Се сложувам со горе напишаново. Ноктите алармираат само кога внатре во организмот нешто недостасува.Привремена пауза од сите штетни хемикали може и те како да го реши проблемот. Преку нас жените "полесни" и "посуптилно се работи" на случајот кога е во прашање козметика. Тука се вбројувам и јас секако но среќа некако почнав да се опаметувам Мене многу ми помогна внесуваењ на дневно шака мешани апетисани или може само бадеми но не печени, пивски квасец а подоцна ги заменив и овие на Натурал и сум ептен задоволна (ги сменив да ги пробам а не затоа што некои тврдат дека пивскиот ти го зголемува апетитот) и ова е нај евтина варијанта на на Омега пошто оди на парче инаку може било која парче е околу 60-70 денари. Верувајте дека освен поубави подолги нокти добив и појака коса (која инаку ми е млитава и доста ми паѓа). Верувам дека и за лицето прија (нормално оние кои имаат проблем со тоа. Еве слики,па кој сака нека проба
женски јас денес го земав лакот од евелин 8во1...не ме печеа кога го нанесов. освен што ви зајакнаа дали приметивте подобрување во лупењето? јас со тоа имам повеќе проблем
јас имам мнооогу меки нокти, ми се лупат и ако малце поише ги пуштам сами од што се меки се виткаат и се кршат мислам дека придонесе и тоа што ставав вештачки нокти ама не надградба туку си ги лепев со секундарен лепак и ги носев по 2 недели скоро и доволно за лепакот да ги нагризе што се вика сега малце ми се пуштија меѓутоа сакам да ги зацврснам бидејќи ми фалат и витамини. Што препорачувате вие?? видов зацврснувачи користите меѓутоа не би сакала со формалдехид да користам
Пиј омега 3 , б комплекс, ќе ти помогнат витаминиве. Ти ги препорачувам б комплексот со фолна киселина што се во ќесички, така кажи им во зегин За зацврстувачи,скоро сите се со формакдехид, на аура и флормар калциум гел се без формалдехид, аура го пробав но не осетив разлика , а за флормар имам слушнато дека помага
^Можно е да сум јас на мириси поосетлива, ама баш на некоја јака киселина ми мириса, а нема состав на него, јас според мирисот мислам дека содржи. Инаку го имам користено и него и овие од евелине, но по некое време има контраефект кај мене, ноктите ми се крути и пукаат на живо, немаат еластичност и морам да ги мачкам со некакво масло или хидратантен крем за нокти.
Овај период од годината и мене ми се лупат ноктите и во листови ми се прават . Така ми се секоја година.Сега не се лакирам,само се мачкам со креми за нокти,масла за нокти,од маслата користам:кокосово ,маслиново,сончогледово,па кога ќе помине овај период од годината пак ќе бидат нормални,и многу овошје и зеленчук, од кога тргнав на школо го запоставив тоа и сега еве ми . Врви ги со турпија за полирање ја има во Jumbo или само во Веро-ама е многу поскапа. .А можеш и во парфемерија да ги најдеш како три посебни за 50 ден. ,шо вели една другарка шо му палќаш . И така,а за лакчето кај мене досга немашеконтра ефект веќе 5 и повеќе месеци го имам и го користев цело време како base coat,на сите маникири кои си ги правев
Епа да се пофалам дека ноктите повеќе не ми се меки, ми се вратија во нормала од надградбите конечно, требало време да помине за да се оправат, во меѓувреме ги премачкував и со лимон и м.масло и мислам дека и ова многу помогна од сега натаму надградби никогаш повеќе
Природен зацврснувач на ноктите е биотинот,тоа е витамин што го создаваат бактериите во нашето дебело црево. Ама се зема и од храната. Го има во кикиритки,грејпфрут,грозје,банани,ореви,јагоди,сирење,црн дроб,компир и во риби со омега 3 масни киселини како што се лосос,туна,харинга. Помага и против белеење прерано и против опаѓање на косата. Препорачана дневна доза е 300 мг.,до 350 за трудници. Гледам блогеркиве многу го употребуваат и како суплемент,за да и помогнат на косата,кожата,ноктите. Ама најубаво е консултација со фармацевт пред тоа.
Имам меки нокти, кои дури не се ни кршат од што се меки, но и се листаат... Го купив зацврстувачот од Aura (Bioaktivni tretman za meke i lomljive nokte), ми остана уште малку и ефект нема. Само што ноктите ми растат побрзо, сеуште се меки и се листаат. Сега ќе го земам тој од Eveline, па ќе видиме дали од него ќе има некаков ефект.
Земи го на флормар calcium gel, сум читала позитивни коментари, и плус нема формалдехид, овој другиот има, не е добро за здравјето
Па ајде и тој да го пробам. А каде го има, ДМ? И која цена е ако знаеш. Бидејќи во Космо само овој од Аура го има. Инаку благодарам.
Слушнав нешто, не знам колку е точно. Ноктите да ги држиш во ладна вода, после лакирање. Неколку минути во ладна вода да ти бидат, многу се зацврстувале. Немам пробано, не ни верувам дека е точно. Само сакав да споделам со вас, можеби и вие имате слушнато нешто такво?
^^ Ова не е за зацврстување на ноктите туку за сушење на лакот. Кога ќе ти биде лакот повеќе од пола исушен, пикни ги во ладна вода 1 мин и после тоа се суви. Имам пробано, делува, но не на сите лакови...
Eveline го користам веќе некое време и ноктите ми се како никогаш до сега, со месеци ми се немаат скршено, редовно ги мачкам и турпијам. Претходно имав изедени и излупени нокти, долги нокти само можев да сонувам.