресоблечам, ќе облечам нешто два пати и така. После обувки спремам со „комплетите“ што ми одговараат, во тој дел сеуште имам огромен проблем, и носам мал куфер со обувки и тој тро поголемиот со алишта. Но, во секој случај, за разлика од претходните години кога сум одела, лани и пред таа година, буквално се облеков што носев и така ќе се пакувам и годинава.
    Инаку, немам посебни подготовки, како цела година така и сега, единствено, пролетно освежување на целата јас, ама тоа го правам уште пред да знам кога ќе одам на одмор и дали ќе одам на одмор со плажа или на планина.