мезотерапија е третман за слабеенје.се практикува во светот и е инвазивна...подкозно се убризгува тецност која ги напага масните наслаги и една ампула делува 2-3 недели...го напага целулитот и викаат дека е многу ефикасно...јас пробав и сега ке цекам за резултати...
a be ne se da se onesvestis....ama ima rezultati mene na primer mnogu me cesaat mestata i celulitot pocna da se razgraduva od tvrda preminuva vo kasesta sostojba(na dopir),treba trpenie ke vidime do narednoto bockanje za 2 nedeli...
Хмм чудно е малку се, а и доста не здраво. А каква болка чувствуваш кога те боцкаат и со каква игла се боцка, ако може да го опишеш процесот?
Мезотерапија Што е мезотерапија? Мезотерапија е техника при која се користи мала игла (со димензии 0,4 – 0,6 см) со чија помош се внесуваат медикаменти, витамини, минерали во длабокиот слој на кожата, на места каде што постои одреден проблем (масни перничиња, целулит). Мезотераписката процедура се изведува еднаш неделно. Каде може да се примени мезотерапијата? Најголемата примена на мезотерапијата е за редукција на целулитот и масните наслаги, како и за освежување на лицето и на вратот. Кога се решава проблемот на целулитот, се аплицираат разни липолитици, препарати кои ја забрзуваат циркулацијата, и средства за затегнување на кожата. Резултатите се бргу видливи по првата или втората процедура. За максимален ефект препорачливо е да се комбинира со ултразвучна и радиофреквентна терапија. За отстранување на локални масни наслаги процедурата е слична само што се вбризгува поголема количина на липолитици. Липолиза е посебна метода во склоп на мезотерапијата со која се отстрануваат поголеми количини на масни наслаги. Тоа е еден вид нехируршка липосукција која во комбинација со ултразвук (кавитација) и радиофреквенција дава извонредни резултати. Разложените масти во следните три недели комплетно се елиминираат од организмот. Мезолифт е примена на хијалуронска киселина, витамини, антиоксиданти, колаген и сл. Со цел за подмладување на кожата на лицето, вратот и деколтето. Се изведува еднаш неделно, а кожата станува затегната, мазна, сјајна и добива младешки изглед. Кога се видливи првите резултати? Мезотерапијата спаѓа во т.н. третмани со „инстант“ ефект, односно резултатите се видливи по неколку дена. Во зависност од намената, може да се направат еден или повеќе третмани во интервал од месец дена. Дали се работи за болна метода? При третманот се користат мали игли со што самата постапка е скоро безболна. Чувството наликува на лесен убод од инсект. Единствен несакан ефект по третманот е црвенило и модринки кои за неколку дена се повлекуваат. Колку третмани се доволни за постигнување на добри резултати? За постигнување на задоволителни резултати од мезотерапијата потребни се 6 до 10 третмани. Изборот на препарати, индикациите, контраиндикациите, како и комбинирањето на мезотерапијата со хемиски пилинг, филери и ботокс ги одредува доктор специјалист. Мезотерапијата е сериозна медицинска метода која овозможува без големи хируршки зафати да се решат естетските проблеми на кожата на лицето и на телото.
Лично јас бидеќи имам искуство со сите апарати во козметичките салони не би ти препорачала да одиш. Пред три години јас бев и користев огромен пакет мислам дека бесхе од на 150 третмани и ги користев сите препарати за слабеење почнуваќи од мезо, LPG, инфра-ред, имаше нешто со алги и на другите неможам да се сетам, ама користев се буквално. Збачи не велам дека не ослабев и дека не го изгубив целулитот меѓутоа во козметичките салони ти гарантират дека со користење на третманите ќе намалиш во обем но не и во килограми, за да намалиш во килограми дават многу строги диети кои и дома да ги дрзиш без третмати ќе ослабиш. Пример се сеќавам дека требаше да јадам прв ден едно литро јогурт, втор ден едно литро млеко, трет ден едно кило едноврсно овошје, четврт ден туна во вода... И сега кога ќе размислам што се неправев значи цел ден сум била на едно литро јогурт за потоа да се здебелам дупло .
Слабеење во козметички салони Пребарав по форумов и не најдов ништо слично.....се надевам нема да биде сфатено како реклама, но ми треба совет од вас. Дали сте биле во салон за слабеење и имало ли видливи резултати......Не сакам за џабе да си ги потрошам парите
Слабеење во козметички салони Не сум била во салон за слабеење но мислам дека тоа ти е џабе трошење пари.Ти може ќе стигнеш до посакуваната тежина но за некое време дупло ќе си се вратиш на старите килограми (вакво искуство имаше една моја познаничка)
Слабеење во козметички салони никогаш сум немала проблеми со килограмите па така да не сум ги користела третманите за слабеење во некои од козметичките салони знам дека лани една моја колешка од факс одеше на третмани за слабеење во Силуете, и резултатите беа видливи
Слабеење во козметички салони Сигурно не си ги вратила килограмите?? Затоа што од повеќе луѓе имам слушнато дека си се враќаат по некое време
Слабеење во козметички салони Вакво слабеење мислам дека одговара на луѓе со навистина многу вишок килограми, бидејќи колку повеќе килограми имаш толку повеќе време и напор е потребно да стигнеш до посакуваната тежина и токму затоа многумина се откажуваат. Ама ако после третманите не вежбаш и пазиш на исхрана, фрлени се парите за џабе.А имам една комшика што одеше на третмани и ослабе, си смени начин на исхрана, вежбаше, па еве веќе две години е речиси иста, може минимално здебелена.
Слабеење во козметички салони па да....имам доста килограми и би сакала барем првите 10 да ги симнам што е можно побрзо.....па случајно пред некој ден налетав на едно флаерче со пристојни цени за пакети за слабеење....и сакав да пробам...се заинтересирав за спа капсула....таман сега сум на посебен режим на исхрана и мислам дека ќе има повеќе резултати....ама салонот и не е нешто познат па затоа се мислам сега....инаку се сложувам со тоа дека се враќаат брзо доколку не пазиш....ама јас сега си се убедив дека ќе си внимавам на исхрана
Слабеење во козметички салони Третманите се скапа инвестиција ,се намалува нешто ,но доколку тоа нешто не се одржува залудно ќе бидат поторшени тие пари,најдобра инвестиција ти е да си купиш за тие пари за третманите еден Орбитрек да си имаш дома поефикасно до тоа АМИН! Не само што физичката активност ја подобрува кондицијата ,ги намалува килограмите а и здравствената состојба на организмот а и метаболизамот се забрзува со што се губат лесно килограмите ....Пробано и проверено и ефикасно ,нема да зажалиш
Третмани за слабеење Девојки барав, но не најдов ваква тема доколку има избришете ја оваа. Ме интересира дали некој има одено на некој третман за слабеење и колку имал ефект. Јас имам слушнато за електростимулација, но затоа што е скапо ми е страв да не си ги дадам парите за џабе, инаку иде лето па размислувам на оваа тема. Поздрав