1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отстранување на бемки од тело

Дискусија во 'Тело' започната од blue.rose, 23 април 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Значи не ве разбирам, страв ви е да одите на хирургија и без ризик да си поминете, да знаете дека некој кој завршил школо, кој ја направил таа интервенција најмалку 100-тици пати претходно, ќе ви ја извади бемката, а не ви е страв сами дома да изигравате лекари или да дозволите некој со хемиски препарати, пред се неиспитани и недозволени за општа употреба во медицината, да ве мачка и така да се ослободите од овие сепак озбилни промени на кожата. Да бидеме реални, бемките се еден вид на тумори, бенигни или малигни тие можат да бидат озблни по вашето здравје, да ги иритирате, да ги направите опасни. Се изнаслушав на приказни како некој ја иритирал бемката, ја отстранил и после некое време завршил трагично, епа има едно големо како претходно, да, да, во сите тие случаи бемките претходно биле иритирани, значи додека се е во ред, додека нема проблеми доколку сте намислиле да ги извадите, извадете ги, а не подоцна да се случи глупост и да се мислиме што не снашло. Ете тоа сакав да кажам, секој со својот памет, но сметам дека не е паметно да ризикувате. :!:
     
  2. smile1234

    smile1234 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    kolku e opasno da se otstrni benka? na koja vozrast mozi da se otstrani benka? :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Возраста не игра улога, додека јас ја вадев бемката сестрата рече дека планира да го донесе двегодишниот внук да му ја извадат бемката за детето да не има маки понатака. Опасноста е иста колку и да не се отстрани истата, значи можеш и да ја оставиш и по некое време да ја иритираш па да излезат опасностите на виделина, а можеш и да ја извадиш и повеќе да немаш мака, едноставно да заборавиш дека си ја имала. Како и да видиш опасноста е релативна работа ;)
     
  4. ana255

    ana255 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    дали имате отстранувано бенки во Битола и ако знете пишете )))
     
  5. smile1234

    smile1234 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    mene denes sama mi padna so da pram pomos :(
     
  6. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Јас имам една одма под градата и тоа е малку испапчена, и две на грбот, како очи ми се и тоа баш на местото каде што се закопчува прслукот, исто така испапчени. Многу ми е страв, имам од мала трауми, кога сме седеле во друштво и некои поголеми кажувале што се може да се случи ако ја одкорнеш. -.-

    И конечно ми дозволи мајка ми да ѓи вадам ама некој совет ако може за побезбедно и посигурно, каде да одам? Таа инсистира кај некој луѓе кои вадат бенки бидејќи таму биле и тетка ми и баба ми и сега се е во ред, ама незнам, мене не ми е тоа толку сигурно решение. Ве молам помош. :(
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Како бе ти падна? Девојче касно видов не си играј мајтап, тоа е многу опасно, бемките имаат корени и 2,5 пати поголеми од нив самите, мораш веднаш на лекар, не се залажувај со течности и креми, веднаш иди на кожен лекар и види што ќе ти кажат.
    Прочитај во претходните мислења, имам одговорено каде јас вадев бемки хируршки, не се осмелив да го направам тоа на неиспитано. Ајде ќе повторам пак, јас вадев во Хируршки центар кај докторка Стевковска, Мери мислам беше. Земи си упат од матичен лекар и правец во Хируршки центар карши Зелен пазар, порано Градска болница, не се секирај воопшто не боли.
     
  8. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    А некој друг начин, да не е хируршки? Премногу ми е страв, и несакам сечење. :(
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Другите начини не ги преферирам и не ти ги ни препорачувам, ете некои девојки пишувале ама јас не би ризикувала, сепак се работи за особено ризични работи, бемките се сепак тумори и можат да направат проблем. Доколку сакаш прашај си ги другите кои одговориле, јас не би дозволила некој со непроверени препарати да ме мачка и да чекам да се случи чудо, ни под разно. :!:
     
  10. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    А горење или така нешто? Спомнав веќе дека тетка ми и баба ми така ваделе и се е во ред сега со нив ама ми требаат уште некои мислења.

    Иначе само им ѓи допирал со игли и одма сами им паѓале. :worried:
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Па ете нека ти кажат баба ти и тетка ти, не знам јас не препорачувам баш како што и кажав и на феминката на која и паднала бемката, тие имаат големи корени кои ако останат можат да направат проблеми од невиден размер, јас да сум чула за горење, но на брадавици и тврди мртви меса, а на бемки не сум чула и не ни сакам да помислам. Хируршки е многуууу поедноставно, единствено осеќаш дека те боцкаат за анестезија, буквално како комарец да те каса, ништо повеќе, за мене е побезболно ова отколку некој да ми ги гори и чепка бемките, нема теоретски шанси да дозволам нешто такво. Нека кажат ете искусните, јас не се согласувам :!:
     
  12. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    А колку одприлика чини хируршко вадење на бенки? .. тебе колку те фати?
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Ах мрзливи девојкииии.... Имам напишано погоре, сеедно, ме чинеше 150 денари вадењето плус 250 за патологија, ти го испраќаат она што го извадиле на патологија да видат што состав е, јас сеуште чекам резултати, прилично се бавни :fubar: , па деновиве ми се малку во исчекување и искрено сум малкуцка уплашена бидејќи на сестра ми резултатите не каснеа волку, секако знаејќи колкаво бемкиште беше моето и не е толку страшно, веројатно им треба три пати повеќе да го изработат од оној на сестра ми :lol:
     
  14. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Не не. Не ме мрзи само незнаев дека пишува, баш ги читав почетните страни и не би ми било проблем и другите ама незнаев дека пишува. Фала многу во секој случај, ке гледам да зборам со мајка ми, па ке видам што ке биде. :)

    тоа е ина 100% безбедно така? :lol: :$
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на мајка ти би и било многу побитно да бидеш во рацете на некој доктор отколку на некој квази доктор, верувај ми јас така би постапила.
     
  16. ana255

    ana255 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ве молам да ми кажите ако знајте дали некој има отстранувано беки во болницата во битола ве молам пишете ако знајте многу ми е важно вашето мислење ако имате доволно информации позз
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    Јас ќе одам утре на контрола кај Стевковска, ќе ја прашам за во Битола и ќе ја прашам дали може се да се заврши во еден ден во Скопје па ќе ти пишам ;)
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Девојки а дали може да се отстрани бемка што е неиспакната т.е. рамна со кожата?
     
  19. ennaa

    ennaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    6
    Да ве прашам јас бев кај доктор Анчевски и ми кажа дека не е страшно можам да ја вадам кога сакам,ама јас некако сакам уште од некој мислење страв ми е да не не ми кажува точно,мојата е испапчена големка на грбот во средина и малце како да се откачи горе не се ни приметува,ај ве молам за совет?!?фала однапред :)
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.413
    Пол:
    Женски
    А зошто одите на приватни лекари кои најдобро од се знаат да стискаат црнки на пареа...Мислам секоја чест на исклучоците, но сметам дека во клиника каде најголемо внимание се обрнува на целулитот и брчките нема место за вашите реални здраствени проблеми. Од искуство сум слушала дека Анчевски не е добар, дргарка ја остаре на 25, ја натера да се избедира и да почне да мисли на пластични операции и затегање на кожата, алоооо, на 25, а јадна отиде за цисти на лицето, оние досадни внатрешни акни кои никако да зараснат. Јас и покрај тоа што бев во државна установа сеуште не се осеќам сигурно, додуша сеуште не дошле резултатите од патологија а поминаа 4 месеци, но што е тука е, се тешам дека лошите вести брзо се шират :) Искрено ако бемката ти прави проблем вади ја веднаш, немој да чекаш да се искомплицира, во принцип сите лекари кажуваат едно та исто, вади ги, нема потреба да стојат кога немаат никаква функција, само на против од иритација претставуваат проблем за телото и организмот, досега најголемиот дел од несреќно завршени случаеви се оние кои ги извадиле после иритација на бемките. Ете советувај се со уште некој доктор кога веќе не можеш да му веруваш на Анчевски, обиди се со државните лекари, немој да даваш грдни пари за нешто што кошта реално малку, не знам колку ти зел дотичниот доктор, но микроскопски преглед на бемка кошта некаде отприлика 350 денари со картонче, ако не и помалку со намалувањето на здравствените услуги во последно време. Ние и да те убедуваме нема да не послушаш кога веќе не си го послушала докторот и не му веруваш нему, побарај и второ мислење за да имаш мирна глава. Единствено од искуство ќе те советувам да почекаш да помине жешкото па да ја вадиш, во лето со рани и операции не е баш забавно ;)