Ја разгледував темата и не најдов ниедна тема за крем за депилација. Дали се депилирате со крем? Искуства со него? Дали е подобар од бричот? Кој е најдобар?...
вечерва изгледа сум сезнајко,м Јас користев крема оти ми беше нај безболниот начи за депилација(мразам да ме боли кога се депилирам-не трпам болка од ленти и сл) ама не ми беше 100 посто ефикасна оставаше делови кои мораше да се поминат со брич, па така јас се префрлив само на брич Зборувам за депилација на нозе Инаку сигурно има ваква тема- депилацијата е тежок проблем на девојките сигурно досега отвориле тема
Дали со користење на кремава пример на надусниците почнувале да растат влакна и по лице? Така и кажала една аптекарка на мајка ми
@Glorcheto откако почнав да се депилирам на надусниците, се депилирам само со крем. Не е логично да растат влакна на лицето, кога ја третираш само областа над устата. Само внимавај во однос на времето откако кремот ќе го нанесеш на саканата област. На повеќето креми пишува од 10-15 минути да се чува, но мене и 5 минути ми се премногу. Го чувам 2, најмногу 3 минути и го вадам.
Позитивно сум изненадена од кремата за депилација на Балеа. Ја купив сосема случајно без да прочитам ниту една рецензија. Имав вишок време и се врткав во ДМ, а не ми се излегуваше со празни раце. Кремата е наменета за чувствителна кожа и по едно користење можам да потврдам дека не ми предизвика никакви иритации. Ја нанесов на стомакот и ја оставив да делува околу 5-7 минути. Со кремот на Вит имав проблем бидејќи кога ќе го извадев со шпатулата влакненцата остануваа на мене и морав да ги тријам со пешкир или сунѓер за да ги отстранам комплетно. Со оваа крема го немав тој проблем. Со еден потег на шпатулата сите влакненца ги снема. Мирисот е пријатен, не мириса на хемикалии. Од мене има голем плус во однос на цената (125 мл. за 99 денари) и во однос на дејството. Ќе продолжам да ја купувам во иднина.
Дали кремите за депилација имаат ист ефект како брич ( да ги згуснува влакната) или само ги гори и одново растат истите?