ТЕМА: Отстранување на бенки од тело

Мислење 06 Сеп 2011, 00:23

Бенка не е исто што и брадавица, луѓе!
Брадавиците се кожни, не се опасни, но скраја да е, бенките може живот да чинат! Бенки се оние црни израстоци и при најмала промена мора да се оди на консултација со дерматолог. Баба ми имаше бенка на рамото, не беше некоја голема, но таа си имаше лоша навика- си ја чепкаше додека не почнеше да и крвави, па да и текне што прави. Не морам да раскажувам низ што се помина жената, доволно ќе биде да кажам дека поради тоа таа веќе не е жива.

А брадавиците, како што реков, ништо опасно. Имав на десната града, од раѓање, бело брадавиче, кое растеше како што растев јас, но сепак беше малечко. Кога влегов во пубертет и кога почнаа градите да ми растат, се стврдна, си поцрна и си падна само :) Без болки, без ништо, едноставно кога го соблекував беби-долот кој го носев си ја најдов падната :D

Има и едни, ги викаат ‘младалашки брадавици‘, мене ми се појавија во седмо одделение на левиот очен капак, не беа испакнати, но беа боја поинаква од кожата на тоа место (некако накај жолтеникави). Дерматологот ми кажа да не им правам ништо, сами ќе си поминат, а една жена, пријателка на мајка ми, ми рече да ги мачкам со првата плунка од сабајле, бидејќи таа ги содржела потребните киселини кои ги ‘гореле‘ тие брадавици. 2-3 пати го сторив тоа. Во втора средно целосно ми исчезнаа. Можат да се јават на било кое место на телото.

А и сега имам една испакната брадавица на горниот дел од десното стапало, не ми пречи. Ми се јави пред 2 години. Не е опасна, како кожно израсточе е. Се намачкав со 80% салицилна киселина и малку ја подизгоре, сега е тврда, но треба да ја мачкам повеќе пати за да си падне.

Значи, пак ќе речам, од бенка до брадавица има голема, многу голема разлика.
Аватар на корисникот
EnnieFabulous

Зелено цветче
 
359186
Мислења: 718
Зачленет: 10 Јан 2010, 23:19
Beauty is how you feel inside, and it reflects in your eyes.
It is not something physical.


If you haven't cried, your eyes can't be beautiful.

Sophia Loren

Мислење 17 Окт 2011, 18:04

јас го имам истиот проблем .. Имам бенка веднаш под устата. ми беше мала, но со текот на времето порасна а пред една недела имав мозолче до бенката и така како мозолчето ми се ширеше бенката ми пукна. И кажав на мајка ми и таа ми кажа само со лосион да го исчистам и сега немам проблеми. а многу сакам да го тргнам .. одамна ми е планирано вадење на таа бенка :)
ms.ivana

Фем почетничка
 
05
Мислења: 8
Зачленет: 17 Окт 2011, 17:33

Мислење 12 Јан 2012, 20:07

Според мене бенките се најсексипилната работа :) Не знам зошто но многу ме привлекуваат луѓето со бенки :) Не се глупирајте убави сте со бенките :)
Аватар на корисникот
O.Mally

Фем почетничка
 
109
Мислења: 35
Зачленет: 24 Сеп 2011, 12:50
Локација: In the heart of the snow
Ако сакаш да дознаеш какво е чувството да си ѕвезда, седни на врвот од новогодишната елка.

Мислење 18 Апр 2012, 14:04

Уф, јас се спремам за еден таков зафат, хируршки секако, ќе ми треба голема храброст бидејќи се плашам ужасно. Инаку сестра ми извади една од лицето и воопшто не и се познава, деновиве одам и јас па ќе ви пишам како поминав ;)
Аватар на корисникот
AngelOfArh

Жолто цветче
 
47181220
Мислења: 2321
Зачленет: 26 Сеп 2011, 13:02
Локација: Скопје

Мислење 18 Апр 2012, 14:09

jas imam na liceto dve bemki ama mali ..sakam da gi nemam. dali mozhe so nekoja krema da se otstranat?
Аватар на корисникот
Addrianna

Бело цветче
 
1123
Мислења: 99
Зачленет: 22 Фев 2012, 11:46

Мислење 19 Апр 2012, 08:27

Addrianna напиша:jas imam na liceto dve bemki ama mali ..sakam da gi nemam. dali mozhe so nekoja krema da se otstranat?

Не верувам дека постои крема против бемки, или за отстранување, колку и да се мали тие имаат длабок корен не можеш ни да замислиш колку. Доколку не ти сметаат остави ги, или најдобро посети дерматолог кој ќе ти каже што да правиш, јас не ти советувам да ги тргнеш ако се мали, мојот случај е страшен, среќа што не е на лицето туку на клучната коска, но сепак ми смета и имам ризик да ја повредам сама, подобро да ја извадам.
Аватар на корисникот
AngelOfArh

Жолто цветче
 
47181220
Мислења: 2321
Зачленет: 26 Сеп 2011, 13:02
Локација: Скопје

Мислење 05 Јун 2012, 21:55

Морам да ви напишам како помина мојата интервенција за вадење на бемките, ветив некому ми се чини. Ја извадив едната бемка која што ми беше на рамото и поприлично беше големка, имам рез од 3 см, но како поминува времето ми ги извадија и конците и се помалку се познава. Не е воопшто страшно, сите кои се двоумат а имаат реални причини нека се охрабрат од мојов пример, целата интервенција праеше само 15 минути, најболно беше ставањето на анестезијата, отприлика како убод од комарец, ама буквално, никогаш не сум ги сакала овие споредби, но е те имало вистина. Навистина, не беше воопшто страшно, беше лесно и безболно, па јас повеќе мака си видов од мојот страв да не и направам нешто на раната отколку од самата фактичка ситуација. Докторката беше срце, внимателно ми ја среди раната и се надевам на минимален белег, за секоја сигурност ќе набавам Контратубекс за лузни и готовоооо... Ај аирлија помина и ова, сега ми остана уште една бемка за која некако и страв ме фаќа, на незгодно место е, ептен незгодно, ама ќе се окуражам и правец на Хирургија :D
Аватар на корисникот
AngelOfArh

Жолто цветче
 
47181220
Мислења: 2321
Зачленет: 26 Сеп 2011, 13:02
Локација: Скопје

Мислење 05 Јун 2012, 22:04

Nikakvi hirurski intervencii. Ima eden lekar samo gi macka so nesto i gi snemuva se susat. Ako sakate ke vi dadam broj
Аватар на корисникот
didisi

Сино цветче
 
4341
Мислења: 393
Зачленет: 22 Сеп 2010, 19:07
Love ...

Мислење 05 Јун 2012, 22:25

didisi напиша:Nikakvi hirurski intervencii. Ima eden lekar samo gi macka so nesto i gi snemuva se susat. Ako sakate ke vi dadam broj

Мене тоа ми беше сомнително и пред се нереално, не може нешто што претставува некаков вид на тумор, кој постои можност да се развие во малиген да се отстрани со премачкување. Секој со својот проблем, но сметам дека далеку посериозно од што мислиме, треба малку поозбилно да ги сфатиме, на крајот на краиштата кожата е нашиот најизложен орган на телото, ако не го негуваме и ако не се грижиме соодветно за него ќе ни наплати неколкуструко. Многу се двоумев читајќи најразлични ставови и искуства, но сфатив само едно, дека поголем е ризикот ако ја оставам и подоцна несакајќи ја повредам отколку ако ја извадам како што беше и ете ме сега, чекам резултати од патологија што ќе кажат, дали да идам на детални испитувања. И на крајот на краиштата не е важно само да излезе површински, бемките, односно невусите, имаат корени понекогаш и дваипол пати подлабок од надворешниот дел, што со тоа, зарем ако падне ќе ви остане дупче, нејќете да знаете моето колкав корен имаше, дупло поголем од што самиот беше, не ми е сфатливо, но кој како сака ;)
Аватар на корисникот
AngelOfArh

Жолто цветче
 
47181220
Мислења: 2321
Зачленет: 26 Сеп 2011, 13:02
Локација: Скопје

Мислење 05 Јун 2012, 23:54

AngelOfArh напиша:
didisi напиша:Nikakvi hirurski intervencii. Ima eden lekar samo gi macka so nesto i gi snemuva se susat. Ako sakate ke vi dadam broj

Мене тоа ми беше сомнително и пред се нереално, не може нешто што претставува некаков вид на тумор, кој постои можност да се развие во малиген да се отстрани со премачкување. Секој со својот проблем, но сметам дека далеку посериозно од што мислиме, треба малку поозбилно да ги сфатиме, на крајот на краиштата кожата е нашиот најизложен орган на телото, ако не го негуваме и ако не се грижиме соодветно за него ќе ни наплати неколкуструко. Многу се двоумев читајќи најразлични ставови и искуства, но сфатив само едно, дека поголем е ризикот ако ја оставам и подоцна несакајќи ја повредам отколку ако ја извадам како што беше и ете ме сега, чекам резултати од патологија што ќе кажат, дали да идам на детални испитувања. И на крајот на краиштата не е важно само да излезе површински, бемките, односно невусите, имаат корени понекогаш и дваипол пати подлабок од надворешниот дел, што со тоа, зарем ако падне ќе ви остане дупче, нејќете да знаете моето колкав корен имаше, дупло поголем од што самиот беше, не ми е сфатливо, но кој како сака ;)

Се согласувам со дидиси. Многу ама многу по опасно е хирушка интервенција .
Тој доктор само ја нарежнува бенката и и' става една капка од некоја течност. Имаше напад врз него. Сакаа да му го земат занаетот :) но џабе. Му беа украле се, ама ништо не било запраено бидејќи тој на лице место си го правел рецептот. :)
Од сигурни извори знам дека после тоа многу чеша бенката, но ако издржиш ќе отпадне самата без никакви компликации.
Аватар на корисникот
meandyou

Сино цветче
 
173132
Мислења: 350
Зачленет: 20 Ное 2010, 17:31

Врати се на Тело

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 17 гости