На оваа тема ќе постираме нокти на одредена тема. Ќе има неколку правила (по предлог на rossonerka), колку да не стане дупликат на „Вашите нокти“. Правила: - секоја членка може да постира само еден маникир за една тема, а притоа може да користи повеќе слики од истиот -Не смее да се поставуваат слики од интернет - темата ќе се менува на секои 7 дена - откако ќе поминат тие 7 дена, оној што ја поставува темата ќе го избере најдобриот маникир за претходната недела - членката чиј маникир е избран како најдобар ја поставува темата за следната недела и го бира следниот победник - победникот има рок од 1 ден да избере тема и да ја напише, во спротивно ќе напишам јас (или некој друг) - техниката на декорација на ноктите може да биде било каква (со слободна рака, печат и сл.), битно е да биде во рамките на темата - членката што ќе ја даде темата смее да постира, но не смее да се избере за победник - пожелно е темите да бидат едноставни и може да се појаснат со неколку зборови ако е потребно - ако никој не постира во текот на една недела (или постира само една членка), не се бира победник и темата се менува - и за крај, ако ви се допаѓа нечиј маникир, едноставно стиснете на „ми се допаѓа“ копчето, за да биде попрегледна темата Мислам дека правилата се едноставни. Сите се добредојдени да учествуваат. Да почнеме со нешто едноставно. Првата тема е ЗИМА и трае до следната среда (18.01). Да видиме што ве инспирира најмногу кога станува збор за зимата Патем не бев сигурна како да ја наречам темава, ваљда е добар насловот
Ајде јас да го скршам мразот Еве неколку слики од моите зимски нокти. Се надевам дека ќе ви се допаднат
Иако почнавте,добри ви се правилата на темава,меѓутоа забрането е коментирање и меѓу сликите. Секој коментар ќе се санкционира,па вие како сакате. Гледајте да се придржувате на правилата. Од овој момент,па натака,можете да постирате слики и да гласате за истите. И да не комплицираме со сложени видови на гласање,впрочем не е избор за песна на евросонг,ако има до толку да им значи гласање на форум и тоа за нокти,нека им служи на чест. Секој дупли профил со таа цел,лесно може да се провали и да се добие бан,па вие како сакате.
Втората слика е од кога си ги упропастив, добро е што ми текна да ги сликам пред да продолжам со сунѓерче.
Еве ги моите за оваа недела. Со Lilit се договоривме да останат првичните правила т.е. кој ја пишува темата го бира победникот. Бидејќи нема да бидам тука во среда кога ќе треба да го изберам победникот, а не знам дали ќе имам интернет таму каде што ќе одам, тој што се нафаќа да избере следна тема и победник нека ми напише ЛП. Моите нокти во секој случај нема да се земаат во предвид кога ќе се бира победникот!
Се придружувам и јас на темава со моите нокти со мотиви од топло плетено џемперче. Штета што апаратот не ми е тука, сликани се со телефон.
И после толку снегови и снегулки нацртани на нокти никако да падне снег во Скопје... Користено: бел лак, сунгерче, тенка четка од цртач и светки.
Мммм. Баш ми се допаѓа идејава. Јас малце каснам, пошо тек денес ја видов темава. Ама од сеа редовна ќе си бидам.
Ми се допадна што имаше доста заинтересирани. После долго размислување одлучив дека победникот за оваа недела е Mayyya. Иако сликата не е баш најјасна, сепак се истакна со тоа што беше поинаква од другите. Честитки Mayyya, ти треба да ја избереш следната тема и следниот победник.
Благодарам Ducky за изборот. Еве за оваа недела одбрав темата да биде ТОЧКИ. Начинот е едноставен, а има доста простор за креативност. И бидејќи веќе е недела предлагам поставувањето на слики од вашите нокти да трае до недела (29.01.2012) и тогаш да се избере победникот. Спојлер Недела да биде ден за прогласување на победникот и задавање нова тема.