Сметам дека имам супер гради во однос на моето тело, но имам премногу мали брадавици... Дури и малку помали ми се од овие на сликава... ако не е срамно би се сликала за да ви покажам... ме интересира дали можат некако да се зголемат...? Си ги сакам моите гради, но секој пат кога ќе се сетам дека имам мали брадавици ја губам самодовербата... зошто?! Дали може да е последица од некое заболување или..?
Душо нема што да се секираш, малите брадавици секогаш се по привлечни и на мажите а и лично на мене ми се поубави. Оваа тема лично ќе ја искористам и да прашам за Синдром повлечени брадавици. Значи моите брадавици ретко излегуваат сами, вовлечени се навнатре и формираат мали дупчиња ( не се испакнати како нормалните). Излегуваат само кога дечко ми ќе поработи на нив . Не ми е проблем, ама сум чула дека жените со такви брадавици не можат да си ги дојат децата. Ако некој знае повеќе нека пише и дали има некои производи кои можат да ги вратат во нормална положба.
Јас сум слушнала за тој синдром, меѓутоа не знам со што би можеле да ти се вратат во нормална положба. Инаку, моите веќе комплекс ми станаа, навистина ми се премали, како на девојче од 7 одделение.
lolipop23 дали си била на лекар за твојот проблем? unknown и јас мислам дека малите брадавици се попривлечни од големите.
Не сум била конкретно за ова, ама имам читано дека не е ништо опасно, дека била честа појава кај девојките. Како и да е не ми смета, немам болки, па затоа и не се грижам.
Не знаев дека некој не сака мали брадавици и дека и за тоа се формира комплекс - значи тоа е доказ дека го сакаме тоа што го немаме, дефинитивно Моиве се поголеми, и би сакала да ми се помали, ај да се менуваме, а анноун
И моите се вовлечени ,излегуваат ако се намовнам ,ако ми залади или ако ми ги шмука либето. Не ми е комплекс,напротив ,посимпатилни ми се ,полжавчиња ,текни му - излегува ,текни му - се крие Можам да си носам и бели маички без градник ,а да не се забележуваат (ете предност)
Моите се мали, понекогаш се вовлечени, а излегуваат кога ми е ладно и кога сум напалена. Според мене малите брадавици се посимпатични и попривлечни, така да не се секирај, нормално е.
Е мене не ми се мали брадавиците, ама ми се многу бледи сакам да ми се поцрни секој со маките хехехехе
Јас имам гледано негде можно е и на бебе магазин дека ако брадавиците се некако вовлечени се прават вежби на нив. со јагодиците на прстите се фака брадавицата и незно да се тегне нанадвор. не у смисла да се тегне буквално него нежни движења нанадвор. имам пробано на мене и успева иначе . рано ми е за бебе ама кога ке дојде време за тоа ке се снаогам сама . пробајте ако ме разбравте како зошто ни јас не знам како да објаснам подобро . ако најдам некое видео ке го постирам тука
Јас појма немам во која категорија да ги ставам, би рекла средни зошто имам видено и поголеми и помали, така да гарант средни ми се. И се е во ред, барем вака на прв поглед, на втор веќе ќе се запримети дека едната ми е малку поголема од другата (во пакет со градите )
ЗА Лолипоп и за сите што имате повчечени брадавици да знаете дека при доењето нема проблем. Се купува една како гумена брадавица од аптека и се става, мислам дека се лепи некако на градата .