Летово сакам да си ставам полутрајна тетоважа, знаете оние кои траат 2-3 месеца, но незнам каде можам да ја ставам. Знаете некој таков во Скопјево, и отприлика колку кошта? Фалаа
Полутрајна тетоважа Не постои таква колку што знам. Има 3 вида тетоважи. -Кна трае 1 недела и се вади одма. Оние што ги цртаат на летувалишта, може секој да ти нацрта. -Тетоважа од бои кои со тек на време избледуваат, постапката на правење е иста како класична тетоважа, избледува после 1 година, може да стои како бледа на телото од 3 до 5 години. Овие бои се скапи и оваа тетоважа е дупло поскапа од класичната, значи цената се множи со два. -И класична тетоважа за цел живот.
Баш вчера зборев со едно девојче кое праве тетоважи и ми рече дека можеле да траат 1 недела, 2-3 месеци или да биде трајна. Девојчето е од Струмица,тука работи. За Скопје не сум запознаена незнам да ти кажам.
Јас лани летото ставав привремена. Ми стоеше месец дена. Мене еден од оние црнците на плажа што поминуваат ми ја правеше. Беше кинески симбол за среќа.
јас два пати имам ставено привремена тетоважа(минатото и предминатото лето) и и двете ми траеа околу 2 недели
Мој совет ти е да не ставаш , јас имав и наместо ветените 2 месеци ,добив недела ипол. После тоа почна да бледее и изгледав како крастава . На 40 степени ми беше срам да се соблечам од грозотија !
Пред некоја година имав привремена тетоважа на раката. Требаше да трае најмалку две недели, а ми траеше само една.
Распрашај се има многу дечки што прават тетоважи со к`на таа е посебна на тело што се нанесува мене типот што ми ја правеше отиде во странство иначе ќе ти писев бројче
и јас имав тетоважа со кна но ми траеше само 1 недела а 2 недела беше како избледена слика и толку ми се избриша
Јас сакав ова лето да си ставам имаше застанати на плажа и си зедов пари с и отидов и си одбрав и тетоважа,и човекот ми рече дека правел со хидроген демек дека маолетна дали имам дозбола од родите и одам ги прашувам моите и не ми дозволија и ништо,ај за 4 години ќе почекам
ако не го миеш местото каде што ти е тетоважата можеби ке ти трае до 1 месец ама можеби а вака недела дена ке си се радуваш само
Еднаш имав привремена, траеше повеќе од месец, во странство ја направив и тука по сто пати прашувам кај се прави, никој не знае.
Спојлер GULETATTOO артист: Боби Гулевски - Гуле адреса: Петар Поп Арсов 19 - 1000 Скопје - Македонија +389 71 935 777 +389 75 533 322 А да прашаш таму :/
Кај мене во градот е популарно да имаш привремена тетоважа.Ги прават со к'на и им стојат доста време. Јас никогаш не сум сакала тетоважи ни привремени ни трајни.