и орифлејм и авон имаат добри производи јас порачува и од 2те компании ама тој сјајот од орифлејм никако да до начекам на попуст со вкус на карамела што е
најчесто нарачувам од Avon, оние мелкана за тело, ама Oriflame сум ги отпишала засекогаш! (ок, само 1 парфем што си нарачувам тоа е се ) Пред 1 година купив тоник за лице, и ме уништи, иначе никогаш сум немала проблеми со акни, флеки и такви работи. Тоникот го зедов само за чистење на кожа. И кога ставив прв пат, пред спиење, беше супер, ама сабајлето-КОШМАР!Цело лице ми беше со гнојни пликови, катастрофа. 2 месеци се мафтав по болници со трапии, со мачкање и 300 маки... од тогаш еве уште имам флеки по лице! Така да, God Bless NIVEA, едно сапунче и супер е
od oriflame naracuvam karmini ili sjajevi za usta a moze i cat-pat nekoj parfem a ostanata kozmetika ne mi e bas ok a od avon pak losionite jogurtite a telo se nezamenlivi
Авон!! Имаат подобри производи, за разлика од Орифлеим на кои поризводите им се катастрофа. Користев парфеми од Орифлеим и испаруваа после 5 мин. Од Авон траеа по цела недела.
Повеќе ми се допаѓаат производите на Avon. Од Avon нарачувам спрејови за тело и гелови за туширање, а од Oriflame нарачувам камена пудра.
Можам да кажам дека Авон и Орифлејм имаат добри производи,ги користам млеката,а повеќе спрејовите за тело од Авон,исто така имам користено и од Орифлејм некои прозиводи.Па ги користам затоа што се добри,единствено што не ми се допаѓаше од Авон,тоа беше маскарата,катастрофа им е,кога ке ставев целата се размачкував и изгледав како да ме удрил некој по очи,со црнило од околу очите.Сега само користам спрејови,ретко кога ги користам млеката,а други производи не користам,затоа што пример маскара или моливче за очи купувам од парфимерија,а и од една страна исто што не ми се допаѓа кај Авон или Орифлејм се цените,па и да земеш со попуст пак ке ти дојде некако многу,вака барем за истите пари можеш од друго место да купиш,ем ке ти дојде поефтино,ем многу производи ке си купиш.Тоа со цените само ја плаќаш фирмата,ништо друго.
ги користев производите на орифлеим порано,сега во последните 3 години само авон користам се и сешто од таму пудра маскара сенки, млеко за тело планет спа обавезно миризливи спрејчиња, парфеми, гелови да туширање... се.. цела козметика дури и ташните и накитот им се прекрасни,имам и такви работи од авон
Ок им се и на двете компании производите, ама јас купувам од Орифлејм. Маскари, креми и лосиони за тело, за раце, сенки, гелови за туширање, парфеми.... се и свашта. Имам една другарка што студира во Словенија и има некој процент во претставништвото на Орифлејм таму, па многупати ми праќа прозиводи или ми ги носи по поефтина цена.
Штознам...од парфимерија најдобро Ама за изборорв веќе станува збор, Авон, порано си земав и од орифлејм, ама некако сега штури им се производите. Сега последно си зедов сјајче од Visions колекцијата, па добро е, за сјајчината секогаш се топ. Ама сепак Авон има многу избор на спрејчиња, купки, лосиони и слично, па маскарите, кармините, течните пудри. Па, еве нека биде Авон.
Па АВОН дефинитивно ..... многу се пордобри производите , знам оти се што имам дома од прафеми , ласиони за тео, гелови , пудри , прели , маскари , наките , ташни се ми е од Авон па и оти сум представник секогаш си порачувам по нешто така и поевтинко ми е презадоволна сум, а и со Орифлејм работев едно време ама многу брзо се откажав , не ми се допагаат производите нема што да се понуди а и чине ми се поскапо е , за разлика од Авон има секакви цени па секогаш да можешда се излажеш нешто да си порачаш
мислам дека во Авон има повеќе избор и исто така со добар квалитет, а од Орифлеим некако изборот е помал, а практикувам сјаеви за усни од орифлеим, тие се добри навистина.
Квалитетот на AVON не може да се спореди со Oriflame, користам Авон редовно посебно сум задоволна од шампоните и регенераторите за коса, моливчињата за очи а и чантите. Некако сум зависник од Авон имам пробано скоро све шо е во каталогот и у глобала задоволна сум. Неколку пати пробам и производи на Орифлејм ама или големината нема врска со таа од каталог, или бојата не одговара, или производот го немаат
Avon, дефинитивно. Ги користам нивните креми, лосиони и спрееви за тело, а декоративна козметика веќе не купувам преку каталог, затоа што бојата не ми е иста на сликата со она што го добивам. Од Oriflame порано нарачував повеќе, од нив ми се бендисуваше зимскиот крем за лице од брусница, ама за жал веќе не го прават. Инаку, имав и колекција за лице од грозје и можам да кажам дека сум задоволна, особено од ноќниот крем. Меѓутоа, сега ми е при крај, и овојпат нарачав колекција за лице од Авон, затоа што мислам дека повеќе ќе ми одговараат.
sto znam , Avon mi se nekako pokvalitetni ama pa i poskapicki, a vo Oriflejm si kupuvam so popust i mi doaga nekogas nesto dzabe
Што знам, од двете фирми има по нешто што ми се допаѓа. На пр. Од ORIFLAME има една колекција за нега на тело што не би ја менувала за ништо на свет..silk satin radience. Исто така го сакам парфемите од oriflame посебно precious i divine. А од Авон litlle black dress, Козметика за лице не купувам од каталози зашто имам добиено алергија од крем за лице од Авон, крем за лице само DOVE проверен )))))))))))))