Kако се справувате со сувата кожа на рацете во зима...Kоја крема ја користите?? А како се справувате со негата на раце во лето? Jас сеуште ја немам откриено вистинската ,а имам користено креми од различни колекции... * 48 h *becutan baby *еssence - сите три .... *и др бебешки креми.. пишете од која сте задоволни вие!
Kако се справувате со нега на рацете во зима?? Најдорбо за мене е: или: Првата ја има низ аптеки, Веро, Тинекс, Рамстор, втората сигурно во КАМ маркет, можеби и низ други места.
Нега на раце во зима Бидејки имам сува кожа и во зима рацете ми се слаба точка од ноември до март секоја втора недела правам парафински третман на раце во салон, секоја вечер половина час и држам во козметички ракавици со вазелин богато намиачкани, а преку ден се мачкам моментално со оваа крема од авон
Нега на раце во зима Моментално ја користам оваа Онака фина е и убаво мириса, повеке е хидратантна отколку заштитна, ама ок е, врши работа. Порано си ставав Павловиќева, баш е за во зима, задоволна бев. Едит: Баба ми свинска маст си става има понежни раце од моите
Нега на раце во зима Рацете ми беа постојано испукани, но ја купив оваа крем од Oriflame и многу сум задоволна и плус преубаво мириса и не беше воопшто скапа. Единствената мана е што за мене 75 мл се малку и веднаш ја трошам...
Нега на раце во зима Мојата кожа во зима е многу сува,па затоа еднаш до два пати неделно правам пилинг и секојднвно користам крем Becutan
Нега на раце во зима Ова е Бекутан со Цинк Оксид, дополнително суши, не верувам дека ја користите баш за суви раце, во зма нели најмногу се сушат, извини ако грешам, но ги знам кремиве од внука ми и затоа ме зачуди. Инаку Esense извадија во последно време цела колекција за нега на кожа на лице и раце, мислам дури и за тело имаат, па дури и за стапала. Ја земав кремата за раце и нокти и можам да кажам слободно дека е моето откритие на зимата, 75 денари е и е предобра, мириса на јогурт и портокал и за кратко време ми ги среди рацете, поготово сега зимава и со моите нокти за кои во последно време особено се грижам. Ви ја препорачувам!
Нега на раце во зима ^ Природно кожата на рацете не ми е сува па премногу мрсен крем ми пречи. Овој крем ми е чисто за секојдневна нега, брзо се впива.
Нега на раце во зима Значи дефинитивно Glicemille...Рацете ми беа ептен исушени, претходно пробував и други креми,дури и една крема од аптека што била специјално за сува кожа на рацете и ништо.. .Само 2 пати ставив од Глицемилов и одма се гледа огромно подобрување...Вреди да се проба
Нега на раце во зима кое чудо и да го ставам ништо не помага несмеам да излезам без крема и ракавици, а пак истиот проблем...
Нега на раце во зима Луге ,јас цела зима имав премногу суви раце со постојана употреба на павловичевата маст во комбинација со ад капки и повремена сауна моите раце се многу меки
Нега на раце во зима Задоволна сум од Нивеа, Солеа и кремчиња што ги правев на училиште на база на глицерин што дополнително ги омекнуваат и негуваат рацете
Нега на раце во зима Во зима посветувам повеќе време за нега на рацете. Ставам разни маски за раце,заштитни креми,хидратантни креми,за сува кожа.Значи се и сешто имам пробано.Најчесто ставам крема од Орифлејм една добра е а и убаво мириса.
Немам некоја посебна рутина. Впрочем никогаш ниту сум имала. Некогаш ако ги осетам дека ми се многу суви, а тоа најчесто се случува во зима, им ставам павловичева маст или бекутан, стандард. Така да, не се замарам многу, многу со креми за раце вакви - такви, де хидратантни, де ова, де она, кога немам потреба.
Значи стварно имам голем проблем. Кога со рацете ќе дорам вода после 5 минутри рацете ми стануваат суви и шугави. Ги мачкам со павловичева или "Dove" кремот ама тоа е привремено.
Немам некој голем проблем со сува кожа на рацете. Мајка ми го купува овој, па понекогаш знам да си ставам. Добар е.
Немам многу често проблеми со сува кожа на рацете, но кога ќе приметам дека почнува да ми се суши обично си правам ексфолијација со мешавина од: 1 супена лажица мелено кафе 1 супена лажица сол(ако имам ставам крупна ако не и обичната е доволна) сок од пола лимон 1 кафена лажица маслиново масло ги мешам сите заедно, ја нанесувам смесата на влажни раце, едно 3-4 минути ги масирам рацете и после ја измивам со млака вода. На крајот се мачкам со хидратантна крема. Ексфолијацијата по правило смее да се користи најмногу еднаш неделно, затоа што при самиот процес ние всушност нанесуваме некое микро-оштетување на кожата и на неа и треба ако минимум недела дена за да се регенерира. Што се однесува до кремите секогаш гледам да се лесни и брзо да се впиваат. Многу често наместо крема за раце користам лосион за тело.