НИкогаш порано сум немала проблеми со потењето, но во последно време чувствувам дека потта лошо ми мириса (знам дека не треба да мириса на ванила, но ова не е како што ми било порано), и дека имам потреба дневно почесто да го користам дезодорансот (3-4 пати) Иако многу внимавам на својата исхрана во последно време се запоставив малку на тој план, поради тоа што сум преокупирана со други работи. Знам дека исхрана влијае врз потењето , но колку? И дали пиењето на поголеми количества на вода би ми помогнале? Ве молам кажете ако знаете за некои други причини кои биможеле да го предизвикаат ова,и како би можела да реагирам, зошто сепак не сакам да се најдам во непријатни ситуации Фала однапред
Па обично непријатниот мирис на потта се поврзува со исхраната, но и со бактериите кои го предизвикуваат тој мирис. Самата пот нема никаков мирис, меѓутоа, кога ќе се излачи, под дејство на бактериската флора таа добива некој мирис, тоа пред се од продуктите што ги испуштаат бактериите кои се наоѓаат на нашата кожа. Освен тоа, пред да добиеш менструација може да има промени во мирисот, но тоа зависи од хормоните. Но, ако немаш посебни промени во исхраната, ниту пак си ја запоставила хигиената (за што верувам дека не доаѓа предвид), не би било лошо да направиш еден систематски преглед. Чисто рутински, да си бидеш мирна. Понекогаш самото тело ни дава знаци кои укажуваат на некои промени во организмот и ние често не знаеме да ги прочитаме како што треба.
а да не се депилираше под мишки??? обично на тие што се депилираат може така да му се случи, не викам дека мора, ама има многу потни жлезди кои може да се активираат по депилацијата и да создаваат непријатен мирис, затоа не се препорачува депилирање на тие места. иначе и јас имам еден проблем во врска со потењето. не ми мириса потта ама секогаш ми се познават ,,кругови,, под мишка, и кога ставам дезодоранс и кога не ставам, цело време сум испотена а не ми мирисаат ама пак не ми е пријатно.. незнам што да правам
Нема врска депилацијата, таа прави други проблеми. Жлездите не го создаваат мирисот, туку бактериите, а влакната под мишките само го потенцираат. А тоа со круговите, па не си единствена. Во принцип, потењето не може да се спречи, нема такво средство кое 100% го блокира. А и не е убаво, затоа што преку потта се лачат отрови и токсини кои потните жлезди ги исфрлаат. Чаре ти е само блузи и маички во бои на кои не се познаваат кругови од пот.
не, не се депилирам. А за круговите и јас отсекогаш сум го имала истиот проблем. Имам пробано и од тие No white marks дезод. и пак ништо. И што е најлошо се уништува и гардеробата, трагите не се вадат убаво
Значи колку само има врска тоа со депилација под пазуви, еве на пример јас порано никогаш не сум се депилирала таму ама оваа година почнав и после неколку месеци забележав зголемено потење и големи кругови под пазувите што стварно изгледа непријатно.. е сега потта не ми мириса ама проблемот е што повеќе почнав да се потам а порано сум го немала тој проблем ама незнам ни самата што ми текна да почнам да се депилирам си викав ај ке си бидам раат барем една недела вака треба секој 2 ден да се замараш со тоа... а сега ете ги последиците сигурно со корнењето на влакната се активирала некоја жлезда со што доаѓа до зголемено потење
а за непријатната миризба yummy ке си отидеш во аптека и ке и побараш на аптекарката раствор уротропин за под пазуви само незнам колку процентен раствор беше ке ја прашаш нејзе ке ти каже овој раствор мислам дека ке ти помогне и нема да го имаш тој непријатен мирис под пазувите... позз
Жлездите се активни и без депилацијата. Само што ти веројатно со депилацијата можеби си ја повлекла поблизу до површината и затоа ти се чини дека повеќе се потиш од порано. Секое влакно има своја фоликула со лојна и потна жлезда кои доаѓаат поблизу до површината со самото кубење на влакната. Меѓутоа не значи дека е секогаш така, зависи веројатно од силата со која се влече влакното. Веројатно ако се влече посилно, се приближува до површината. И тоа можеби се случило кај тебе. А самата жлезда може да биде хиперактивна само кај хиперхидроза, а не верувам дека ти го имаш тоа. А тоа со уротропинот малку ми е сомнително, не би требало да се мачкаш со се и сешто. Ама ти си знаеш најдобро.
Зашто ти е сомнително тоа со уротропинот??? Тоа е раствор за зголемено потење и непријатна миризба што има тука лошо?? Значи има раствор за зголемено потење под пазувите, на стапалата, на дланките... и за секое си има одреден процентен раствор затоа најубаво да си праша она во аптека
А бе да, има гел со уротропин на галафарм, ама тој е за против потење на нозе... под пазуви и не знам колку е добро да се става... ама ти си знаеш најдобро. Ако ти е добро така, терај си
оф девојко тоа не е гел знам за кој гел зборуваш и тој си е за нозе ама има и раствори и посебно за под пазуви сигурно дека нема да земеме ние со тој гел да се мачкаме под пазуви
Да бе, да...се си знаеш ти на овие години (ако ги имаш 17 како што си напишала)... па и тие раствори кога тогаш ќе си го земат својот данок.
Фала девојки. Најдобро јас да се консултирам со матичниот лекар, па ако има потреба од интервенција ќе земам нешто. позз
baram sovet za prekumerno potenje pod pazuvite? здраво...имам еден голем проблем што ме страшно нервира вејке неколку месеци многу се потам под пазувите.....користам стик гел,стик,дезодоранс и што ли уште не но нисто не го спречува потењето....неможам да носам светли бои и многу ме нервира мокро под пазувите уфффф.....ве молам за POMOSSSSSS??????
Некаде читав во таква книга за билки и чаеви, дека против прекумерно потење треба навечер пред легнување да се пие по една чаша топол чај од камилица и така подолго време континуирано. А пробај и навечер да се мачкаш со ајдучка трева или со павловичева маст и така си легни, а наутро пак ќе си ставаш стик каков шо користиш.
јас имам пробувано со детска пудра ама џабе нема некој ефект мене ме нервираат круговите под пазувите неможеш рака да кренеш од што се познава мокро