Лакови за нокти

Дискусија во 'Тело' започната од fashionista, 2 јули 2011.

  1. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Какви лакови користити и кои бои ги преферирате, дали експериментирате или играте сигурно?
    Јас обожавам лакови во необични бои и во последно време сакам да ги налакирам ноктите во 2 или 3 различни бои :D
    на пр. 8 нокти жолти, еден плав и еден темно виолетов ;)
    Незнам дали има ваква тема, ако има слободно избришете ја
     
    На Crna Dama, letaa и Boka.A им се допаѓа ова.
  2. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Користам секакви бои на лакови соодветни на мојата возраст. Секакви нијанси на розови, виолетови темни, понекогаш ако сум вредна и френч ке си направам. Инаку летово почнав повеќе да експериментирам, па ги направив ноктите сите во темно сина боја само домалиот прст ми беше во светла црвена, еднаш ги обоив сите во различна нијанса на розево, разнобојни френчови и слично.
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    17.011
    Ја секој ден се лакирам, па некогаш коа ми истекне нешо и у дено 2 пати..:D
    Имам секаква бија на лакови и екпериментирам со ноктите па некогаш ги направам како .. :D
    Најчесто купувам од тие на Олива и тие пАрис..:D Најубави ми се.. :)
     
    На Boka.A му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Неможам без лакови за нокти, обавезно сум излакирана и на ноктите на рацете и на нозете. Најчесто се лакирам секој втор ден, и многу внимавам да не ми е излупен лакот.
    Многу често експериментирам со боите, сакам и темни и светли, а не ги сакам оние со светки.
    Најчесто се лакирам со црвен, црн, бел, виолетов или некоја нијанса на розев лак. Многу често си правам и френч.
     
    На Kim.Kardashian му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сакам темни нијанси.
    Црна, бордо, темно виолетова, темно сина, темно зелен. Буквално бои кои се мрачни и одат повеќе накај црно.
    Во друг период сакам неутрална боја.
    Светло розев или месо боја.
    Обично бирам по тоа како сум расположена.
    Меѓу омилените ми се и дречавите нијанси. Особено корал. Многу си се радувам тогаш. :D

    Од дното на душата мразам нокти со цветови и триста чуда. Кич ми се.
    Исто и френчот почна да ме нервира. Убав ми е на поглед, ама аман доста е од него веќе.
    Ме нервираат светкави лакови и некои лоши сатен нијанси. :)
     
    На Boka.A и ZoeRaivotar им се допаѓа ова.
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Секакви користаб бел, црн, кафеав, 2-3 розеви нијанси, 2 сребрени нијанси, црвен, плав, жолт, портокалов и многу други бои.
     
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Најчесто користам циклама лак за нокти.
    Најомилени ми се кога ги шарам како лубеничиња,или пак секој нокт во различна боја.
    Понекогаш ги шарам пола црн пола циклама или пак правам некои луди миксови од сите бои на виножитото разлеани врз еден нокт.Зависи од расположение,поретко од облека.
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Не ми е убаво кога ќе видам девојка налакирана со различни лакови на рацете (секој прст да е различен). Мене тоа не ми е интересно , не знам зошто . Повеќе сакам средени и негувани нокти налакирани во една боја :) Имам многу лакови а меќу тие можда 10 розеви лакови само различна нијанса :lol:, црвен , жолт , темно син , кафен .. Сакам француски , многу убаво ми изгледа :) Ич не сакам да сум без лак или да ми е излупен , гледам рацете да ми се по џебови тогаш :lol:
     
    На Just.you, Pepa12 и Andzelika им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Најчесто користам светли нијанси, тие се така доминантни :D месо боја, светло розева, некогаш и дречливи бои, но ретко, потоа светло и темно кафеави, мешани плаво-сиви, зависи тоа од расположение :D
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Секогаш сакам некои посилни бои, поизразити, ги одбегнувам оние беж нијасни. Во последно време експериментирам со боите, пробувам различни техники иако nailart-от не ми оди баш најмногу!
    И најчеста боја која ќе ја видите на моите нокти е розовата во сите можни нијанси!
     
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    најчесто проѕирни.. ;)
     
  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не. Последните денови од учебната година, една другарка се имаше лакирано во три бои:сина, црвена и виолетова. Боиве толку зрачеа, веднаш паѓаа во очи. Немаше професорка што не ја праша зошто се лакирала така, не била в чаршија туку во училиште, бла бла бла...
    Што знам, тоа е малку чудно е за менталитетов на луѓево кај нас :angel:
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Лакови за нокти? ДА. Какви? СЕКАКВИ!
    Сакам секакви лакови зимно време темни најчесто сиво, кафено ми беше најактуелно лани, лила, бордо, па и црно некад знам за излегување да се налакирам, па мастило боја. Летно време дреч корално, розе, зелено, тиркизно, плаво, жолто.
    Црвено ретко се правам, ама има такви моменти. Францускиот преретко досадничок е, а и го сакам само на убаво средени долги нокти и најбитно со убав облик.
    Сакам и сребренкаст и златест со светки. Сакам нов со светки поголеми.
    Го сакам лакот што се распукува, графити поточно.
    Сакам да цртам цветичи, точки, линии, зебра принт, да ставам букви...
    И најчесто на нозе и раце имам различен лак.

    Најмалку сакам бледи нијанси каде не се приметува лакот како крем, а и проѕирен само и мразам циркони и прешарени кичести нокти со додатоци на нив како лепени цветови, јагоди, лимони и 300 други глупости.
    А за излупени... тоа ми е несреденост. 1 минута работа е чистење со ацетон. Подобро неналакирани него излупени нокти! Знаеме еднаш да измиеш садови се подлупува горе, ама зборам за апла несредени нокти налакирани и за 2 недели го бришат кога имаат само цртки на ноктите :^)

    И темава ми е за во подфорумот тело. Таму веќе стојат другите теми за лакови и нокти ;)
     
    На Kim.Kardashian и the.one им се допаѓа ова.
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Моментално ми е ин циклама лак за нокти. Инаку летно време си дозволувам појаки на бои, а додека зимно време повеќе сакам нежни бои. Еден од омилените за зимно време ми е кремаст лак за нокти или нежно розев. Морам да нагласам секогаш ама баш секогаш помеѓу моите лакови задолжително има црвен едноставно го обоажавам

    [​IMG]

    Инаку не испробувам да цткам или шаркам по ноктите си ги сакам само онака налакирани еднобојно.
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Моето најново мало душиче e тиркизно :D

    Обожавам лакови и ги сакам сите бои. Освен црвена. Не ја сакам многу бојава, неможам да ја комбинирам и не ми одговара на стилот и облеката што ја имам
    Во зимо најчесто темни, борди и темно лилакови, ама повеќе ги сакам летниве бои. Богатството мое брои околу 50тина лакови

    Тиркизот ми е најхит сега, исто обожавам небесно син, жолт, зелен, циклама, корален. И оние што распукнуваат периодов ми се најкористени, а и ептен се практични, неможеш да приметиш ако се подизлупи малку :D Ама ретко ми се ноктите во 1 боја. Сакам да ги "цртам", а ми бидат необични, ама пазам да не ја минам границата на кичот :) мислам до сеа не сум отишла прдалеку, барем по мој вкус и осет :D
    Британското знаме на моите нокти ми е нај погодено. Се радувам кога ги гледам.
    Не си дозволувам да излезам со несредени нокти. Неможам некако, не ми дава душава, ќе каснам ама мора да ги средам

    Во поселедно време најчесто купувам лакови на есенс, зашто имаат голем избор на бои вакви летни, шарени. А зимам и од голден роуз, за неутрални бои најдобри ми се на севентин и така. Не ми е битно од каде ќе се, бирам според боја

    Овие ги сакам најмногу, штета што ги нема кај нас, а јас ги земав само првите 3
    [​IMG]


    А сега ја сакам оваа боја, ама не се наоѓа никаде. Значи не е баш типична жолта, незнам како се вика оваа :) жолт лак имам, ама многу се разликува
    [​IMG]
     
    На sugarlips и Kim.Kardashian им се допаѓа ова.
  16. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Лакчиња :inlove: Најчесто си купувам од пазарче, претежно Golden Rose. Никогаш не користам нежни и светли нијанси, не ми се допаѓаат воопшто. Во зима сакам потемни боички-бордо, темно лиљакова, темно сина, кафева, црна. Во лето сите дречливи нијанси- црвена, корална, зелена, тиркизна, циклама. Немам жолто лакче ќе си купам наскоро да видам баш како ќе ми стои. Не сакам онакви светлуцави лакови тие ми се некако како за мајка ми, не знам да се изразам :D , исклучиво мат купувам. Не ги цртам никогаш ноктите ама понекогаш одозгора врз лакот ставам проѕирен лак со светки.
     
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Лакирањето нокти за мене често знае да биде многу стресно искуство. Лакирање, сушење, па некој побарал нешто, па ушљакување. А утредента после првото миење садови, веќе се за репарација. Па ги гледам овие ленти за нокти (лепенки) и баш ме интересира дали некој знае дали ги има кај нас. Лепенката се одлепува, се нанесува на ноктот и се обликува со турпија според обликот на ноктот. Има прекрасни дезени.
     

    Прикачени фајлови:

    • sally-hansen.jpg
      sally-hansen.jpg
      Големина на фајлот:
      40,8 KB
      Прегледи:
      479
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сакам да се лакирам, ама не сум некој голем љубител на лакирањето. Речиси секогаш се лакирам во една боја, најчесто црна или кремаста, а во последно време решив да си купам нови лакови и да си ја зголемам „колекцијата“. Имам петнаесетина лакови, ништо посебно, обични бои, неколку слични нијанси и толку. Немам доволно трпение да земам да ги цртам и да ги тинтрам, така што во една боја ми е сосема доволно, всушност и така ми изгледаат најубаво.
    Ах Алиса, британското знаме на моите нокти е мојата неостварена желба. Еднаш пробав, ама не ми излезе онака како што сакав и се откажав, од тогаш не сум пробала повторно да си ги направам. Искрено ти љубоморам чим можеш да си ги направиш ноктите со британското знаме. :lol:
    А за тоа од каде ми се лаковите, воопшто не се замарам, повеќето ми се Pacific, Golden Rose и Catherine Arley.
     
  19. selly.gomez

    selly.gomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    42
    Поготово летово користам дреч лакови, а најчесто розов, циклама и слично
     
  20. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    2.410
    Посветли и дреч, темни, црни не преферирам.